F
FilipMacedon
Гостин
Камо цитат од Мијакот Ѓорѓија ПулевскиОк :smir:
"Мијаците се онаа племенска група во македонскиот словенски род кои себе си се сметаат за потомци на најстарите жители на Балканот,на Пелазгите и Мионите(Минејците) и за легитимни претставници на Античките Македонци,на Филип и Александар Македонски. Модифицираното име Мијаци(од Минејци) се јавува уште во времето на Комитополутите,на третата македонска династија,на цар Самоил,од чија средина изникнал охридскиот патријарх Јован Дебарски,кој на Охридската црква и дал нова смисла,димензија и значење,обновувајќи го тенденциозното потиснато име Јустинијана Прва Охридска.Тоа е посебна етногена група меѓу Македоските Словени која се одликува со силно изразена стара словенска(старомакедонска)основа. Ниедно друго население од централниот тип немало и нема поголема стремеж за самостојност и независност одошто Мијаците.Тие се гордеат со своето име и со своите благородни генетски особености.Во нивната стара словенска
(македонска) основа имаат нешто свое,својствено и самостојно.По својата природа се кротки,тивки,бистри,остроумни,мудри,интелегентни,стамени,одважни и даровити луѓе,а по својот надворешен изглед се одликуваат со изразита привлечност и убавина,како,впрочем,и целиот словенски род.Во однос на другите еднородни и инородни племенски групи на балканските простори кои ги опкружуваат,се сметаат за повозвишени,поинтелегентни и понапредни во секој поглед."
Понатаму има и нешто за територијата на која живееле - Матија односно територијата на денешна Албанија.Ако ти треба и тоа кажи ке го напишам:smir::helou:
Ај јас ке пишам иаку не сум Мијак
Значи во Славјанско-Маќедонска општа историја тој за Мијаците вели дека биле едно од најлојалните македонски племиња на Аргеадите(Александар,Филип и др кралеви)
Па затоа во времето на Филип Македонски Мијаците ја добиле главната улога во битките ,односно тие ја сочинувале елитната коњицата.А пак за етнонимот Мијаци Пулевски има две претпоставки ,и вели дека тоа е всушност кратенка од името Македонија или пак претставува кованица од Ми+Јак односно ние сме силни во слободен превод.
Исто се претпоставува дека Пулевски за Мијаците напишал и за тоа како го доживеале најголемиот подем заедно со последниот крал Персеј.Односно кога Персеј го започнал последниот поход на Северозапад ,тој Мијаците ги населил по реката Дрим,и областа ја крстиле Ематија(исто така Ематија се викала територијата околу денешно Солунско поле).Персеј исто така ја освоил и територијата околу денешен Полог се до Шар Планина
Но дека ова го напишал Пулевски само се шпекулира,односно овие пишани докази сеуште стојат во некој подрум во Софија