Исчезнати лица

Член од
14 октомври 2021
Мислења
88
Поени од реакции
176

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.317
Поени од реакции
28.276
На шо се битијава? И зошо вака не смеам да мавам со некој стап? Од коа смееш да браниш убиец на дете?
Од кога секоја будала што има мислење се смета за демократија.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.779
Поени од реакции
6.198
Не е ова CSI: Miami, па на крај на епизодата да дадат видео како е извршено кривичното дело.
Што значи тоа тракеторијата на возилата не била претходно спорна? Едно е во медиуми што се пишува, друго е судска постапка. Мора обвинителството да го презентира движењето на возилата на суд.

Иначе, не знам што очекувате, обвинителството се знае дека стои на ставот дека мотив е користољубие.
Абе какво ЦСИ...
За тие 3-цата морони, уште првата недела беше јасно, докази, признание, криви се и ќе го јадат куроѕ... Што ново докажаа со траекторија?

Кој доказ е за таткото? 1 година имаше време Обвинителството да собира докази и да го оформи обвинението...очекував доказ како листинг/телефонски контакт со обвинети...евентуално сведок што ќе сведочи дека воопшто се познава со било кој од обвинети...
Не се силни докази снимки на двете возила на психопативе и кај домот на Панче и пред зградата на Вања и на местото каде што бил запален автомобилот ? Само за овие снимки од возилата каде што се они, плус признанието би го затворил случајов со доживотна
За 3-цата психопати имаше посилни докази и претходно (признание и носење до локација на телата). Ќе бидат осудени максимално...Денешната траекторија ништо нема да смени...

Друго, како тоа ќе го затвориш случајот? Немаш докажано издржан мотив, немаш докажано директен извршител, немаш доказ за вклученост на таткото....?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.656
Поени од реакции
16.866
На шо се битијава? И зошо вака не смеам да мавам со некој стап? Од коа смееш да браниш убиец на дете?
Кај сандачињата за Хартиени Меилови некој остаил едно купче летоци од Десна, со некоја плавуша..
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.189
Поени од реакции
9.895
Кај сандачињата за Хартиени Меилови некој остаил едно купче летоци од Десна, со некоја плавуша..
Меиловите задржи си ги плавушата прати ја кај мене...
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.727
Поени од реакции
22.874
Ново рочиште за палевци.
Денес Гоце бабушот ќе ги отстрани сите дилеми. Се надевам нема покачена температура..
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.110
Поени од реакции
19.502
Ново рочиште за палевци.
Денес Гоце бабушот ќе ги отстрани сите дилеми. Се надевам нема покачена температура..
Не гледам како Гоце е клучен сведок за целоиов случај, освен можеби за таткото.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
28 март 2006
Мислења
17.850
Поени од реакции
12.380
Не гледам како Гоце е клучен сведок за целоиов случај, освен можеби за таткото.
па по некоја логика (инспекторите се ваљда повеќе дресирани, учеле за тоа) треба да знае од каде се посомневал во 2 одредени возила, како знаел кои снимки да ги следи, од кои камери и во кој ден пошто има поприлично камери и денови, како дошол до тие снимки со оглед на тоа што не секој има пристап до нив.

И на страна овој сведок, што бидна со камерата од спротива, кој ја онеспособил.
Имаат ли нашиве полиграф, психијатри и други стручни лица, днк аналитичари (за возилата, седиштата, калта), аналитичари на муниција и оружје и слични профили.
Што бидна со швајцарските пари, совпаѓање на престојот на осомничениот со екс акционерот од Фершпед итн итн
Има многу нешта кои веќе не се споменуваат или не се изложени во случајов.
 
Добро зато реков единствено да реши некоја дилема околу таткото, ама ај да почекаме.
На крај мислам и ова рочиште по вода ќе оди.
 
Член од
12 април 2021
Мислења
93
Поени од реакции
212
Автоматски споено мислење:

Член од
12 март 2009
Мислења
20.656
Поени од реакции
16.866
Ново рочиште за палевци.
Денес Гоце бабушот ќе ги отстрани сите дилеми. Се надевам нема покачена температура..
А што е со палењето на кафиќ во Кисела Вода??...или тоа е небитна, вообичаена работа, ко Добар Ден :cool:
 
Член од
9 април 2011
Мислења
814
Поени од реакции
1.055
Сведокот Трајковски добил закани пред судењето за Вања и Панче: Ми се заканија да внимавам што зборувам, да не сум паднел во дупка!

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше сведокот Гоце Трајковски. Тој до неодамна беше недостапен бидејќи беше во бегство како осомничен за друго кривично дело.

Пред да почне со сведочење, Трајковски, порача дека пред рочиштето добил закани да внимава што зборува.
-Добив закани од овие психопатите од партијата, да внимавам што зборувам, за да не сум пропаднел во дупка. Само да знаат дека не им се плашам, јас не сум мало девојче или старец, истакна Трајковски.

На прашањето на обвинителката како дознал за изчезнувањето на Вања, тој рече:

-Кога станав од спиење видов на Фејсбук дека исчезнало девојче. И вртев на ќерка ми зошто учи во истото школо. Не ни крена, дигнав узбуна, зошто и ја прашав мајка ми зошто не се јавува. Ни рече биди мирен на час е, ја следам преку телефон. Пороа ми се јави мајка ми и кажа дека исчезнатото девојче е на Сашо кумот, рече сведокот.

Тој појасни дека таткото на Вања, Александар, му бил кум на првата свадба, поради старо кумство.

-Со Александар се немав слушнато 15-20 години. Мајка ми рече да му се јавам, имам луѓе секаде, и да го прашам дали му треба помош. И реков дека ми е глупо дека се немавме слушнато со години. Мајка ми вечерта пак ми рече да му се јавам. Ми го даде бројот и му пишав порака да ме побара доколку му треба помош. Ми врати дека е во полициска станица и кога ќе излезе ќе ме побара, сведочеше Трајковски.

Тој појасни дека истиот ден не се виделе, туку зборувале по телефон.

-Се слушнавме утре дента и ми рече ако можам да земам снимки од Лукоил. После ми се јави дека ги земал сам. Го прашав да не има дечко Вања или да не имало некој проблем, ми рече не. Првиот пат со Александар се видовме пред зградата од каде што беше киднапирана Вања, рече Трајковски.

Сведокот истакна дека Александар му ја покажал патеката каде се движела Вања. Тој одел по истиот пат и барал снимки од околните објекти. Во првиот објект му рекле дека снимките не им работеле, а потоа влегле во фризерница, која гледала кон зградата на девојчето. Идејата пак самите да ги бараат снимките ја добиле, како што рече, зошто полицајците биле собрани и ништо не правеле, изгледале како да играат криенка.

-Газдарицата ни даде на телефон да ги гледаме. Ги враќавме камерите назад за да видиме дали ќе помине пешки Вања. Се чудевме зошто локаторот на телефонот покажува дека се движела тука, а таа не поминува. Затоа проверивме дали на камерите ја има мајката на Вања, да не се снимки од друг ден, но неа ја имаше во 7.40 часот како трча испаничено. Девојката снимките ни ги даде на усб, рече сведокот.

По фризерницата, побарал снимки од кафеана во близина, но му кажале дека камерите не снимаат на улица, а претходно биле полицајци и ги земале снимките.

-Потоа се јавив кај другар во ,,Сејф сити” да провери на камерите, случајно да не заминала кон парк. Ми рече дека ја нема на камерите кон паркот. Ми рече дека цела полиција е вклучена и дека сите се чудат дека нема трага, како со хеликоптер да е земена, рече Трајковски.

Потоа сведокот рече дека бил и во една менувачница за да побара снимки.

Судењето е во тек.

Сведочењето на Трајковски е важно, бидејќи тој доаѓа до клучни снимки од видео камери уште пред тие да стигнат во рацете на полицијата и прави поврзување на двата случаи, исчезнувањето на Панче со Вања, и на двете возила, онаа на исчезнатиот велешанец со ,,реното кангу” на партијата Десна.
 
Член од
2 јануари 2011
Мислења
1.568
Поени од реакции
1.014
-Газдарицата ни даде на телефон да ги гледаме. Ги враќавме камерите назад за да видиме дали ќе помине пешки Вања. Се чудевме зошто локаторот на телефонот покажува дека се движела тука, а таа не поминува. Затоа проверивме дали на камерите ја има мајката на Вања, да не се снимки од друг ден, но неа ја имаше во 7.40 часот како трча испаничено. Девојката снимките ни ги даде на усб, рече сведокот.
Ова е нов момент, ако е точно дека мајката трчала испаничено во 7:40, тоа е само 10 минути откако дознала од наставничката дека Вања не е дојдена во школо.

Sent from my SM-S921B using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom