Здравството кај нас

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.673
Поени од реакции
37.658
Приватните болници постојат само заради тоа што државните не работат и практично не постојат!
...апсолутно неточно, приватни болници се отворени со друга цел, најмалку од загриженост дека пациентот не ја добива таа здравствена услуга во државно.

...само наивни ќе го речат и го мислат тоа, едноставно брзо богатење врз маката на пациентот, човек ќе им умре во ходник ако не донесе кешарица над 2000 Е,
...доколку постои можност да се добие здравствена услуга во државното здравство, никој не е будала да штеди 20 години и мизерува за да добие еден стент на пример! А биди сигурна дека нема да му треба само еден него повеќе.
...пишав погоре причина, можноста ќе биде само да се тргне партиите од раководењето на државните болници и од образованието на медицински кадри,

...што мислиш старата гарда на знаењето ќе се пензионира и во тие приватни болници кои го држат денес реномето, ќе дојдат неписмените медицинари нема од што да се филтрира квалитет зашто не чини образованието, што полагаат онлајн со одговор под ,,а,,, ,,б,, или ,,в,, ајт положи анатомија!!??

...а тоа за стент, аман од улица ги собираат пациентите, сите занаетчии и газди им се постави по два три како да е мода, а на тие што имаат неизбежна индикација за итна интервенција не можат да дојдат од одлагањето ,,почекај уште малку млад си,,
Што нуди државното здравство?
Каде се ургентните одделенија во т.н. болници? Еве јас не знам каде е приемното ургентно одделение на мајка тереза, клиника за токсикологија ја користат како паркинг станица. Што треба поише муабет?
...државното здравство може да се реши за 24 ч, само од способни, совесни непартиски здравствени работници кои ја немаат мувата на капата, независат и недолжат на никого и се чисти и совесни со долгогодишно искуство кои денес се маргинализирани токму затоа што ги имаат тие квалитети,

...ниедна партија на власт не е расположена да го искористи тој неутрален професионален капацитет, затоа не го бидува државното.
Во другите градови буквално нема ургентно одделение туку нешто како налик селски лекар во комунизмот кој или препишува серапептазе или праќа за Скопје, па потоа комбето не ни знае каде да се паркира поради немањето јасна насока кое е ургентен центар и каде треба да оди.
...пак ќе кажам дека образованието е криво, да идеме заедно да направиме анкета на здравствени работници во државно, а богами и во приватните болници во врска токму што значи здравствен дом, поликлиника, ургентен, општа болница наспроти клиничка болница, со еден збор организираност на јавните здравствени објекти, дејности, примарна, секундарна терцијарна здравствена заштита, систематизација на работни места, што значи клиника, а што универзитетска клиника, што институт, а што јавно здравје, вработени внатре не знаат основните поделби и улога на министерството за здравство, ќе речат ,,тоа не е моја работа да знам,,, а не пак пациентите да го знаат тоа од кого?

...ако докторот на гугл бара податок што може да му е на пациентот што седи пред него типкајки со големи букви на полумакедонско кирилично писмо, супспецијалист со 20 год работен стаж човече, што понатаму да кажам, не ми се веруваше дека е тоа можно гледајќи со сопствени очи, на хематологија, што пак сакаш од шоферите кои се трудат поради тој хаос на здравствени работници што слабо ги интересираат другите работи освен секојдневната рутината на визита.

...денес секој здравствен работник мора да има широк дијпазон на општа култура од областа на финасии и книговодство, правни работи закон за работни односи и здравствена заштита, организираност на министерство за здравство, здравствени објекти, организација, хиерархија, синдикални работнички права, да се знае колективниот договор....итн.
И после министри, експерти, псевдо стручњаци се ораат паметни на телевизија.
...ами кога другите немаат сопствено познавање и знаење, нема ни да забележат дека тие на ТВ појма немаат, ами појди од новинарите кои токму истите не знаат како папагали пренесуваат копи пасте,

...еве ќе поставам едно прашање, ако во една лекарската ординација каде работи и медицинска сестра, носител на дејноста е докторот, тогаш кој е носител на дејност во лабораторија (било каква) каде работаат бихемичар и лаборант?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.673
Поени од реакции
37.658
Ние воздух немаме, не па здравство. Буквално све е тиња у Македонија. ДУПЛА НУЛА 00!
down-to-earth_import_library_large_2022-02-22_0.95123200_1645500526_airpollution_europe-02.png

... загадениот воздух е глобален проблем, не е поврзано со квалитетна здравствена услуга по болниците.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.576
Поени од реакции
9.696
Зар дебилноста и неажурноста и тоталната незаинтересираност на здравствените работници во државни болници ќе ја правдаме поради малите плати?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.413
Поени од реакции
10.345
Зар дебилноста и неажурноста и тоталната незаинтересираност на здравствените работници во државни болници ќе ја правдаме поради малите плати?
Не ги ставај сите доктори во ист кош.
Многумина си ја вршат професионално работата...еден таков ме спаси, животот ми го продолжи...
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.331
Поени од реакции
8.021
Не ги ставај сите доктори во ист кош.
Многумина си ја вршат професионално работата...еден таков ме спаси, животот ми го продолжи...
Poznevam jas nekolku takvi koi shto si ja rabotat rabotata kako shto treba.
AMA poznavam i eden kup koi bi trebalo na kloci da gi isfrlish od toa ambulanitete i bolnicite!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.053
Поени од реакции
8.787
...апсолутно неточно, приватни болници се отворени со друга цел, најмалку од загриженост дека пациентот не ја добива таа здравствена услуга во државно.

...само наивни ќе го речат и го мислат тоа, едноставно брзо богатење врз маката на пациентот, човек ќе им умре во ходник ако не донесе кешарица над 2000 Е,

...пишав погоре причина, можноста ќе биде само да се тргне партиите од раководењето на државните болници и од образованието на медицински кадри,

...што мислиш старата гарда на знаењето ќе се пензионира и во тие приватни болници кои го држат денес реномето, ќе дојдат неписмените медицинари нема од што да се филтрира квалитет зашто не чини образованието, што полагаат онлајн со одговор под ,,а,,, ,,б,, или ,,в,, ајт положи анатомија!!??

...а тоа за стент, аман од улица ги собираат пациентите, сите занаетчии и газди им се постави по два три како да е мода, а на тие што имаат неизбежна индикација за итна интервенција не можат да дојдат од одлагањето ,,почекај уште малку млад си,,

...државното здравство може да се реши за 24 ч, само од способни, совесни непартиски здравствени работници кои ја немаат мувата на капата, независат и недолжат на никого и се чисти и совесни со долгогодишно искуство кои денес се маргинализирани токму затоа што ги имаат тие квалитети,

...ниедна партија на власт не е расположена да го искористи тој неутрален професионален капацитет, затоа не го бидува државното.

...пак ќе кажам дека образованието е криво, да идеме заедно да направиме анкета на здравствени работници во државно, а богами и во приватните болници во врска токму што значи здравствен дом, поликлиника, ургентен, општа болница наспроти клиничка болница, со еден збор организираност на јавните здравствени објекти, дејности, примарна, секундарна терцијарна здравствена заштита, систематизација на работни места, што значи клиника, а што универзитетска клиника, што институт, а што јавно здравје, вработени внатре не знаат основните поделби и улога на министерството за здравство, ќе речат ,,тоа не е моја работа да знам,,, а не пак пациентите да го знаат тоа од кого?

...ако докторот на гугл бара податок што може да му е на пациентот што седи пред него типкајки со големи букви на полумакедонско кирилично писмо, супспецијалист со 20 год работен стаж човече, што понатаму да кажам, не ми се веруваше дека е тоа можно гледајќи со сопствени очи, на хематологија, што пак сакаш од шоферите кои се трудат поради тој хаос на здравствени работници што слабо ги интересираат другите работи освен секојдневната рутината на визита.

...денес секој здравствен работник мора да има широк дијпазон на општа култура од областа на финасии и книговодство, правни работи закон за работни односи и здравствена заштита, организираност на министерство за здравство, здравствени објекти, организација, хиерархија, синдикални работнички права, да се знае колективниот договор....итн.

...ами кога другите немаат сопствено познавање и знаење, нема ни да забележат дека тие на ТВ појма немаат, ами појди од новинарите кои токму истите не знаат како папагали пренесуваат копи пасте,

...еве ќе поставам едно прашање, ако во една лекарската ординација каде работи и медицинска сестра, носител на дејноста е докторот, тогаш кој е носител на дејност во лабораторија (било каква) каде работаат бихемичар и лаборант?
1733955524804.jpg
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.576
Поени од реакции
9.696
Не ги ставај сите доктори во ист кош.
Многумина си ја вршат професионално работата...еден таков ме спаси, животот ми го продолжи...
Така де, се знае за кои правам муабет, секако дека има и професионалци и љубезни и емпатични луѓе што и мене ми помогнале.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.673
Поени од реакции
37.658
...не ја правдаме неажурноста и незаинтересираност на здравствените работници поради малите плати, ама истите тие кога се префрлуваат во приватните болници стануваат врло заинтересирани и ажурни на работното место токму од нови нивни високите плати кои истите ги добиваат од буџетот на приватната болница поради наплата на високите износи на здравствени услуги, а државата нанесто да ги унифицира износите и не дозволува ваква приватизација, државата уште им помагаат со разни пакети на здравствена услуга, ФЗОСРМ давајќи побајаги парични средства на приватните болници , на пример ,,дијализата,, .
 
Член од
9 август 2014
Мислења
528
Поени од реакции
1.770
Зар дебилноста и неажурноста и тоталната незаинтересираност на здравствените работници во државни болници ќе ја правдаме поради малите плати?
И работи како оваа:

Го суспендирале, пак ќе го вратат на работа.. Многу поголеми од овој преживеале земање мито. Докиќ, Стојовски итн. и еве ги пак се недопирливи. Каде е Лекарската Комора да каже нешто?
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.414
Поени од реакции
7.799
И работи како оваа:

Го суспендирале, пак ќе го вратат на работа.. Многу поголеми од овој преживеале земање мито. Докиќ, Стојовски итн. и еве ги пак се недопирливи. Каде е Лекарската Комора да каже нешто?
Ова не е мито, ова е бакшиш. На келнерите оставаат бакшиш, а не па на доктор после успешно завршена операција. Синот можел и да не даде, завршена операцијата.

Да им побарал пред да ја изврши операцијата, за да ја земе преку ред или посебен третман ќе добие или што ти ја знам, е тогаш, под мач бато.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.340
Поени од реакции
24.007

Da de, baciraka :facepalm:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.340
Поени од реакции
24.007
Ти не би го почастил, виски, некоја пијачка, на сестрите не би однел бонбоњера некоја...
Po poslednite moi patesestvija po bitolskata bolnica, imaat srekja sto nikoj ne zavrsi pod trkala, a ne pak bonbobjeri da im kupvam, viski i ne znam sto.
A od kade takva praksa, da gi pocastis so na primer 150 evra. Za toa sto si ja srabotija rabotata za sto zemaat plata. Ti site gi pocastuvas? Od komunalec ko ke ti go soberat gjubreto od pred kukja, trcas da gi pocastis, mu davas na sekoj po 50 evra, onaka da se pocastat?
Toj plockarot so ti go redel kupatiloto, pokraj cenata za koja ste se pazarele, onaka ke mu tupnis uste 500 evra vdjep oti gi naredil plockite. Na toj na salter vo banka so ti dava pari , i nego go pocastuvas? Prodavackata vo Kam so ti pokazala kade e tamu ne znam sto, isto ja pocastuvas?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom