Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.628
Како ги местат за пробивање, им го најдоа чарето за експлозивноста. Нашиве ги разбудија Унгарија :D
Реков тука одамна дека Унгарија во принцип отвара слабо, посебно против послаби репрезентации. Некако балканскиот менталитет ги јаде и нив. После ги палат моторите и се незгодни за играње, практично да не ги посакаш во главна рунда.

За судииве немам коментар, иста прича тераа и денес. Разликата е во тоа што против себе имаа искусни играчи кои знаеа како да се справат. Ги местеа на пробивања, тоа е данок на искуство. Исто играчи како Лекаи, Бодо, Банхиди, Шипош имаат поголем кредит него Лазаревски, Митев, Марковски. Ова се гледаше пример и кај судиите на времето кога Столе играше, едноставно беше толку добар што ептен јаки фаули му даваа 2 мин.

Здравје ќе дојдеме и ние со наши деца во ЛШ, се ќе си легне на свое место. Колку и да сум изнервиран што ни го сервираа ова така на фињака, требаше да си ги дотепаме Унгарците кога беа во нокдаун, па сеа друга прича ќе теравме. Вака не зезнаа со холандија и тоа е тоа. Ама никако не сум разочаран. Затоа што знам дека за 2-3 години ќе ги шљапаме Холанѓаните.

Ова дополнително става акцент на тоа колку ќе бидне битен двомечот со Словенија сега во пролет. Ако некако успееме да се провлечеме на 1во место за полесна група на Европско би било супер.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.158
Поени од реакции
3.970
Ова дополнително става акцент на тоа колку ќе бидне битен двомечот со Словенија сега во пролет. Ако некако успееме да се провлечеме на 1во место за полесна група на Европско би било супер.
Ние прво дома да ги победиме за да обезбедиме пласман. За прво место ќе треба и таму бод, што мислам дека би било доста тешко. Се ставивме во лоша ситуација по поразот од Литванија, па ќе мора Словенија да се добие дома.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
102
Поени од реакции
179
Citam nekolku komentari po forumov I ne mozam da se iznacudam.
Да,ми се згади темава кога ги прочитав тие неколку мајка тереза коментари како не требало публиката да фрла,да плука,како нашите играчи биле криви,како Кире бил крив...
Непоправливо искомплексиран народ сме,бета народ,пизда народ,гледаш 13 пенали против тебе судат,20 минути си со играч помалку,ти менуваат саатници ти забрануваат знаме од Вергина и ти пишуваш ние сме криви,не требало така. Во свет го нема Македончето,инат само кога ќе треба да се самоуништи или меѓу себе да се исколи а на сите други им ќути дур го серат,дури и им помага. Затоа сме кај што сме,на сите полиња,ни политичари ни молитичари не ни се криви,за ваков народ природно е ваква судбина.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.962
Поени од реакции
7.085
Многу фамилијарни и пријателски планирани собиранки за неделава, пропаѓаат со промената на распоредот. ИХФ/ЕХФ МАФИЈА!!! :mad: Мора богатите да играат подоцна, вратени од работа, одморени, најадени и напиени.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.962
Поени од реакции
16.321
Многу фамилијарни и пријателски планирани собиранки за неделава, пропаѓаат со промената на распоредот. ИХФ/ЕХФ МАФИЈА!!! :mad: Мора богатите да играат подоцна, вратени од работа, одморени, најадени и напиени.
Не е прв пат да се преместуваат термини, ни од ехф ни па од ихф.
Премногу се влијателни во ракометот земји како Данска, Франција и Германија. Не дека многу кеш се истура во ракометот, ама и тој што е доаѓа од овие три земји. Нема врска со тоа дека имаат против нас, ако гледаме така имаат и против Австрија и ред други држави.
 
Член од
1 јуни 2024
Мислења
41
Поени од реакции
138
За следнава, Австрија форсира нешто слично како Унгарија игра на пикер и во 3 утакмици имаат просек 6-7 гола од пикер. Ако ги затвориме тука и изиграме слично како Унгарија мислам ги имаме. Исто Фримел левото крило им е опасен ама па овие не играат брз ракомет ко Холандезиве така да само треба да се изигра слично ко Унгарија.
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
213
Поени од реакции
675

Прават и замени одбрана/ напад дури и повеќе од нас. Ако не сме паднати психички би требало да изиграме добро. Ме радува фитиљ, едноставно ужива на терен.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.577
Поени од реакции
2.625
Не е прв пат да се преместуваат термини, ни од ехф ни па од ихф.
Премногу се влијателни во ракометот земји како Данска, Франција и Германија. Не дека многу кеш се истура во ракометот, ама и тој што е доаѓа од овие три земји. Нема врска со тоа дека имаат против нас, ако гледаме така имаат и против Австрија и ред други држави.
сега видов и на швеѓаниве сите утакмици им се во 20,30
салите сегде празни, фијаско освен на 4 репки данска , хрватска,македонија и унгарија
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.628
Нека си ги ставаат пак во Скандинавија, а тие во Хрватска карти демек Ф1 идеш да гледаш.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.337
Поени од реакции
11.748
Ако имаме реализација како вчера, нема што да бараме. Јас разбирам да си го ладиш к и да не се замараш многу со акции, борба итн.. ама кога си сам на 6м не треба некое посебно замарање за да дадеш гол, а не голманов да го правиш Омејер.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
99
Поени од реакции
75

Коментаторите кажаа дека бил најдобриот голман во Африка.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.110
Поени од реакции
4.639
Пореален муабет малце ај.
Голема победа ќе биде утре над Австрија , гледано како се одвиваат работите во другите групи. За очекување е Чешка и Швајцарија да имаат исто 5 бода , Исланд или Хрватска ќе имаат 6 , но со далеку полесни групи во прелиминарната фаза. И ние ќе имавме 2 победи во тие групи. Се разбира немаме боље квалитет од нив , но во нивна позиција можевме до боље пласман. За Јапонија/Чиле и Бразил не треба да се збори , сметам дека сме боље од нив , иако Бразил очигледно се во подем. Со Норвешка не се знае уште, али се посраа ептен и не верувам да ги победат и Шведска и Шпанија шо значи ќе бидат под нас. Едино не ми текнува дали само пласманот е битен во втора фаза или ако имаме боље скор и гол разлика може да бидеме пред репките со 5 бода.
Ништо не значи бодот со Унгарија ако не го потврдиме квалитетот со Австрија и Катар.
13/14 место е огромен напредок за нас и враќање на позицијата која ја имавме до пред 5 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom