Ливадарки

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.262
Поени од реакции
34.854
Едниот аргумент ви е пензискиот систем, озбилни сте? Бучкуруш е фондот, задужени сме до даске. Или па муабетот кој ќе надвладее у протекторатов, ние или муслиманите. Македонци на други Македонци се душмани, секој само за својот гз си глеа се додека не му дојде јајцето.
Навистина браво, си дошол до чекор 1 во анализата на состојбата. Но не си завршил. Нема ли да продолжиш понатаму?

Не мора да значи дека ако некој е анти-натал е woke, делулу и све тоа по ред. Боље така отколку да израснеш некое створење пуно mental issues кое со нишо нема да го промени светот, барем не на подобро. Не можете да им наредите на луѓето да имаат деца. Иако се согласувам дека ливадарките се забегани многу.
А што се ливадарките освен продукт на перењето мозок што го има насекаде? Прашањето кое треба да го поставиш е дали би имало ливадарки без социјалниов инжинеринг што се дешава низ целиот свет (или барем врз делот од светот што е повеќе подложен под влијание на западот)... И така доаѓаш до „наредувањето да се има деца“. Не не треба на никој да му се наредува ништо, но не треба ни главите да им се полнат со срањата со кои им се полнат.
Среќен живот е живот споделен со најблиските. Да, може да има и кучиња тука ама не како замена за семејството. Тоа бранење на став дека немање деца - и тоа од бес и лудило, не од болест - дека тоа е некаква добра работа, епа тука е дел од проблемот. Голем дел од проблемот. Се прави филм, наратива дека е добро нешто што во основа е еволутивно самоубиство. И тоа се повторува како некој virtue signalling демек еве јас сум кул и космополит. Не туку само обичен кoрисен идиoт за социјалните инжинери.

Најпосле врати се на чекор 1 и кажи ми како промовирањето на „западни вредности“ функционира за нас Македонците?
Во контраст ене ти ги Шќиптарите, они не се по западните вредности многу многу (или сѐ, ама само проформа)... На кој му оди подобро, ете во наталитетот?

И за жал го ѕирнав постот у кој JBTgirl вели дека мажите не се трудат у врската. Колку труд треба само за да договори дејт, да влезе чоек у врска. У различни димензии живееме.
Примени го истото (социјалниот инжинеринг) и во овој аспект. На луѓето главите им се преполни со глупави срања па следствено имаат и нереални очекувања. И се дешава ова што се дешава, куп умислени испрани мозоци сите осамени во нивните сопствени (измислени) светови.
Несреќа и незадоволство се неизбежни. Како на запад. И самоубиства, како на запад.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.161
Поени од реакции
27.801
 
Cthulhu^

your neighbourhood pagan
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.526
Поени од реакции
2.217
Се прави филм, наратива дека е добро нешто што во основа е еволутивно самоубиство. И тоа се повторува како некој virtue signalling демек еве јас сум кул и космополит. Не туку само обичен кoрисен идиoт за социјалните инжинери.

Несреќа и незадоволство се неизбежни. Како на запад. И самоубиства, како на запад.
Ама ми влезе со клизач професорски ццццц

Апсолутно им е испран мозокот и пунети им се главите како секоја од нив е кралица и заслужува Дизни бајка, нема сомнеж. А многу од нив немаат баш што да "донесат на маса" шо би рекле америте. И за нереалните очекувања се согласувам со тебе.

Е сеа, не се согласуваме дека одлуката да немаш деца е себичност, болест, аздис, лудило и све тоа. Ама ова се тешки филозофски прашања. Дијаметрално спротивни ставови за скоро све имаат љубители на Шопенхауер или Киркегор пример со некоја рандом ванила персона.

Не мислам дека сум кул или подобар од другите. За мене анти-натал став не е еднаков со несреќа, незадоволство и самоубиство. Иако морам да признаам дека има многу логика у тој муабет, ама немањето деца не е клучниот момент за мене.

За Албанци ич нема да почнуем, тоа е уште позаебана тема.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
361
Поени од реакции
743
Навистина браво, си дошол до чекор 1 во анализата на состојбата. Но не си завршил. Нема ли да продолжиш понатаму?

А што се ливадарките освен продукт на перењето мозок што го има насекаде? Прашањето кое треба да го поставиш е дали би имало ливадарки без социјалниов инжинеринг што се дешава низ целиот свет (или барем врз делот од светот што е повеќе подложен под влијание на западот)... И така доаѓаш до „наредувањето да се има деца“. Не не треба на никој да му се наредува ништо, но не треба ни главите да им се полнат со срањата со кои им се полнат.
Среќен живот е живот споделен со најблиските. Да, може да има и кучиња тука ама не како замена за семејството. Тоа бранење на став дека немање деца - и тоа од бес и лудило, не од болест - дека тоа е некаква добра работа, епа тука е дел од проблемот. Голем дел од проблемот. Се прави филм, наратива дека е добро нешто што во основа е еволутивно самоубиство. И тоа се повторува како некој virtue signalling демек еве јас сум кул и космополит. Не туку само обичен кoрисен идиoт за социјалните инжинери.

Најпосле врати се на чекор 1 и кажи ми како промовирањето на „западни вредности“ функционира за нас Македонците?
Во контраст ене ти ги Шќиптарите, они не се по западните вредности многу многу (или сѐ, ама само проформа)... На кој му оди подобро, ете во наталитетот?

Примени го истото (социјалниот инжинеринг) и во овој аспект. На луѓето главите им се преполни со глупави срања па следствено имаат и нереални очекувања. И се дешава ова што се дешава, куп умислени испрани мозоци сите осамени во нивните сопствени (измислени) светови.
Несреќа и незадоволство се неизбежни. Како на запад. И самоубиства, како на запад.
Значи и ти го признаваш тоа што го спориш, дошло веќе, влегла чивијата, ти сега веќе и да им збориш на ливадарки прај деца ова она, само ќе ги нервираш и ќе те хејтаат, нема да ги смениш. А штом тоа го прифатиле, значи им се свиѓа, нивно право на избор, немаме право да се мешаме. Мене па ме нервираат муабети у стил ај на твоја глава, коа ќе те жениме, коа деца, другар еден, класика традиционалец, у падавици, брат девојка ми е 30 мора да раѓа мораме тоа и ова, ништо не мора освен да се умре. Штом збориш дека мораш, јасно е. Ако си среќен со изборот, бил тоа деца, кучки, мачки, роботи, се е ок. А тоа па семејство во Македонија, повеќето освен најтесен круг очи нејкат да си видат, коа ќе се видат е медрано, а и не малку од наша генерација брат со брат се тужи, така да иде и тоа у вода. Ја истото би го кажал и за семејство и за пријатели, убаво си кажа човекот, кур ги боли за секој освен за себе, себични сме, и со тој менталитет толку. Викни ги пријателите за кафана, излегување, зафатени се, се нема време, приоритети, викни ги да частиш, да им кажеш бизнис идеја што ќе ги збогати, одма стануваш приоритетен. Значи толку ги боли кур луѓето, тоа се нема време е изговор, било тоа семејство (поширок круг) или пријатели.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.274
Поени од реакции
23.876
Не зборувам за проститутки, туку за жени кои поради икс причини не станале мајки. Никој не осудува? Цела тема е полна со осуди!
Oti, prostitutkite ne se zeni ?
Niv gi osuduvas ili ne ?
P.s ne mozi da ima osuda za nesto sto navodno ne postoi. Toa vi bese prvobitnata reakcija, pamtis ? Livadarkite ne postojat, se se toa ljubiteli na zivotni ;) .
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.262
Поени од реакции
34.854
Е сеа, не се согласуваме дека одлуката да немаш деца е себичност, болест, аздис, лудило и све тоа. Ама ова се тешки филозофски прашања. Дијаметрално спротивни ставови за скоро све имаат љубители на Шопенхауер или Киркегор пример со некоја рандом ванила персона.
Не зборуваме за сопствената одлука на индивидуата, донесена без влијание и по сопствени длабоки барања на самиот себе. Но буткањето на наративата за немање деца како да е некаква доблест, промовирањето на тоа во меинстрим... Тука е болеста, и лудилото. И нема ништо философски тука, тоа е едноставна работа на преживување на видот. Само по себе тоа е еволуциски ќорсокак но наметнувано со социјален инжинеринг тоа станува меинстрим. И сеуште е еволуциски ќорсокак но овојпат на цела една цивилизација и култура (европска пред сѐ).

Промовирањето (социјалниот инжинеринг) е аспектот на кој треба да се фокусираме, пошто сето ова не е од небо паднато. Некој го бутка, упорно и секаде со децении веќе. Неслучајно и „ливадарството“ е оттогаш настанато како масовен феномен. И куп други забегувања.
Автоматски споено мислење:

Значи и ти го признаваш тоа што го спориш, дошло веќе, влегла чивијата, ти сега веќе и да им збориш на ливадарки прај деца ова она, само ќе ги нервираш и ќе те хејтаат, нема да ги смениш. А штом тоа го прифатиле, значи им се свиѓа, нивно право на избор, немаме право да се мешаме. Мене па ме нервираат муабети у стил ај на твоја глава, коа ќе те жениме, коа деца, другар еден, класика традиционалец, у падавици, брат девојка ми е 30 мора да раѓа мораме тоа и ова, ништо не мора освен да се умре. Штом збориш дека мораш, јасно е. Ако си среќен со изборот, бил тоа деца, кучки, мачки, роботи, се е ок. А тоа па семејство во Македонија, повеќето освен најтесен круг очи нејкат да си видат, коа ќе се видат е медрано, а и не малку од наша генерација брат со брат се тужи, така да иде и тоа у вода. Ја истото би го кажал и за семејство и за пријатели, убаво си кажа човекот, кур ги боли за секој освен за себе, себични сме, и со тој менталитет толку. Викни ги пријателите за кафана, излегување, зафатени се, се нема време, приоритети, викни ги да частиш, да им кажеш бизнис идеја што ќе ги збогати, одма стануваш приоритетен. Значи толку ги боли кур луѓето, тоа се нема време е изговор, било тоа семејство (поширок круг) или пријатели.
Не се разбираме, и нема сѐ додека не одлучиш да го видиш светот онаков каков навистина е. Не онаков каков што си програмиран да го гледаш, и каков што ти е најлесно да го гледаш.
 
Последно уредено:

Cthulhu^

your neighbourhood pagan
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.526
Поени од реакции
2.217
Па да Ванлок, тука лежи зајакот. Зошто сме толку лесно подложни на манипулација и инженеринг? Не сме доволни интелигентни? Или пак слатки се ''плодовите'' и придобивките кои ги носат нетрадиционалните вредности?

Не е доблест немањето деца и жал ми е што сум на иста страна по некои прашања со ваквите индивидуи. Фасцинантно ми е како таа идеја се проби да биде мејнстрим.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.262
Поени од реакции
34.854
Па баш таму навистина лежи зајакот, како таа идеја се наметна да биде меинстрим.
А што се однесува на подложноста кон манипулација и слушање „авторитети“, тоа е еволутивна карактеристика. Карактеристика на сите луѓе, не само на Македонците (или само на Европјаните). Прочитај го „Себичниот Ген“ од Докинс, лесно четиво е.
Автоматски споено мислење:

Само подложност не значи и автоматско подлегнување на манипулација. Кој и колку лесно е подложен на манипулации е резултат на повеќе фактори, на пример карактерни особини како инает (и одбивање да те влечат за нос)... Тие „слатките плодови“ (придобивки не се), тие се всушност се отровни плодови. Погледни ги статистиките од „западот“ и спореди ги бројот на самоубиствата па и релативните параметри за човечка несреќа, најголеми се токму таму на западот. Зошто ако тоа се „придобивки“ и „слатки плодови“?

Блискоста со семејството не може ништо да ја замени. Тоа што сега се извитоперени работите (некаде ама не и секаде), тоа е последица од истите тие влијанија кои промовираат немање деца и ливадарство... И сето ова што навидум е широка тема, всушност може да се сублимира на тоа надворешно влијание. Социјалниот инжинеринг кој нуди нисковисечки ама и отровни плодови.
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2022
Мислења
745
Поени од реакции
2.110
Не си во право...на овие простори, уште од 45та се Забранија и бордели и сексуални работнички, се со цел да се зголеми наталитетот, т.е. да се зголемат број на бракови....имаше случки, намамено момче. Во соба кај девојка, доаѓат договорени сведоци и Оп, мора да се жени, иако немало ништо меѓу нив, а не па бременост...А Обратно, девојката секогаш можела да каже НЕ.... Значи , не само што се забрани најстариот занает, туку и забранети беа сексуални играчки за мажи, кукли на дување, Кели вагина, било што, НО за жени имаше Вибратори и Југословенско производство, се водеа како масажери, Тахир, а имаше и Зухра. Да не должам, ценам жена мајка, ама кај нас поред нив се шлепаат куп други, што не се ни мајки ниту нешто посебно во струката, уметноста или спортот....
Жените си изградиле еден свет во кој тие уживаат привилегии, демек глупавите мажи мора да се борат за нив а они само ќе бираат....А не било секогаш така, ете имаше добар ехЈу филм кој кажува за времето меѓу ВВ1 и ВВ2, Tko pjeva zlo ne misli,
а во филмот е хрватската песна, која има рефрен,
Какав је такав је,
држи га не дај га
јер је мушкарац
Значи немало алтернатива куче или истополни врски....
Ју вибратор Тахир
Имало и други ситуации на наклеветени девојчиња што останале трудни а нејќеле да ги земат, па другари лажно сведочеле и ја бев со неа она ваква таква а немало врска. Кој бил намамен и мме кој прв почна не е проблем. Проблемот е што сме се довеле до ниво на непријатели, а треба да си најблизок, најсигурен, најзгрижен.

@Vanlok , свесна сум дека има војна и таа многу длабоко ме погодува, можеби сум преголем романтичар, идеалист и хуманист што знам веќе, ама тие машко женски односи, семејството, бракот што произлегуваат како нивен многу конструктивен и здрав плод се ништени.

Жените премногу ги кренаа стандардите за мажите.Не си ни свесна колку треба еден просечен маж да вложи во бркање жени ,дремење на ФБ и лупање лајкови,лигавење купување мечиња,фанатична упорност и кога конечно ќе почни врската допрва следуваат стресовите.Па кој си бил ти да и забраниш да шета со другарките до 4 сабајле па скала во Рим за Нова Година,па одење по ресторани,пицерии,ноќни клубови каде шо се подразбира кој ги плаќа сметките
Ако веруваш овие работи ми се толкава непознатица и за мене и за мој круг на жени. Никад не сме добиле таков третман.
Зборуваш со личност којашто пред неколку години му има кажано на дечкото дај да се видиме, он веројатно изгорен од вакви кокони ѝ вика батали ептен слаб сум со пари моментално. Толку ми беше чудна изјавата, мислев нејќе да се види бара изговор.
Сега врската не беше на ниво на сериозност дома да си идеме му викам дечко ако имаш изговор и нејќеш да се видиме отворено кажи си да се плукнам и во пари и во све ќе испечам костени сеа ти во термос чај спреми и на кеј, парк кај сакаш ќе одиме. И така и бидна.

Работата е во тоа што вие судите спрема тие што ги гледате ви се тип и ви фаќаат око. Јас да поминам пред тебе не би ме приметил, а не сум ни грда ни на кој било начин непријатна за око. Само нејќам да се рекламирам.

Овде вас што нормално и убаво дискутирате, ве исклучувам, ама еве форумот да го земеме за пример. Колку и да ви се различни мислења знам дека ќе уживам во читање на мислење и едвај чекам нотификација, ама има еден круг bullies дежурни. Значи начин на којшто се обраќа на женско и се дискутира, многу ме погодува. Некој рече пример со Ридван. Дали тие Ридванци така си ги напаѓаат и вреѓаат жените по интернет? Јас последно време навистина немам видено машко да го вложува овој труд што викаш ти. Многу убав, многу строен личен, умен народ сме. Нема поголем удар за нас од тоа мажите и жените од истиот да не се сакаат.

И за просечни и потпросечни девојки муабетот. Од каде знаеме од еден Инстаграм според филтрирани селфиња? Онда ја сум подземје јер минимално селфиња имам и највеќе објави ми се за рецензии на филм,книга или честитање празници.

Јас не сум дел од оние што чувствуваат припадност кон ова време и се борам со ветерници да останам своја затоа што како во книжарница инстинктивно ги избегнував најрекламираните книги , така и јас останав во позадните рафтови за тој што навистина треба да ме најде, да ме најде.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.262
Поени од реакции
34.854
Еве со слика да се покаже еден аспект од муабетот овде, пренесено од темата за демографија. Резултатите од ливадарството и од западните „вредности“ :

1737307655396.png
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
158
Поени од реакции
266
Кој кур фактор е Лазарв и неговата сестра?
Шо пропагира Лазаров? Новинарство? Истражувачко новинарство?
Има жута штампа од јутуб канал каде ништо паметно нема да научиш, па дури и да сакаш, а тие што го следат прашање е дали прочитале повеќе од 5 книги во животот.

Каков бенефит ќе имаш ако изгледаш негов поткаст?

Оттаму, кој кур фактор е сестра му за да ја следиш или и гледаш емисија на некој непостоечки јутуб канал и нејзиното мислење да го прифатиш као ВААААУУУУУ па да го коментираш?

Сосема нерелевантни личности и како на такви воопшто не треба да им се придава значение, ниту да се коментираат.

Ние како општество, а тоа е насекаде не само кај нас, имаме проблем со следењето на плебсот на ту мач Џери Спрингер шоуа, па такво е и ова на Лазета и на сестра му гостувањето. Ништо паметно кажано, лупање ко максим по дивизија и на крај кога ќе ја видиш структурата на гости, кога ќе го видиш начинот на изразување воопшто, кога ќе ги видиш ставовите си викаш шо кур јас тука барам?
На шо трошам време?
Голем кур е пошто баш тоа еве овде и на темава ливадарките го подржуваат.
Трендот во Мк не оди на подобро туку на полошо. Се повеќе има женски што се над 30 и ке завршат дома сами со своите мачки.

муабети од типот на ми требаше време да сси ја пронајдам сексуалноста, мажот треба да ме третира како кралица, мажот треба да ми готви, треба да заработува дур јас си го сликам гзот на инстаграм го подржуваат жените. Тоа уствари е феминизмот. Затоа ги гледаш нервозни и искомплексирани баш истите.

среќа не сме толку “напредни” и сме “затуцани” па сеуште има избор во Мк на асални девојчиња во споредба со странство. Каде секоја втора отвара онлуфенс или се разведуба 4-5 пати во својот живот и сеуште го бара вистинскиот.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.131
Поени од реакции
11.693

Во ред, али светски тренд е, не сме ние нешто исклучок или пак имуни сме биле и наеднаш и нас не фати - муабетот ми е, не е од вчера.

Знаеш каде го гледам проблемот?

Проблемот го гледам што ликови ко оваа или ко брат и им се гледаат интересни на народот и тоа не зборуваме за народ кој е необразован или неписмен туку ги следат наставнички, родители, луѓе „во години“ и коа ќе дојди ќе ти речи абе го гледаше ли поткастот на Лазаров ти што треба да правиш?

Шо паметно ќе водиш дискусија со некој кој следи/гледа такви ликови?

Во однос на тоа каде не доведе феминистичкото движење кое му направи повеќе контрауслуга одошто услуга на самите жени може да дебатираме до утре и се согласувам со тебе, но 90% од жените нема да се согласат затоа што под закрилата на тоа „имам право на...“ се протнаа многу работи кои и ние „машките“ ги прифативме здраво за готово па улогите сега се сменети.
Во еден дом последниот збор го има жената и се прифаќаат нејзините идеи пошто мажите не смеат ни да зуцнат.

Капак на сето една исфрустрирана „глумица“ треба да ја гледаме на некој си измислен поткаст *пошто и тоа „водителката“ во обид кој знае чие детиште е, па уште да оправдуваме или осудуваме нечии (т.е. нејзини) гледишта на нештата.

Напротив, таквите луѓе и таквите канали треба масовно да се заобиколуваат, да се стават на маргините и да не ги коментираме, внимание и време потрошено на нив е залудно потрошено време бидејќи никогаш нема да ги смениш нивните ставови: „Не сум јас безгрешна, но не треба и вие да ми судите за глупостите кои ги правам“ и разни дрн дрн флоскули.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.861
Поени од реакции
20.383
Дали оние од Ливадиште се под дифолт Ливадарки?
прашања кои ме мачат (n)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom