Секако дека има такви документи. Токму затоа погоре покажувам како Бугари и Македонци се во ист документ.
Еве 9 години пред Екзархијата:
Прегледај го приврзокот 441540
Можам да наведам барем неколку вмровци кои се викаат 
Аспарух, а ова име не постои надвор од овие географски територии.
Никој не тврди дека Бугарите денес се исти како Бугарите во претходните времиња. Неслучајно му ги објаснувам разликите меѓу Бугарите и Протобугарите на типот со расистичките изјави.
Овие работи, дедовци, се исти кај македонските Бугари овде. Зборуваме и ние за живи извори, со таа разлика што во Северна Македонија има 1 милион Македонци, а овде во Бугарија сме најмалку 2 милиони македонски Бугари. Малку е веројатно дека вашите дедовци се „поживи“ од нашите.
Како што многупати спомнав, имам податоци за моите претходници откако се доселиле 10-12 години пред ослободувањето на Бугарија, т.е. 1866-8 (неколку фамилии) - 5 генерации позади, сите Бугари од Вардарска Македонија. Вие сте двојно помалку од нас, но мислите дека имате 100 пати повеќе 
ексклузивни права врз „вашата историја“. Сепак, вистината е малку поинаква. Интелигенцијата, образованите луѓе и револуционерите масовно останаа да живеат во Бугарија, а нивните гробови се наоѓаат на Централните софиски гробишта. Нивните потомци се насекаде во денешна Бугарија и имаат исто право врз историјата на регионот како и вие, дури уште повеќе.
Никогаш ништо не сум му рекол на дедо ти. Јас велам дека мојот дедо и моите предци се Бугари. Имам документи за ова, јасно напишани, крштеници (кои тогаш играа улога на извод од матична книга на родените), и други документи каде јасно пишува народност.
Останатите документи се за други поединци, имам стотици, па и илјадници.
Што се форсирало, а што не, се гледа од документите во периодот 1912 - 1944 година од Пирин, Вардар и Егеј. Претпоставувам дека можете да погодите кои два дела од населението доживуваат најголема злоупотреба? Најдии Пиринско во периодов за забрана за јазик, изразување на народност, култура и сл.
Прегледај го приврзокот 441547
Прегледај го приврзокот 441548