- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.867
- Поени од реакции
- 116.135
Не го избра он не знам како да ти се објасни овој момент. Не е ова европскиот фудбал каде се слушаат и желбите на играчите, агентите и слично, овде во НБА ако те трејда ГМ-то може и на сред утакмица да дознаеш и да се чудиш што те снашло. Лука не барал трејд, тоа е 100% потврдено од сите, и од него и од ГМ-то на Далас и од таткото на Лука. Во ситуацијава според последните информации тој ГМ-то на Далас на два тима го понудил Лука, првиот тим го одбил, а вториот бил Лејкерс. Живо ме занима дали ова е вистина со тимот што ги одбил, и ако ги одбил кој е тој тим.но он го избра патот на Леброн и КД
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Инаку не е проблем што е трејдан Дончиќ, ни прв ни последен, проблем е што е трејдан практично за ништо и со ова не сакам да го деградирам Дејвис ама има 32 години и е склон на повреди, не верувам да трае повеќе од 5 години за да стави крај на кариера, додека Лука со 25 години има бар уште 9-10 врвни сезони во него и е играч околу кој може да градиш франшиза. Крајно несфатлив потег на Далас, колку сака нека се вади тој клошарот од ГМ што им е дека не сакале да му го платат супермакс договорот летоска, сепак можеше и мораше многу повеќе да извлечат од него.