Ме интересира дали некој успеал преку "преговори" со агентите да зголеми бонус/добие попуст на тарифите ако самите агенти тоа не го нудат кога ќе ти се јават за обнова на договорот?
Имено, имаме 4 телефони + интернет од А1, пред 2 години кога го склучувавме договорот добивме многу добра понуда со 40 илјади денари бонус од една агентка, но сега, кога сакаме пак да го обновиме договорот понудата е како за нов корисник и бонусот е 22 илјади. Тогаш додадовме интернет и добивме плус некои 10тина илјади бонус, а сегашниов бонус кој го нудат е само за претплатите, за интернетот нема ништо.
Дали е можеби паметно да се тргнеме од нив, па по неколку месеци да дојдеме како нови корисници и на тој начин можеби ќе го зголемат бонусот? Any ideas?