Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.414
Поени од реакции
4.783
Да де, и Маркс, еден од најпознатите антихристи од поново време, викаше дека „...религијата е опиум за народот...„, така да ако се повикуваш на Маркс, за Бога ќе дознаеш-никогаш.

Туку, ајде подобјасни кој Е Бог и како Он фунционира, кога истово на никого до денешниов ден ем не му е јасно, ем не му е објавено од самиот Бог.
...еден човек кој свесно и одговорно гази по земјата, си го тера својот пат и не прави будалаштини, а не верува во Бога живее во грев, нели?
...а ако веува во Бога и носи крст, па злопоставува малолетни деца и прави илјада будалаштини има можност да бара покајание? И после тоа е истиот добар верник?
...и мојот одговор на твоето прашање: Бог или Богови му(им) е потребен на оние кои не знаат сами да си го најдат правецот и смисолот во сопствениот живот. Производ "to go" за масите, преубав инструмент за оние што копнеат по моќ и пари.
...и немој да ме прашуваш дали верувам во Бога, оти секогаш ќе ти одговорам со ДА

...тажен е животот во црно-бело, а имаме толку убави бои во истиот;)
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.120

Исповедта е нешто најубаво, во комбинација со покајание, го учи човек да ги согледува сопствените гревови и да го направи тој човек да знае за сопствениот живот.
Тие што прават огромни злоупотреби како што си пишал еден пример, тие поарно било да размислат што прават прво, да не го сторат тоа, па после за таа помисла да се покајат.
Многу лошо време дојде, така да, треба да бидете бодри и молете се, бидејќи на крајот се гледа срцето на човекот, џабе човекот е надворешно чист и уреден ако внатре е тврдо срцето и несредено.
 
...сметаш дека срцето неможе да биде топло и средено без Бога?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.321

Редефинирај им прашање: дали срцето може да биде топло и средено без црквата на која се повикуваат постојано како да е од бога дадена и дали само таа е онаа која дава вистинска смисла на човештвото.
Тука е маката кај сите христијани... без разлика на која црква припаѓаат, но православните најмногу „гинат“ околу ова...
Автоматски споено мислење:

Не постои човек кој што може да измери срце на друг човек!
Тоа е виша математика.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.198
Поени од реакции
5.418
...еден човек кој свесно и одговорно гази по земјата, си го тера својот пат и не прави будалаштини, а не верува во Бога живее во грев, нели?
...а ако веува во Бога и носи крст, па злопоставува малолетни деца и прави илјада будалаштини има можност да бара покајание? И после тоа е истиот добар верник?
...и мојот одговор на твоето прашање: Бог или Богови му(им) е потребен на оние кои не знаат сами да си го најдат правецот и смисолот во сопствениот живот. Производ "to go" за масите, преубав инструмент за оние што копнеат по моќ и пари.
...и немој да ме прашуваш дали верувам во Бога, оти секогаш ќе ти одговорам со ДА

...тажен е животот во црно-бело, а имаме толку убави бои во истиот;)
...ами нели ми рече дека појќе нејќиш да прајш муабет со мене...:(
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.120
...сметаш дека срцето неможе да биде топло и средено без Бога?
Човек може да има меко срце и средено, но тоа го остварува само по своја волја. И на крајот, Господ го зема срцето и гледа според срцето и му суди на човекот спрема срцето.
Може тврдо срце да омекне, ама за тоа треба волја од човекот и длабоко во него да се разбудат чувства на покајание, на љубов, на надеж.... и на вера дека ќе биде спасен.
Редефинирај им прашање: дали срцето може да биде топло и средено без црквата на која се повикуваат постојано како да е од бога дадена и дали само таа е онаа која дава вистинска смисла на човештвото.
Тука е маката кај сите христијани... без разлика на која црква припаѓаат, но православните најмногу „гинат“ околу ова...
Автоматски споено мислење:

Не постои човек кој што може да измери срце на друг човек!
Тоа е виша математика.
Срцето може да го измери само Господ, а срцето може да биде средено со тоа што ќе почне да оди спрема Господ Исус Христос и ќе ја согледа вистината и ќе почне човекот самиот според своја волја да го направи да биде средено, но треба внатре да пушти прво светлина да влези и темнуната да исчезне.
Немој да си ми ја мешал Црквата во секој збор, Црквата е Христос и Христос е црквата, не се мешаат некои работи, во црквата се оди заради Христос и со црквата многу работи на човекот му се применуваат, па може и внатре после одењето во црква да се испитува самиот себе и да најде што треба да направи.
Христос ни докажал како треба да се држиме и покрај тоа што сме грешни.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.321
Немој да си ми ја мешал Црквата во секој збор, Црквата е Христос и Христос е црквата, не се мешаат некои работи, во црквата се оди заради Христос и со црквата многу работи на човекот му се применуваат, па може и внатре после одењето во црква да се испитува самиот себе и да најде што треба да направи.
Христос ни докажал како треба да се држиме и покрај тоа што сме грешни.
Јас само кажав дека човек не може да измери срце на друг човек. Во египетските мистерии Маат божицата на правдата ги мери срцата на луѓето... кај тебе ете христос ги мери...
Јас не реков кој, реков кој не може... вие сами си проповедате, сами си ги влечкате светите работи на места каде што не треба и после... проблем... еми то е.

Затоа ја спомнав црквата претходно, да се знае што ве учи религијата, и да нема забуни или намерно лажење. Бидејќи за вас црквата е христос, христос е божество како и да го дефинирате вие христијаните, но од црквата доаѓала догмата не од богот...
Одлучете се на што сте. Од каде што доаѓа и што е што... другар ти по вера, вели дека од богот не доаѓа догма, доаѓало од црквата... и јас истото го реков дека чекај малку, според писанието и во она што ве учи да верувате, црквата е христос... значи од таму доаѓаат работите и догми и гревови и идеи за спасители!

Треба да сте константни во знаењето за нештата во однос на црквата и до каде е чергата и чекорот на црквата, инаку ќе се сопињате...

П.С. Секој човек треба односно мора да се преиспитува себе си како внатрешен свет... и да го преиспитува надворешниот, тука вклучувајќи ги верувањата и учењата... бидејќи без тоа - ништо не вреди.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.414
Поени од реакции
4.783
...ами нели ми рече дека појќе нејќиш да прајш муабет со мене...:(
...не постои лик за кого сум рекол дека не сакам да зборувам, овде сме да пишуваме свои мислења и да научиме по нешто, се разбира ако имаме желба и капацитет за да учиме
 
Едноставно, знакот што го има Хептраграм е Масонски - спротивен на Вистината, а крстот е спасението и Христос ќе дојде со слава каде што ќе сјае како највистинската светлина што осветлува се и ќе го понеси со себе својот чесен и спасоносен крст.
Не можам да те разберам како си против вистината чоек!
Кога ќе појдеш во манастир во Бигорски, ќе се излекуваш, се надвор од христијанството навистина бара лекување, за тоа сами треба да сме свесни и при била каква болест или состојба бара лекување.
Многу лошо време дојде, ова веќе е загрижувачко, како брат те гледам во Христос, како сушество кое го носи божјиот лик и однадвор изгледа нависитина убаво, но ако внатрешно веќе продолжуваш да мислиш и да кажуваш тоа што не треба, сепак треба да се преиспиташ.
Верувај, премини во Христијанство, дојди кај Христос, Христос е толку убав и добар и секој ден е можеби тој истиот, но уште поубав, помил и помодерен. И сега ќе пишам, Господи Исусе Христе, сите сме твое создание, по твојата голема милост помилуј не и воведи ги сите кон покајание. Да ти даде Господ Исус Христос солзи на покајание, да се покаеш за сите твои гревови и да ги исплачеш, посакуваш да се крстиш повторно, да се исповедаш и да се причестуваш и сакам во Тебе да зрачи виситинската светлина што ја зрачи нашиот Господ и спасител Исус Христос и никогаш во твојата душа повеќе да нема темнина. Посакувам, да почнеш да ја следиш светлината што никогаш не заоѓа и секој ден да ти почнува и завршува со молитва. Амин.
 
Ти колку работи не разбираш... се исплаши од едно умирање и стана христијанин до срж! Душа!

Едноставно како христијанин ништо ново не проповедаш. За ова имаме зборувано скоро на сите теми поврзани со христијани кои сатанизираат сешто само за да нивното верување е најдоброто нешто што се случило на Земјата, а забораваат дека сите сме читале доволно за христијанството и едноставно не сме се препознале во тие учења и верувања кои за нас не носат ништо добро... зборам во множина мислејќи за луѓето кои не се христијани.

Сеуште зборувате дека другите се зло, вие сте најдоброто и тоа е тоа... како можете така, не знам... изгледа христос многу ви дава за право да зборувате, наместо да дејствувате да бидете подобри.

Затоа и светот не ви ја сака догмата и не може да биде христијански, премногу егоистички и надмено зборувате, а се што нудите е догма и верување!
Плус тоа зборуваме со мријанин, ти си обичен верник кој што вака зборува, а тоа го учиш од свештениците, кои ги копирате, а се сомневам дека разбирате што и како треба да работите за себе си и за другите!
За вас нема други - само вие или смрт!

Штета. :coffee:
 
...погледај го уште еднаш твојот коментар, па после од Хепта. Твоето неприфаќање на човкот како човек и нападот на она што него го прави исполнет и среќен ти донесе напад во иста мерка.
...сметаш дека е твојот напад исправен?
...научи нешто од размената на ставови со Хептаграм?
...или само како ништо да не било, ќе чекаш следна прилика за напад?
...и да...амин
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.198
Поени од реакции
5.418
...не постои лик за кого сум рекол дека не сакам да зборувам, овде сме да пишуваме свои мислења и да научиме по нешто, се разбира ако имаме желба и капацитет за да учиме
Да се постестиш, ѕирни на стр. 1248, допис #18,707.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.120
Ти колку работи не разбираш... се исплаши од едно умирање и стана христијанин до срж! Душа!

Едноставно како христијанин ништо ново не проповедаш. За ова имаме зборувано скоро на сите теми поврзани со христијани кои сатанизираат сешто само за да нивното верување е најдоброто нешто што се случило на Земјата, а забораваат дека сите сме читале доволно за христијанството и едноставно не сме се препознале во тие учења и верувања кои за нас не носат ништо добро... зборам во множина мислејќи за луѓето кои не се христијани.

Сеуште зборувате дека другите се зло, вие сте најдоброто и тоа е тоа... како можете така, не знам... изгледа христос многу ви дава за право да зборувате, наместо да дејствувате да бидете подобри.

Затоа и светот не ви ја сака догмата и не може да биде христијански, премногу егоистички и надмено зборувате, а се што нудите е догма и верување!
Плус тоа зборуваме со мријанин, ти си обичен верник кој што вака зборува, а тоа го учиш од свештениците, кои ги копирате, а се сомневам дека разбирате што и како треба да работите за себе си и за другите!
За вас нема други - само вие или смрт!

Штета. :coffee:
Сммрта секој човек ја доживува, никој не може без смрт да помини, освен ако Господ сака.
Јас ти се извинувам и да го прифаќам твојот аргумент.
...погледај го уште еднаш твојот коментар, па после од Хепта. Твоето неприфаќање на човкот како човек и нападот на она што него го прави исполнет и среќен ти донесе напад во иста мерка.
...сметаш дека е твојот напад исправен?
...научи нешто од размената на ставови со Хептаграм?
...или само како ништо да не било, ќе чекаш следна прилика за напад?
...и да...амин
Не планирав никој да нападнам, дека згрешив во пишувањето без големо размислување згрешив признавам.
И да ти кажам право, Христијанството е само во право, се другото е една огромна лага во која многу живејат, може да се одбегне таа лага само по сопствена ваша волја.
Христијаните можеме да се молиме за сите вас, а за жал, другите религии и учење не можат, залудни се нивните молитви, нив не може Исус Христос да ги прифати ако тие не го прифатиле Исус Христос како свој Бог.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.321
Нема потреба од извинувања... само не ја виткајте догмата во убави зборови, кога знаете и сами дека содржи ствари кои не ви нудат начин да маниврирате и да ја искористите најдобро што можете според вашето внатрешно уредување, според она што сте тука и сега...

Претходно твојот брат по вера рече погрешно дека од црквата доаѓала догмата, не од богот...
Едно разберете: богот е еден. Не е ваш, не е мој, не е на муслиманите.
Различно е само разбирањето на истиот, патеките кои водат до божественото, патеките кои треба да го извадат најдоброто од вас во однос на самите себе и во однос на другите...

Немојте да ги присвојувате идеалите на човештвото завиткани во било какви догми - од тоа следува страдање, кое што мазохистите го игнорираат бидејќи обожаваат страдање. Тоа им е некаков знак дека богот ги сака или дека богот ги искушува... тоа е лага на еонот!
Не така...

П.С. И јас знам дека ти пак ќе проповедаш христос, и другите ќе се зло, и другите ќе бидат на погрешна патека бидејќи не се христијани православни, и знам дека мислиш дека со тоа што проповедаш пред божественото ти ја докажуваш својата вера... но не е така :)
Верата ја докажуваш со дела кон себе и кон другите!
Патеките кои ги одат другите мора да ги разберет со тоа што ќе научиш и за другите учења кои водат кон божественото (не сте сами на светот, о вие христијани).
Не мора да проповедаш денес - кој за каде е повикан, таму ќе стигне, ако е доволно спремен да слушне за кај му е патот...

Така да, уживај и прифати дека човештвото никогаш нема да биде во целост православно ниту пак сите да се муслимани или не знам што...
Оставете ги луѓето да се слободни, да љубат, да живеат и да имаат светлина во животот каква што тие сметаат дека треба да имаат.
Не сме повикани да ги осудуваме луѓето. Ти рече богот само го мери срцето, што ми потврди дека ти и било кој друг, најмалку сме повикани да ги копираме свештениците кои зборуваат како овој или оној ќе страда или е грешен!
Грешни се тие, големите дрдорковци кои мислат дека попот е најученото нешто и со најголемо искуство во однос на патеките на човекот и божественото.
Ќе мора да си намалат егото и да намалат со потребата од бацување рака!

93 93/93
 
Најголемото нешто што можам како Христијанин да го направам е да молчам, смирението е еден огромен дар што го доживеав, неможам да ти опишам колку огромно смирение добив на дар од Бога.
Многу луѓе може да се наречат дека се христијани, но ако одвнатре не следат некои работи што треба да ги следат, а ја следат гордоста која ја уништува целосно душата на човекот - тие луѓе ќе бидат најмногу жалени од Господ и треба човек што подалеку да бега од гордоста.
За околу грешноста, не треба ние да му судиме на другиот, бидејќи секој човек е грешен по самата човечка природа и треба само да согледаме каде грешиме и после да се трудиме да не го повторуваме истото нешто многу пати, а од лично искуство од тоа што сум доживеал знам дека нешто од тоа доаѓа поради гревовите и грешките кои ги правиме ние како луѓе.
И како заклучок, на крајот од денот сите сме ние луѓе од тело и душа, на нас останува само да се трудиме да ги поправиме грешките и да се покаеме за тоа што навистина треба да се покаеме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom