Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Една од моите омилени личности на форумов.
(не скокај сеа одма од среќа,аманнн) :)

Форумов го користи за да убие досада..да побегне малце од реалноста и да ги пренасочи мислите на некорисни работи.
Се замара со кантер,кисне у играчница и нема асални постови за анализа
Ама ајде ќе откопаме нешо,секако како шо ветив огромна анализа..:lut:

болница. Го обожавам присуството на одредено ниво на морбидност таму.
Најјјс..ова од тебе ме изненади,баш те замислував како некое плашливо суштество..But..ете го од тебе вистинското до израз...
Сакаш адреналин,сакаш да осетиш нешто повеќе освен она секојдневното чувство на мир и спокој.
Ти пријаат интензивни емоции кои ќе те раздрмаат од секојдневието..
Највероватно кога имаш вакви емоции се самоанализираш :)

Изненадуваш за своите години,кои ти ги знам ама еве нема да ги кажам јавно,нека ти бидат 13:)
Сакаш да си поигруваш со мислите на луѓето,да видиш како реагираат кога се наоѓаат во необични ситуации..
Сакаш да манипулираш со нив ,да ги буниш и сл.
Интересно е-знам:)
Собираш некои податоци и заклучоци од твоите мали невини игри,which is a good thing...
Знаеш многу работи за форумџииве,што ме изненадува зашто не те гледам многу во темиве за препуцавање,изглеа само си пукаш сеир,huh:)
Ме имаш збунето многу пати..Се имам пронајдено у некој твој пост ама онака тоа е пишано суптилно и збунувачки..и бледо зеам у постовите најчесто,ама се тешам дека,не бе,везе нема малово:)
Што ми е некако контрадикторно со твојот тајтл..
Се праиш некад со сила на Тошо за да одбегнеш некоја непријатна ситуација,за да не се замараш..
Боље спречити-него лечити,нАли?!

За себе сметаш дека си опасен,дека можеш лесно да повредиш..but,be careful..не знаеш за што е способна една девојка кога ќе ја повредиш..
Чудни ми се некои твои постови..еднаш си загреан максимално-еднаш си ладен ко антартик..послем пак си заљубен...Највероватно тоа се околностите под кои си подлежан..
ПМС!?..:pos:

Љубов..
Ептееен романтичен човек(освен коа си во пмс:pos:),знаеш да ја цениш љубовта,знаеш да ја цениш девојкати..
Предпоставувам дека се осеќа како најсаканата личност на планетава,верувам дека и го покажуваш и докажуваш тоа секој ден.
Се трудам да ги следам твоите постови во “Во врска со љубовта..’’ зашто навистина те бива да напишеш нешто срцепарателно,да ме остаиш без зборови,да ми ја вратиш за миг вербата у машките и како треба да се понашаат..
Слабо покажуваш чувства,страв ти е дека ќе бидеш повреден,дека ќе ја изгубиш заради тоа што си дозволил да ти влезе под кожа премногу,но знај дека ако не дозволиш-никогаш нема да дознаеш како е-wich sucks..
Ми се свиѓа што знаеш да се каеш,да се извиниш за работите што си ги рекол или направил кога ќе видиш дека си ја заебал работта..Имаш осет,ама не и го кажуваш изглеа на осбата на која си и згрешил,...добро..битно си знаеш:)

Ај пак нешо за тебе..
Те ијам приметено дека имаш прилично виско мислење за себе но од друга страна сакаш некој да ти потврди дека е така..
Користиш антоними на она што сакаш да го кажеш,за соговорникот(сопишувачот) да ти го потврди спротивното.
Немаш некоја црвста самодоверба,но на добар пат си да ја имаш.

Знаеш да чуваш тајни зашто размислуваш пред да кажеш нешто..значи да те ијам во план за моите најдлабоки тајни,huh:zlo:

Сарказмот :wub:
Ѕвер си коа ќе истресеш нешо саркастично,затоа и си ми омилен..
Плус ќе откопаш нешто на англиски..Плус смешано со хуморот кој го имашп...
Фантристично:ojea:

Едино..видов у муабетот наш..сум ти смрчела да се држиш до своите ставови,и сеуште го мислам тоа..
Ако некој ти смрчи за твоето размислување,биди упорен и докажи му дека е така..не се предавај во името на мирот...
Бори се до крај:)

Си го сакаш градот од каде си..само ти фали мекдоналс:)
Штом се појавиш на темата за Струмица,одма мењаш дијалект:pos:

Доста ти беше..
Километарска е ич не ми е гајле..
Требаше да ја напраам со фонт седум муахахахха
Кул си ко аватарот,слатко мало
емо
суштесво...
Емо без шишка
Оу јеааааа

Бацкии :back:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
<eдна од најдобрите анализи за мене овде, но и доолга :back:

Магдеее.. спичлес!
Добро си ме прочитала, си ме сфатила да не речам.
Немам забелешка за ништо.. се' е точно до точка.
Сепак мојава за тебе (која е нула, by the way) се исплати.
Благодарам.

:back::back::back:
 
Луси_Лу

Луси не е дека не ја напишав, само не ја пренесов на портокалова позадина, извини, заборавена сум одвреме-навреме.

Тhe Chinese cat-woman од Чарлиевите ангели. Јес да Хали Бери е боље. Brainstorm - Динамичност, брзина, интуитивност, експлозивност, импулсивност, снаодливост, шарм, неодоливост.

Ретко кој што пишува без (доволно) запирки и точки, пишува нешто издржано. Луси does. Луси ја има потребната самодоверба која ја редуцира нејзината потреба од самоконтрола. Could be a good thing, could be a bad one.

Инстант напишани постови зачинети со осуда сведочат за лице кое нема гајле за тоа што мисли за неа Петко или Станко, лице кое се осмелува.
Според мене, понекогаш смелост употребена на погрешни места, понекогаш избор на навидум погрешен вентил за негативната енергија, понекогаш корисна шлаканица за оние што заслужиле просветливање.

Луси не е лоша, лоша е нашата навика импулсивните луѓе без влакна на јазик да ги сфаќаме како лоши. Некој ќе се пронајде во нејзино друштво, некој нема. Ги разбираме и тие и тие.

Луси си има свој круг на луѓе кои знаат која е навистина. Не ја спомнав грижливоста и пожртвиуваноста, но Луси знае дека за мајка нема мака, односно колку и да е нешто тешко, мора да се обиде да го подигне товарот од пелените на свои плеќи. Дозволено ми е идеализирање, така?

Уствари, не ја познавам, но секогаш може да си правиме прототипови на луѓе од форумџиите (Луси станува наутро, оди на утринско џогирање, потоа облекува деловен костум придружен со јак парфем, креативно работи, потоа се враќа земајќи ги децата од школо, прави фина пуканки-прошетка со нив, потоа прави семејна вечера и ги носи децата кај баба за да може намира да ужива во спалната соба со одреден форумџија.) во глава. Затоа е и форумов, виртуелно забавно место.

Ordination closed. Сега чекам анализи.
 
Арно што работкам иначе синонимот деспрет хаусвајфс не ми избега..

Искрена анализа се надевам.. ах колку би сакала да ијам време за тие пуканки шеткања со дечките, арно ама наоѓаме време, идеме и до зоолошка и на колички у парк, значи задоволуваме некој критериум на некое ниво, ги носевме и на Кајгана хуманитарната акција, чисто онака да се истакнеме нели...
А коа сме кај форумџиите и ти не си далеку со мечтите, некако споени ни се м?

Благодарам многу за секој збор, се надевам ќе те задоволам со мојата повратана шат анализа:back:
 
rock-kate:pipi:
Со извинување што каснам со анализава одамна ветена, но избори и немав инспирација.:toe:
Типична Охриѓанка секогаш максимално расположена, незнам дали од градот или од нешто друго.Добив впечаток дека сака да стекнува нови пријателства што е една убава особина посебно за девојче на нејзини години.
Може е помала од мене но се чудам како созреала за толку малку години, и вероjатно за тоа највише заслуга има форумов, и родителите.

За почеток како најдобра особина би ја истакнал способноста да слуша и желбата која ја има да им помага на другите во своите љубовни проблеми, да ме советува и тоа највише го ценам.
Школото и оди но не делумно , сепак тоа не е отценка на нејзиното познавање од сите теми и кежуал персоналити.:salut:
Ужива во животот што и е даден и не се жали за ништо, секој ден и е убав и го живее максимално, едноставно со своите постови не не остава рамнодушни и не полни со одредена доза на позитивност , умереност при некои иронии и што е најважно моралот.Од постовите што може да се забележат дека се од мала содржина но го содржат она суштинското кое треба да го знаеме.:pipi:

Како што можам да претпоставам уметничко рамномерна душа, ја сфаќа вистинската вредност на народната музика и нејзината важност за нашиот фолклор.Доста изнашетано девојче за нејзините години и тоа и дава дополнителна култура на однесување и сепак претпоставувам дека плени со нејзиното коректно однесување и култура ...На изразување претпоставувам.

За љубовта не би коментирал многу , но сепак и посакувам многу среќа...Се надевам ќе најдеш некој кој навистина ќе те цени и нема да бара промени од тебе.:back:
Сака да се дружи и да пие кафе...само опашка да не ти порасне.Животот го сфаќа како една бајка без крај, полна со убави моменти за кои вреди да се живее и се надевам дека така и ќе продолжиш да размислуваш.

Ваков впечаток стекнав за кратко време па се надевам дека ќе се запознаеме и ќе си ги оправдам мислењата.:back:Воедно од подобрите женски карактер што сум го сретнал досега.
 
фала мило, убаво кажано.. ќе ги оправдам убавите зборови на некој од следниве викенди:pipi:
 
Се извинувам на каснењето ама оправдана причина имам..(писмена математика:icon_lol:)

Dark King

Епа ко за почеток воопшто не делуваш дарк.Баш изгледаш како позитивен форумџија со доста смисла за хумор.

Некако во последно ск*рчено ти е од се..Многу ти е монотоно и досадно.Сакаш нешто интересно во животов.Сакаш да смениш некои работи и да искусиш поинакви нешта.Едвај чекаш да прекинат овие денови кој се кој од кој поглупи.

Една од особините која не ја поседуваат многу луѓе е дека ти се обидуваш да бидеш добар и со луѓе кои тоа не го заслужуваат.
Во случај да не успее ти се дистанцираш.Меѓутоа некој работи кои ги искусил лично на своја кожа можеби и му дејствуваат на мислењето.Никогаш повторно нема никому да верува комплетно.
Со луѓето кои му се блиски е поинаква приказна но сепак тој ретко ја кажува вистината и ретко се отвара пред непознати.Тоа пак не значи дека не е друштвен,баш напровив.
Тој добро ги прифаќа другите само не може лесно да се отвори пред непознатите,ги кажува работите ама не во целост.Срамежлив е.:smir:

За некои работи е слеп.Се преправа дека не ги гледа.Можеби затоа што така му одговара.Сака луѓето со гест да ја покажат својата благодарност.Односно дела ,а не зборови!

Секој свој став го брани со аргументи.Дури и кога е во некоја жестока дискусија ретко може да се изнервира.Негова карактеристика е смиреноста.
Што се однесува до љубовта мислам дека не е заљубен.Сака некоја долга врска која почнала како авантура а потоа прераснала во љубов.Меѓутоа до сега ништо такво не дошло.

На моменти е тивок и неамбициозен но сепак во него ја има онаа желба да се биде главен.Меѓутоа никогаш навистина не знае што да прави.
Нешто што не сака....Хмм.....Дефинитивно многу теми од гурманско катче:icon_lol:

Односно сака посложени теми на разговор и дискусија.Значи пред се е паметен човек,но некако го фаќат некоја мрза и не му се оди на факултет.

Дефинитивно еден од омилените личности на форумов.Кој за многу кратко време многу се покажа:pipi:
 
Филип - Фантом

Анализа која ја чекаше повеќе од две недели...

Финиот охриѓанец :)

Човечево го забележав првпат во групата на Талест мембрс J)) Неверојатно високо и фино момче. Најголемиот број постови му е пишуван во Спорт па ќе пишувам мое мислење за тебе од муабетите на мсн.
Филип ги обожава Кисс, си направил и тема на форумов која редовно ја збогатува со нови податоци што не се така често читани од другите членови на форумов освен од неколку членов на Kiss army од кои поголемиот дел се охриѓани. Ги немав слушано до сега ама за да ја направам анализава побарав помош од групава.
Ми се допадна текстот на песната This kiss и во еден дел од песната ги препознав речениците од Фантом од пред некое време.

I don't want another heartbreak
I don't need another turn to cry, no
I don't want to learn the hard way
После некоја врска беше многу разочаран, не е премногу романтичен ама кога е во врска целосно се посветува. По поновите постови забележувам дека му се враќа вербата во љубовта. Има нова љубов, и убаво е што го искажува тоа.
Доста за љубовта кон личност од понежниот пол.
Филипчо е вљубен во Челзи, а Челзи е вљубен во Филипчо. :pos2:

Човеков има ептен добра смисла за хумор со што си обезбедува добро место покрај девојките. Секогаш кога ситуацијата станува премногу напната тој е тука да каже нешто што нема никаква врска и ќе ја прекине расправијата.

Омилената реченица напишана од Фантом. :pipi:
Гласајте за Александар Белов
Не кажав многу ама за моја прва анализа мислам дека е доволно. Да те знаев подобро ќе напишев и повеќе.
Сакам да те запознаам затоа што си еден од моите омилени членови на форумов.
Извини што почека. :pipi:

ПС: Сакав да ставам едно клипче од Кисс ама неможев појма немам зошто, сепак пушти си ја Forever од Kiss и уживај. :back:
 
Има некој расположен за психоанализа, и јас би можел денес да направам една...
 
Има некој расположен за психоанализа, и јас би можел денес да направам една...
Јас се пријавувам и си ја барам и заборавената анализа од личноста што ми вети:kesa:
 
Како прво ја пишувам оваа psyho анализа за една личност која ни под никој случај не ме натера да ја пишувам и не ми даде никакви закани туку своеволно ја пишувам.
Се работи за една личност на форумов која барем мене ми остава силен впечаток. Пишува своеглави постови и воопшто не и е гајле дали некој не се согласува со тоа заради тоа зашто е самоуверена во тоа што го мисли, нешто што е доста значајно за градење на цврст карактер и личност. Колку што сум приметил мислам дека е приземјена и и е омилено да приземјува луѓе но барем со добра намера. Секогаш прва за иницијативи за подобро нешто и со себе влече други. Независна и силна во која било област. Не и се допаѓаат неправдите и често се бори против нив. Ретко се нервира за глупости (дали воопшто се нервира за нив). Добра пријателка, весела, комуникативна и пред забележана од околината. Ова ми е прва анализа и малце сум тапа па затоа ке ставам некои слики кое ме потсетуваат на незе.

images

votesforwomen.jpg

И да тапа сум јас. Знам дека е лошо.
 
Пробистипка:pipi:

Од моето зачленување на фоумов меѓу првите личности што се трудев да ги запознаам беше таа.Се возхитував од нејзините мислења и потоа едно време ја снема.

Иако малце ја познавам знам дека е прекрасна личност далеку поразлична од другите девојки со свое хоби, сака да игра кошарка и да спортува.Не го сака алхохолот и како што гледам им има скршено срца на голем број на машки со нејзината женственост, итрига и мистичност.:salut:

Нее девојка за луди забави и пијанчење па потоа и повраќање и смета дека тоа е најнегативна особина кај машките , тука не ги цени по тоа кој колку може да испие тука по нивната длабока искреност, љубовта и сфаќањето кон светот, значењето на животот.

Знае да сака многу у многу често им се доверува на пријателите, понекогаш се повредува и разочарува од тоа што погрешно проценила некоја личности за тоа се кае.Лесно не им опростува на предавниците а смета дека лагата е една од најлошите особини кај луѓето.:smir:

Мрази да и дудлаат, тука сака искажување на длабоки чуства, ценење на вистинската личност и мрази луѓе кои носат "маска"и се преставуваат различно во очите на другите од тоа што вистински се.:pipi:
Сака добра музика но не смета дека таа треба да е основа на меѓусебни навреди и формирање на стереотипи во однос на музиката:helou:

Мене ми делува ко доста романтична личност која живее во свој свет на фантазии, свет без граници и правила каде живеат такви романтичати кои го гледаат светот од друга посветла страна.
Го сака убавиот живот, ми изгледа ко доста начитана личност спремна за предизвиците во животот, љубител на добра поезија и на интересни романи.:pipi:

За љубовта не би коментирал но би претпоставил дека коски се кршат за кој да дојде до неа, но таа сепак внимателно одбира зошто никако не сака да биде повредена.:wink:
 
Јас сакам. :pipi: Ама не се барат за возврат, така? Не сум ногу по психоаналзиве зш....
Дидиди, на. :back:

Пчелка

Секогаш ми било тешко да склопам убава психоанализа за чоечиња шо ми се мили, ама ево, обид број еден:
Ова суштество навидум е полно со ароганција и незаинтересираност, ама само навидум. После неколку муабети каде Пчелка ќе доминира неизбежно, ќе сфатиш дека нејзината хиперактивност всушност е виталната водечка сила во моменталното друштво. А, заборавив да спомнам и дека срамежливоста кај нејзе е сведена на минимум. Океј, мувинг он…

Рационалното размислување за решавање на туѓите проблеми, може истовремено да биде како студен туш кажано од нејзина уста, но кога малце ќе размислиш, сфаќаш дека сето то има смисла. Е сега, кога сме кај решавање на нејзините проблеми и љубовни јадови, пчелкава е створење кое знае понекогаш и да ги прикаже како крај света, за потоа да се задлабочи во тој проблем до детал и на крај да извлече розов крај кој веќе споменатиот проблем го прикажува како не толку битен. (ко џимеј сум со цитативе):
Пчелка напиша:
Дефинитивно не ги поднесвам работиве како нешо секојдневно. Било да е мал или голем проблем, навлегвам шо подлабоко во суштината.
Го посветвам всушност целото време на нивно решавање.
Е ова го мислев.:)
Мене оваа нејзина карактеристика ми се свиѓат најозбилно, поради сето тоа разглобувања сфаќам некои работи кои дотогаш изгледале како небитни, а ги дознавам од девојче кое би требало да има доста помало животно искуство од мене.:) Сфати го ова ко компликација(комплимент де(шега)).

И покрај тоа што не си премногу речита, мојш многу добро да ги пренесиш твоите мисли во пост, а во живо се разбираме ради твоите, на моменти, екстремно смешни и шеговити компарации, кои и покрај то шо се смешни битно се доловува поентата на муабетот.:)

Све друго шо ќе напишам ќе е излишно и немат многу да наликвит на психоанализа туку на искривоколчен обид за шминкање на досегашнава, така да уживај(или не) со досега напишаново. Те бубнувам хе.
 
Има кандидат некој мене да ми направи ?:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom