Здраво, може ли некој да ми даде информација колку долго банките ги чуваат снимките од камери на банкомати? Се сомневам во неовластено подигнување на средства од починато лице на банкомат. Ама проблемот е што истото мислам дека се случило пред 1,5 месец па незнам дали банките чуваат снимки. Ви благодарам
Да ама незнам дали има логика да се малтретирам бидејки веќе ми кажаа дека истите се направени на банкомат, а во нивниот правилник читам дека снимки се чуваат максимално 30 дена по закон за заштита на лични податоци. Фала во секој случај
Едно прашање до стручните.
Од 09ч. Утрово до сега имаме прекин во снабдување со струја без претходна најава од ЕВН. Покрај тоа почна и вода да снемува поради напојувањето на пумпите.
Дали ЕВН сноси одговорност зошто цел ден сме без греење а од скоро и без вода
Има во законот ако работиш 180 или 190 саати беше во годината прекувремено односно повеќе од тие 40 часа неделно ти следува таканаречена 13 плата, тоа се достигнува со 22-23 саботи во годината од 52 недели.
У Џонсон (Адиент) како позната и голема фирма, праксата им е да те викаат да идеш саботи и кога ќе дојдеш до скоро 20 саботи да престанат да те викаат само да не земеш 13-та, затоа постарите работници не се замараат да идат саботи, освен кога ептен мораат за нешто итно.
Можеш слободно да провериш во законот , башка и во претходната фирма кај што работев исплаќаа 13та плата, за одработени 150+ прекувремени часови , само прашав дали знаете за рок или кај да се обратам , пошто у фирмава кај што работам уште чекам исплата и одговор кога ќе исплатат , ако знае некој нека пише
Едно прашање до стручните.
Од 09ч. Утрово до сега имаме прекин во снабдување со струја без претходна најава од ЕВН. Покрај тоа почна и вода да снемува поради напојувањето на пумпите.
Дали ЕВН сноси одговорност зошто цел ден сме без греење а од скоро и без вода
ЕВН е фирма како држава во држава ако имаш во предвид дека пола од акциите ги поседува самата држава
Кој ги тужел знае дека тешко се добива спор со нив на суд, и да го добиеш во основен суд на апелација ќе го вратат назад и повторно губење време,живци итн. Мој совет ти е да баталиш и со нив немај работа пошто сега се е дигитализирано и може да ти прават проблеми во иднина, најдобро е да се подига свеста на населението преку социјалните мрежи, форуми итн. против овие гребаторски фирми и на крај да се организираат големи протести за да се смени нешто во полза на народот, тоа е единиот начин да се бориш против такви фирми во банана-држави каква што е Македонија во моментов
Автоматски споено мислење:
Имам наследено куќа од мојот сега покоен чичко ми кој немаше наследници и направивме договор за доживотна издршка додека беше жив, е сега проблем ми се овие во даночното во општината, службеничката ми пресмета данок од 45 иљади ден. и ми кажа ако донесам документ смртовница од чичко ми ќе ми го намалат данокот на 30 иљади ден. ,го донесов документот кај нив и типката се предомисли, ми вели можеби не можам да ти ја намалам сумата,да не сум грешка?!? Каква е оваа несериозност од државни службеници,какво е ова шалабајзерство?!?
Моето прашање е дали правнички се намалува данокот на имот за куќата ако доставам таков документ смртовница, дали има правна основа?
Како оди законски добивање плус денови одмор поради стаж?
Кај нас во фирмава сите имаме 20дена годишен одмор а некои од вработените се 13г некои 3години...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.