Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
^Одлична анализа. Единствено нешто на кое можам да забележам е фактот што мислиш дека не сум ниту тврдоглав ниту (многу) инаетлив:) Со тек на време, ќе приметиш и сама, дека и те како сум и едното и другото:)

Фала за анализава.:back:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Вајолет, мене ми дужиш со години! :smir:
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Гладуис

Форумски лик,кој предизвикува внимание.
Заради постовите кои ги остава и заради карактерните особини.
Гладиус е личност која ретко може да ви се вкрсти во животот.Вистински уникат.
Дечко(ептен симпатичен:pipi:),полн со доблести.

Пред се,е друштвен.Ужива во добро друштво.Не сака он-лајн дејт,преферира во живо.

Комуникативен.Секогаш знае добро да се изрази и да го долови она што сака да го каже.

Самоуверен.Тоа му е најјаката страна.Секогаш е доста самоуверен во себе и така го добива она што го сака.

Независен.Така полесно ги контролира плановите,но за него не е проблем брзо да стане и тимски играч,доколку има потреба.

Приврзан за семејството.Секогаш од таму добива подршка.
Но љубовниот живот,вешто го крие:tv:
И премногу не се замара со тоа,зошто Гладиус е посветен на плановите и на иднината.Ако:back: љубовта сама по себе ке дојде.

Постојано е со предизвик,тоа му е негова мотивација.
Амициозен дечко,со добри манири.
Зар има подобра комбинација????

Малку и негативностите да ги спомнеме.Мора да е добро наспан за да функционира:tv:
Некогаш е меланхоличен заради туѓото однесување и премногу се приврзува за личности.Еве тука и еден совет од мене-премногу брзо сакаш да созрееш,премногу брзо чекориш.Уживај си во твоите години и дозволи си и ти некоја грешка како и твоите врсници.Знам дека си многу позрел од нив и проблемите ги гледаш многу поинаку од нив,но мораш да научиш дека човечки е да се греши:back:

Не сакаш никој да дознае дека те боли и дека си ранлив,секогаш си оној Гладиус,исто како и мечот,непокорлив,горделив,остар.

Дечко,кој не ме остава рамнодушна заради неговиот уникатен карактер,верувам и многу други тука и во реалноста.
Продолжи смело и храбро,како што секогаш знаеш само ти(смајли кое се воодушевува):smir:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
^Најмногу фала за анализава delfybuba, одлична е. Ветувам дека ќе ги применам советите кои ми ги даде:back:
 
M

marsovka

Гостин
Океј после неколку лоши психоанализи барам анализа. Реална луцидна ненапишана на две на три молим лепо :)
Не плукачка не дудлачка реална ;)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
N

Nephthys

Гостин
Mарсовка

Да се анализира некој кој го знаеш преку форум е секогаш неблагодарно и постои голем ризик да се направат големи грешки бидејќи може да се направи сосема неисправна генерализација на нечија личност.
Затоа ако во нешто сум погрешила те молам да ми простиш.

Читајќи ги твоите постови добив впечаток дека си агресивна и нетолерантна личност.Подоцна сватив дека таа агресивност е неминовна бидејќи е резултат на многу бистар ум и надпросечна интелегенција.
Марсовка е динамична личност,способна да говори на многу теми со авторитет.Начинот на кој пишува е забавен што покажува дека станува збор за личност со интересен дух,но целта не и е да биде забавна бидејќи во позадина на нејзиното пишување неретко се крие способност мрачните и темни страни на нашите животи да ги преточи во смислена целина на еден елегантен и жив начин.Тие кои се со плиток мозок нема никогаш да ја приметат интелегенцијата и акробацијата на зборовите(често пратена со вулгарност)-ниту пак ќе го сватат умот кој што се бори со тешките животни прашања кои излегуваат на еден искрен начин.
Од тука некогаш и потребата да се пцуе-животот знае да биде гаден.
За Марсовка може да се каже дека е автентична.
Не е бледа копија на туѓото размислување туку на своето сопствено.
Колку и да е нејзиното мислење понекогаш ограничено од животните искуства таа се труди да остави свој впечаток и неизбришлива трага во секој пост во што и успева.

За да не се претвори ова пишување во едноставно набројување на пофалби кои оваа млада девојка секако ги заслужува-треба да се рече и нешто од негативните страни кои би можела да ги промени за да го постигне својот максимален потенцијал кој ке ја однесе до успех.

Марсовка треба да свати дека и покрај својата интелегенција нема да успее да оди напред освен ако умните способности не ги сихронизира со работа и истрајност.Штета би било кога ум како нејзиниот би се ограничил само на форум.Марсовка треба да увиди кои се нејзините можности во животот и да свати дека се големи,бидејќи вистински можности зависат од интелектот кој го поседуваме.
Животот знае да не зароби и да наметне одредени правила кои многу често тешко се прекршуваат,но со досетливост која е секогаш карактеристична за бистрите личности може да се научи да се чекори кон целта која сме си ја поставиле.
Опседнатоста со политичката состојба во нашава земја кај Марсовка е на многу високо ниво,што не е добро бидејќи опсесијата сама по себе е лоша и произведува чувство на безнадежност.
Марсовка мора да научи дека политиката е курва,а водењето војна со курва e однапред изгубено.За да победиш во таа војна(во која никогаш никој не победил)мораш да бидеш уште поголема курва која што парадоксално бара да се прикаже како поштена.Тоа е целата поента на дипломатијата-да бираш на кој начин кажуваш,на кого и во кое време.Тоа Марс мора да го научи.

Maрсовка е scavenger на некој начин.И покрај нејзините потенцијали на многу начини отсликува дека е продукт на средината.
Наводно ја сака слободата но не е баш така.Слободата и делува примамливо но ја плаши до срж самата помисла на реализација на нешто кое би и ја донело таа слобода,бидејќи истата не е отпадок.А тоа е гориво кое тера понатаму.Кога би била глупава животот би и бил едноставен и среден,но нејзината интелегенција излегува дека е нејзино проклетство.Лошата работа е што на тоа гориво не оди исполнувањето на амбициите и соништата во животот.

Марсовка не треба да се плаши од вистината бидејќи е доволно силна да ја поднесе.Не треба да покажува комплекси,треба да се ослободи од мрзливоста и да престане да се бори со своите фрустрации преку провокации.Треба да биде повеќе амбициозна бидејќи тоа доликува на нејзиното интелектуално ниво и да се бори против безидејноста со дисциплина.

At the end, the success doesn’t come by becoming a blond,brainless,sillicon-tits bitch who is gonna marry a diplomat.
Diplomats are terrible in bed.
Blond bitches are stupid.

You are much more than that.
 
:треп:
Me like it
Me loves this
I need to get a live I know >.>
 
С

Сатори

Гостин
Вајо, знаеш шо ми текна? И ти ми дужиш една анализа уше ехеееееее прв пат кога се видовме :)

ако ти текнува :):)
Повторно, се извинувам на мојата неодговорност и недостаток на време, но за да се напише солидна психо-анализа на некоја личност (колку што е возмозможно од страна на аматер) неопходно е да се има барем малку инспирација и волја, затоа доцнам, не за друго.Се надевам, нема да ми замериш. :)

Аватарот иако генерално се мисли дека не може да биде показател за карактерот на некој форумски лик, јас мислам напротив, дека ја опишува токму моменталната ситуација или емоционалниот набој кој што се чувствува или се претставува сликата, проекцијата која што некој сака да ја постигне, барем да ги убеди другите дека тоа е реалност, во некоја рака.Така што, ќе започнеме со твојот аватар, под претпоставка дека станува збор за микс од горенаведените причини, лоботомирањето на едната страна од лицето упатува на негирање на своите емоции, потиснување на она што може да ја наруши менталната рамнотежа, но бидејќи тоа е невозможно за личност како тебе, која што своите чувства ги контролира со помош на присилено чувствување на други чувства идеалот на борг дрон никогаш нема да се постигне.Можеби базичната мисла тргнува од тоа дека е многу полесно да се контролира и снаоѓа во општество кога емоционалниот елемент не би постоел, сепак целосната слика на твоето битисување ја врзуваш за ситуацијата во која моментално се наоѓаш, односно, лесно е да се направат идни планови кои што се фиктивно сигурни, но она што ќе те обликува секогаш ќе биде моментот, потајното инхибирање на сопствената личност во една унифицирана формула, веќе испробан модел ќе те исцеди од оригиналноста и имагинацијата, која што веќе се обидуваш да ја контролираш.Но, тоа е она кон кое што тежнееш ... за да биде полесно и позабавно.

Hardcore soft porn? Океј, има солидна контрадикција која што е вулганизирана со самото постоење на поимот, во ред, јасно ни е на сите дека си пораснал и да дека е интересно да се исмејува поимот, а потајно да се прифаќа, но она што мене ме интересира е зошто константно да се употребуваат спротивности при опишувањето? :)
Психолозите велат дека човекот е збир на контрадикторности и дека кога тоа ќе го прифати му остануваат две опции, да се обиде да живее со тоа или да се труди (неуспешно) тоа да го анулира.Мене ми изгледа дека ти си донел правилниот избор, само што премногу тоа го промовираш, не, далеку од тоа дека го правиш за другите, можеби само малку за да биде интересно, многу повеќе е за себе и за своето сопствено прифаќање.Со што доаѓаме до моментот колку ти е тебе удобно во сопствената кожа?Овде веќе морам да се поврзам со карактерот на постовите, дел од нив се целосно сконцентирани кон задоволување на вкусот на генералната маса, што е штета затоа што ако добро ме служи меморијата еднаш имаше постови кои што за степен отскокнуваа од она што беше пишувано од твои врсници и квалитетите кои што интригираа имаа место да истапат на прв план.Да се разбереме, не пишувам за декаденција на карактерниот склоп, туку за преголема желба за удоволување и замореност од мислење, барем на жолтите страници.Удобно е да се занемари квалитетот затоа што се намалуваат очекувањата, но се губи функционалноста.

За крај, моето лично мислење е дека си страшно интересно „дете“ и без да се обидуваш да ја исилуваш униформираноста и да се генерализираш себе си во масата, колку и да го мразиш она што мислиш дека сакаш да го постигнеш.Штом ќе почнеш да ротираш само во една оска, боите целосно ќе избледнат, а со твоето интересирање за фотошоп не верувам дека ќе сакаш да гледаш слика без бои. :)
П.с. Нема љутиш за анализата.:гушкање:
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.697
Поени од реакции
34.225
Aнализа под анализа за СтатусКво. The Basterd.

Како форумски јузер е доста забавен, објективност меѓу ограниченост, зрак сонце во длабока сенка, виножито после дожд, пеперутка.. Ако уште читаш, you're gay.

Заебанција и сериозност на страна, кога го гледам како се обидува да хиперsomething додека се обидува да ја докаже својата поента на амеби ме потсеќа на сцената од Rush Hour кога нигерот се дере: DO-YOU-UNDERSTAND-THE-WORDS-THAT-ARE-COMING-OUT-OF-MY-MOUTH? А уствари не сфаќа дека прво треба да им дефинира поента. Ако се обидам да бидам површен и да склопам каква-таква анализа според аватарите, тајтловите и потписите ти ќе завршам етикирајќи те аватар/тајтл/потпис-курва. Аааh, или според философијата, дека си динамична личност. On the other hand: To maintain the status quo is to keep the things the way they presently are. Маио поседува својствена конзервативност кога станува збор за религија. Секој наоѓа различна утеха, секој различно го потопува стравот од девијантностите на денешницата и нивните можни последици. И сака да остане open mided. Значи игра на сигурната страна од улицата, не ризикува, не пука на слепо, сака во нешто што ќе верува, за нешто што би се борил да е реално, потврдено, докажано. Душа си, ама wishful thinking, знаеш како продолжува. Упорен и амбициозен, но уште изгледа се труди да е допадлив, интересен, саркастичен кога веќе е докажан како таков. Со претерување знае да се створи обратен ефект. Твојата самоувереност од некаде протекува. Запечати ја! Како локал запечатен од санитарна инспекција. Кредибилитетот сам ќе си дојде, па дури и преку спонтаноста. И take this as an advice, зачувај си вродената позитивност. Ќе ти донесе некогаш среќа, хармонија па и некоја моделка.

Ќе ме извиниш за инстантната анализа, ама кој може да ја надмине Сатори? Плус нагонот за враќање на тоа што должам ме удира еднаш, така да consider yourself lucky.

supersi pozZ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom