Не може спортов повеќе да се потпира на личното согледување на судијата. Плус, тој VAR-от е донекаде смешен т.е. треба да биде со пософистицирана технологија (да има подобар визуелен приказ). Да не се спомне за времетраењето на еден напад, никакво правило, кога ќе му текне на судијата тогаш дига рака/свири... Можно е и Холандија намерно, поради некоја X-причина да се има туркано на првенствово.
Убаво рече Кире како надоврзување на натпреварот со Холандија, дека Американците не го сакаат спортов зашто нема сигурност ако некој вложи пари во него (на крај може судијата, заради лична перцепција, да му уништи добиен натпревар).
Ако продолжи вака, трибиниве ќе бидат уште попразни.
Сепак, без разлика на сѐ, вечерва се надевам на победа над Франција.