Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    759
Хипотетички, кои би биле гаранциите дека Украина или САД и компанија би го почитувале договорот а нема одма да го прекршат? Многу долги временски разлики има и во секое време може едната страна да рече пу пу не важи.
Не хипотетички туку практично ова е смешка од договор. Нешто као еве ви пиштол со еден куршум сами да се упукате, дали во нога дали во глава... Само бараат време за да ги опремат Украинците за нова војна.
 
штом Трамп го прекина оружјето, имаат русите и он некој начелен договор постигнато. Сега се чека Украина да ја спремат за тоа.
 
Кој е тој украински генерал што би потпишал капитулација во оваа состојба? Далеку се од тоа да капитулираат. А Русија некако нема сили да им зададе таков удар.
Се бара генералот.
Ама ако ти велиш дека се далеку од капитулација ќе ти верувам.
Уште колку Украинци треба да заминат на оној свет за да дојде до капитулација?

За такво нешто треба војната да наликува на разврсница од ВСВ, а ова наликува повеќе на разврсница од ПСВ.
Мене ми личи на почеток на крајот!
 
Хипотетички, кои би биле гаранциите дека Украина или САД и компанија би го почитувале договорот а нема одма да го прекршат? Многу долги временски разлики има и во секое време може едната страна да рече пу пу не важи.
Според мене на Русија не им е важно дали Украина ќе била дел од Еу или некоја унија на педерите,трансформаторите и оние кои немаат одреден род.
Ниту дали ќе им стиснат уште 30000 санкции. Поради тоа и мене ми нема суштина во ова што го пуштиле во оптек Украинциве.

Нив им е цел да издејствуваат нова сигурусна рамка, да немаат робусна екипа на неонацисти и шупаци кои се спремни до крај да се борат под каузата за некоја слободна Украина под подкровителство на Сад и Еу. Тука лежи цела суштина на СВО. Намалување на воениот потенцијал и превенција на влезот во Нато. Со тоа и избегнување на директен воен судир со Нато, иако де факто тој веќе се води.

Ако успеат да го издејствуваат ова, мислам дека ќе се согласат на завршеток.


Има смена на екипата во Вашингтон со Трамп. Знаеме дека премногу дрдори Трамп и дека со сенилниот барем знаеш на што си со него. Сам Путин него го преферираше. Мое мислење е дека Трамп ќе се обиде да добие позитивни сигнали од Кина и тн да влијаат посилно врз Русија при тоа веројатно ќе им се закани за посилни санкции кон Кина и Индија доколку не го направат тоа. Изговор ќе биде дека нафта купуваат и тн. Тарифи таму кур се тресе.

Конкретно Трамп. Вели ќе удри уште санкции кон Рускиот нафтен сектор, со тоа што директно влијаена цената да расте. Од друга страна го слушаш вика Арапите и Опек морале да дејствуваат да ја спуштат цената. Во ред има логика. И го слушаш после тоа вика Америка ќе била дрил бејби дрил. Со тоа што за да дрилаат, цената за барел треба да е над 70/80$ за да бидат профитабилни. Па ако се спушти цената еве за 405-50$ , ниту Америте сами ниту пак Арапите ќе ја дрилаат поради непрофитабилност.

Друго е што бетер од Бајден и Фон Лајен изгледа со изјавине дека 1.000.000 погинати имаат Русиве и дека пред колапс била економијата. Ама демек многу ги сакал и не требало вака.

Како што реков ова беше пуштено низ Украински медиуми.
 
Последно уредено:
Ако Европа е потенцијален противник на САД зошто тогаш им помагале во Првата и Втората Светска Војна?
Самата (официјална) доктрина на Волфовиц го кажува тоа. Било кој развиен државен ентитет кој макар теоретски би можел да биде закана за САД, истиот мора да се отстрани како можна закана, да се уништи или уназади. А инаку тоа што одбрале страна во војна не значи дека помагаат туку си гледаат свои интереси.


И тебе те прашувам кој е интересот на САД да се исламизира Европа?
Зошто упорно размислуваш за интересите на САД, од аспект на самата федерална држава? Па кој ги контролира САД, тргни од таму. Пошто не е важно кои се интересите на САД, важно е кои се интересите на тие што ги контролираат САД.

Не е различна дилената од Украина, пошто тоа е темата нели. Што интерес има САД и луѓето што живеат таму да ја уништат Русија, држава со претежно христијански/европски народ? Ама САД дефакто и дејуре се обидуваат да ги уништат РФ. Зошто? Чиј интерес е тоа? Ајде повторно, прво кој е власник на пола Украина (половината што вреди), а второ кој е власник на банките и американскиот MIC (воено индустриски комплекс) и кој трие раце од заработувачка и има дебел беклог од нарачки за следниот половина век производство на оружје? Кој ќе влезе и во Русија како што влезе да „купува“ (беспари малтене) во Украина, ако РФ се распаднат заради државен удар (што ќе се случи за одредено време по губењето на војната во Украина).

Како што велат Америте, следи ги парите.


Значи не спонзорираат НВОа само САД и Израел.И други спонзорираат такви организации.Доминантно либералните држави се плодна земја за спроведување на агенди.Не можиш да спроведиш таква агенда во држава како Полска на пример.Ти се концентрираш само на една агенда,а низ Европа и кај нас се спроведуваат многу повеке агенди од разноразни кујни.Кога ќе стани Европа доминатно муслиманска тогаш можда ќе увидиш дека работите не се црно-бели туку во различни нијанси.Тогаш веќе ќе бидит касно.

Абе види кој профитира. И не гледај упорно на чеканот што му одговарало да зачкува клинци. Па чекан е, што очекуваш?
Пак ќе повторам, ако имаш сомнеж кој стои позади ова, прашај се кој профитира од сето ова. Сликата со пицата не ја разбра?
 
Се бара генералот.
Ама ако ти велиш дека се далеку од капитулација ќе ти верувам.
Уште колку Украинци треба да заминат на оној свет за да дојде до капитулација?


Мене ми личи на почеток на крајот!

Ќе видиме како ќе биде, ама како што е сегашната состојба не може да се очекува безрезевна капитулација од страна на Украина, освен ако Трамп не им ги спречи финансиите, што не верувам дека ќе се случи.

По логично ми е или да продолжи војнава во некој лимитиран локален конфликт или да се разгори уште пожестоко.
Оти во ваква состојба Русија нема сила да ја капитулира цела Украина за брзо време. А од друга страна САД не се во состојба да ја симнат Русија на колена како што планираа. И доаѓаме до некој stalemate позиција со блага предност на руската страна.
 
штом Трамп го прекина оружјето, имаат русите и он некој начелен договор постигнато. Сега се чека Украина да ја спремат за тоа.
Ма какви, Бајден ги набута со оружје а овие „новите“ сега циркус за рајата (гласачите) прават. Ти им веруваш? Пошто реално не можеш да знаеш што навистина се дешава, ама секако знаеш дека ПОТУС-от е повеќе симбол отколку позиција на власт.

Тек кога ќе видам САД да се повлечат од оваа војна, па ќе верувам дека навистина ќе има мир. Пошто никој веќе не може да каже дека САД немаат активно учество во оваа војна, дури ни ботовиве на форумов.



Ќе видиме како ќе биде, ама како што е сегашната состојба не може да се очекува безрезевна капитулација од страна на Украина, освен ако Трамп не им ги спречи финансиите, што не верувам дека ќе се случи.
Како Украина да е некој суверен независен ентитет па што можело да се очекува они да одлучеле... Демек нема да направат тоа што ќе им кажат од запад. :)


По логично ми е или да продолжи војнава во некој лимитиран локален конфликт или да се разгори уште пожестоко.
Оти во ваква состојба Русија нема сила да ја капитулира цела Украина за брзо време. А од друга страна САД не се во состојба да ја симнат Русија на колена како што планираа. И доаѓаме до некој stalemate позиција со блага предност на руската страна.
Каков „stalemate“ кога едната страна постојано напредува, а другата се повлекува и има неспоредливо повеќе загуби па киднапира луѓе по улици?
И зошто сметаш дека на Русија им одговара брза војна каде ќе ризикуваат повеќе загуби, што кажува досегашната пракса? Мешаш стратегија со слабост.
 
Конкретно Трамп. Вели ќе удри уште санкции кон Рускиот нафтен сектор, со тоа што директно влијаена цената да расте. Од друга страна го слушаш вика Арапите и Опек морале да дејствуваат да ја спуштат цената. Во ред има логика. И го слушаш после тоа вика Америка ќе била дрил бејби дрил. Со тоа што за да дрилаат, цената за барел треба да е над 70/80$ за да бидат профитабилни. Па ако се спушти цената еве за 405-50$ , ниту Америте сами ниту пак Арапите ќе ја дрилаат поради непрофитабилност.
Одприлика вака се движат цените, шкрилечната нафта што е огромен дел од Американското производство во Јута, Дакота е профитабилно кога нафтата е 70$+ barrel. Што пак е поевтино од Нафтените песоци во Алберта.

МетодЦена по барел ($)Клучни региони
Класично дупчење (Блискиот Исток) $10–$20Саудиска Арабија, Ирак, ОАЕ
Класично дупчење (Русија, САД)$20–$40Тексас, Западен Сибир
Шкрилечна нафта (Фракинг)$40–$70САД, Аргентина
Длабоководно дупчење $40–$80Мексикански Залив, Бразил
Нафтени песоци (битумен)$50–$90Канада, Венецуела
Арктичко дупчење$50–$100Русија, Норвешка

Трамп е бизнисмен, тој оперира на бројки и математика, и ако може да ја притисне Русија за цена на нафта ќе ја притисне.

Еден пријател од Скопје пробуваше да ме убеди пред 7-8 години да аплицирам во Halliburton, цели градови направија кога се праеше фракинг во mid-west. Тој отиде Јута, ама кога падна цената ги скинаа изворите. Тие само ги пуштаат кога barrel e 70+
 
Последно уредено:
Како Украина да е некој суверен независен ентитет па што можело да се очекува они да одлучеле... Демек нема да направат тоа што ќе им кажат од запад. :)

Да де, смени ја "Украина" со Запад. Јасно е на сите кој ги влече конците.

Не верувам дека во ваква состојба САД е спремен да направи безрезевна капитулација на Украина и да се повлече целосно од војната.
Ќе игра на замрзнат конфликт, кој ќе се продолжи во иднина. За нив, тоа е најповолна ситуација. Е сега колку е поволна за Русија, ќе видиме.
 
Ма какви, Бајден ги набута со оружје а овие „новите“ сега циркус за рајата (гласачите) прават. Ти им веруваш? Пошто реално не можеш да знаеш што навистина се дешава, ама секако знаеш дека ПОТУС-от е повеќе симбол отколку позиција на власт.

Тек кога ќе видам САД да се повлечат од оваа војна, па ќе верувам дека навистина ќе има мир. Пошто никој веќе не може да каже дека САД немаат активно учество во оваа војна, дури ни ботовиве на форумов.

Ако стварно го прекине оружјето, тоа значи дека влагаме у фаза на нормализација на односите на САД и Русија. Со тоа прилика за договор. Сите знаеме дека Трамп е по договорите и гледа да ја среди работата. Овие изјави тек тук што искачаат се дневна политика, и не би ги земал многу у обзир. Како викаат, акциите зборат погласно од зборовите. Ќе видиме што ќе се дешава, но ако стварно го секне оружјето тоа е добар сигнал.
 
Одприлика вака се движат цените, шкрилечната нафта што е огромен дел од Американското производство во Јута, Дакота е профитабилно кога нафтата е 70$+ barrel. Што пак е поевтино од Нафтените песоци во Алберта.

МетодЦена по барел ($)Клучни региони
Класично дупчење (Блискиот Исток) $10–$20Саудиска Арабија, Ирак, ОАЕ
Класично дупчење (Русија, САД)$20–$40Тексас, Западен Сибир
Шкрилечна нафта (Фракинг)$40–$70САД, Аргентина
Длабоководно дупчење $40–$80Мексикански Залив, Бразил
Нафтени песоци (битумен)$50–$90Канада, Венецуела
Арктичко дупчење$50–$100Русија, Норвешка

Трамп е бизнисмен, тој оперира на бројки и математика, и ако може да ја притисне Русија за цена на нафта ќе ја притисне.

Еден пријател од Скопје пробуваше да ме убеди пред 7-8 години да аплицирам во Halliburton, цели градови направија кога се праеше фракинг во mid-west. Тој отиде Јута, ама кога падна цената ги скинаа изворите. Тие само ги пуштаат кога barrel e 70+


Самата табела говори тоа што го зборев.
Ќе видиме дали ќе притисне. Не е ист есапот дома и на пазар. Види го бе Арапине на злато се. Иако нив чергата им стана многу долга па треба да имаат висока цена да не им паднат ташацит. Све да им ебам.
 
Последно уредено:
Самата табела говори тоа што го зборев.
Ќе видиме дали ќе притисне. Не е ист есапот дома и на пазар.
Се согласувам со тоа што го рече. Трамп ќе проба да види до кај можи да оди, не верувам Путин ќе го пушти далеку да оди, ама ќе проба. Како што го спука Трудо толку јако требаше оставка да дади.
 
Се согласувам со тоа што го рече. Трамп ќе проба да види до кај можи да оди, не верувам Путин ќе го пушти далеку да оди, ама ќе проба. Како што го спука Трудо толку јако требаше оставка да дади.

Абе Трудо, мали куриња се за Трамп, Путин, кинезот и тн.
Види на Путин и Русија објаснив што им е потребно, знаеш и самиот. Намален воен потенцијал и надвор од Нато. Ако Трамп и тие околу него не го разбираат тоа, тогаш ништо понаку нема да се од Бајден и циркузот. Не дека му е план на Путин да продира подлабоко. Кошта тоа изгубен човечки потенцијал.

Мое мислење е дека малце за пред медиуми се заканиве.
 
Не верувам дека во ваква состојба САД е спремен да направи безрезевна капитулација на Украина и да се повлече целосно од војната.
Ќе игра на замрзнат конфликт, кој ќе се продолжи во иднина. За нив, тоа е најповолна ситуација. Е сега колку е поволна за Русија, ќе видиме.
Нема причина зошто Русија ова да не го игра до за нив поволна разврска. Со ништо повеќе не можат да им се заканат, што и на заканувачите нема да им се врати по нивна глава.
Автоматски споено мислење:

Ако стварно го прекине оружјето, тоа значи дека влагаме у фаза на нормализација на односите на САД и Русија. Со тоа прилика за договор. Сите знаеме дека Трамп е по договорите и гледа да ја среди работата. Овие изјави тек тук што искачаат се дневна политика, и не би ги земал многу у обзир. Како викаат, акциите зборат погласно од зборовите. Ќе видиме што ќе се дешава, но ако стварно го секне оружјето тоа е добар сигнал.
Навистина сметаш дека ПОТУС, па било кој и да е, дека може да направи нешто против волјата на елитата?
Ако Трамп игра на завршување на конфликтот, тогаш тоа значи дека на елитата им одговара тоа (и логично е, пошто слаби се со ресурси за конвенционална војна, а неконвенционална војна ќе им се удри и на нив од глава). Реторикава за „мир“ ништо не значи додека не видиме на дело што ќе се случи. Јас мислам дека САД сеуште не се спремни да се откажат од гамбитот, ова сега не е понуда за мир туку за примирје. Секоја разврска која Украина нема да ја остави со сиболично мала војска, за Русија е пораз. Секое согласување на САД за таква сиболична мала војска, за САД е пораз... И затоа со толку дијаметрално крајно спротиставени ставови, тешко може да има компромис. Невозможно во случајов.
 
Последно уредено:
Кој е тој украински генерал што би потпишал капитулација во оваа состојба? Далеку се од тоа да капитулираат. А Русија некако нема сили да им зададе таков удар.

За такво нешто треба војната да наликува на разврсница од ВСВ, а ова наликува повеќе на разврсница од ПСВ.

Далеку се оти уште добиваат помош од запад, ако ја секне Трамп толку е. А и со расположливи војници не стојат баш најдобро чим цело време ги намалуваат годините за мобилизација ете денеска и Велика Новосилка паднала под Руска контрола
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom