Јас ја знам мајката на Васо, работев со неа година и кусур и баш се шокирав од се што видов и прочитав поврзано со случајов.
Жената ми беше надредена во целиот период и можам да кажам да беше скроз професионална, приземјена и принципиелна како работник. Знаеше често да збори за син и, знам кажуваше дека почнал да тренира ракомет, а беше четврта средно и се мислеше дали да му даде шанса во спортот или да го запише на факултет.
Искрено, по муабетите се гледаше дека е пазено и мазено дете, син единец, ама во никој случај не би кажал дека бил багабонт или некој шлолски насилник, кој мама и тато го провлекувале низ школо во средношколските денови.
Мислам дека ликов има пробано со ракометот, не успеал, влегол во лоши кругови, почнал да заработува сам и со тоа да прави глупости. Ваљда парите му дале некоја слобода, може почнал и дома да се спротиставува, кој знае што се случувало внатре во семејството. А може и не е така, може како што спомна Рон, бидејќи дечкото им е син, мајката или таткото заборавиле на принципите и му помагале на Васо да спаси глава од затвор.
Како и да е, мислам дека ќе јаде максимална казна, бидејќи има премногу притисок од јавноста и новинарите.