Не бе ние убаво правиме разлика очигледно вие не правите разлика па затоа од илјадници бугари на социјалниве мрежи ќе прочиташ дека тој и тој член има бугарско име оти било застапено во Бугарија. Затоа и имате обичај да ја калемите придавката “бугарски“ на се и сешто за потоа да докажвате дека вие сте коренот а сите копијата.Ти очигледно не правиш разлика меѓу бугарско име и име со бугарско потекло.
Автоматски споено мислење:
За потеклото на тие со „ов“ и „ев“ воопшто не сум коментирал. Тоа што го коментирав е до пред 1944 г. мнозинството се „ов“ и „ев“, а по 1944 година мнозинството се „ски“, со исклучок на источниот дел на земјата. Тврдењето на "моите колеги" беше дека Бугарите насилно ги смениле имињата на „ов“ и „ев“, со што јас воопшто не се согласувам. Некои излегоа со крајно апсурдни тврдења дека некој бил тепан за да го смени името од „ски“ во „ов“, што е апсурд на апсурдите.
Автоматски споено мислење:
Околу презимињата на ов и ев самиот гледаш дека се појавиле во прво време како дообјаснување за припадност односно од кого потекнува и тоа не означувало ама баш никакво презиме, за подоцна со појавата на националните држави и нациите сите со закон да си запишат стандард како ќе изгледа презимето во која форма. А тоа ов и ев си означува само припадност од кого потекнува односно чиј син или внук е на пример тој на Јанко е Јанков син, тој на Делче е Делчев. Затоа и во прво време таткото е со едно презиме, синот со друго, внукот со трето затоа што означуваат припадност а не фамилијарна лоза(презиме) Тоа истото го имаш и кај нордиските презимиња кои завршуваат на сон или сен каде означува „син“. Па така Јакобсен би бил син на Јакоб, ама таму нема шизофрена нација која ќе тврди дека останатите на полуостровот имаа нивни презимиња. Фамилијарните имиња односно денечните популарни презмиња каде секоја генерација ќе се идентификува преку презимето е карактерно со создавањето на сопствени држави па затоа Грците го измислија тоа ос,ес па бугарите ете со закон утврдиле како би изгледало едно бугарско презиме итн. Во повеќето држави не се ни мачеле да унифицираат како би изгледало едно презиме што би се идентификувало со одреден народ, нација тоа некако е најизразено на балканот каде имало потреба народите да се одвојат на некој начин од соседите. Јасно ли ти е сега зошто не може додавката ов или ев да означува само и само бугарин затоа што произлегува од придавката на јазикот на кој што си зборувале луѓето. Од истата причина во бугарија исчезнуваат презимињата кои завршуваат на иќ оти тие стануваат идентификација за србин ( а нели србите се смртниот бугарски непријател), а во време на османлиите и тоа како биле застапени како презимиња и во Бугарија и во Македонија.