Помош - сакам да градам!

Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.468
Поени од реакции
8.190
Здраво на сите. Сакам да прашам, дали знае некој колку чини поставување на пластифициран лим на кров? Ме интересира цена за м2, вкупно, со материјал, работна рака и изолација
I mene me intetesira a i kolku e kvaliteten ili podobro recheno stabilen dokolku ima nevreme.
Da ne mi letni od kujcha cel krov kako shto sum gledal po TV.
 
Член од
7 февруари 2025
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво. Купив плац, сакам да градам куќа, ме интересира дали некој знае колку се комуналите по м2?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.190
Знае некој на село во градежна зона каде што нема ДУП, како иде постапка за дозвола за градба?
Монтажни објекти исто се сметаат како градба?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.197
Поени од реакции
5.409
Знае некој на село во градежна зона каде што нема ДУП, како иде постапка за дозвола за градба?
Монтажни објекти исто се сметаат како градба?
За селата, обично постојат т.н. „општи акти„, без премногу предуслови за градење, како што постојат кај ДУП-овите. Одобрението за градење е како и за било кое друго градење, со сета потребна документација.

Монтажните објекти обично се третираат како времени објекти, кои се поставуваат на одредена локација, на одредено време за користење, со точна намена и не се сметаат за трајни градби.
 
Последно уредено:

Има некад да се прочита повеќе за ова? Да имам јасна претстава што е што кога ќе идам во општина.
Кога пребарувам свашта добивам за резултати (a можеби и не пребарувам со прави keywords).
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
311
Поени од реакции
270
Знае некој на село во градежна зона каде што нема ДУП, како иде постапка за дозвола за градба?
Монтажни објекти исто се сметаат како градба?

Голема забуна се внесе кај нас околу тоа што е монтажен објект и какви се условите за градење/поставување на истиот. Според мене треба да се разграничат овие две категории со што многу дилеми ќе исчезнат. Категорија 1: Монтажен објект/градба ( куќа од монтажни бетонски, гипс, дрвени или други панели, за која се ѕида и цокле, од типот Кен Панел, ХотиХот и слично) за оваа категорија градби важат сите предуслови за градба како за тврда градба, единствената разлика е во типот на изработка на самиот објект - друго ништо, значи сите дозволи, проекти и останато треба како и за стандарден објект)
Категорија 2: Мобилен монтажен објект/градба (готова просторија, куќа, контејнер или друга форма опремена за живеење или помошни дејности, која не се приклучува на инфраструктура, и која не побарува адаптација на терен т.е. темели и постојана регистрација) За овој тип објекти не треба градежна дозвола, секако бидејќи ништо не се гради, туку само пријава во општината за локацијата, пожелно со скица и фотографии (поставен на тркала или носечки блокови на ќошињата). Негативностите со овој тип објекти се што се објекти од времен карактер, не се впишуваат во катастар, па не може да се донесат инфраструктурни приклучоци, и објектот ќе треба да биде целсно независен ( бунар + панели )
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.197
Поени од реакции
5.409
Има некад да се прочита повеќе за ова? Да имам јасна претстава што е што кога ќе идам во општина.
Кога пребарувам свашта добивам за резултати (a можеби и не пребарувам со прави keywords).
Одредени предуслови се наведени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење.

Проблемот е прост-тие одлуки се предмет на општинарско „толкување„-како и‘ одговара на општината, така толкува за нечија потреба за градење објект.

Во секој случај, првиот чекот во намерата за градење е обраќање до општината со барање за извод од некоја важечка планска документација, за конкретна градежна парцела, за која планот/планерот предвидел одредени услови за градење и приклучивање на инсталациони водови, со излез на сообраќајница.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom