Рејтингот на вмро многу е опаднат после случувањава од јуни на вака. Јас ги гласав и на парламентарните и на претседателските лани, го сторив тоа и на локалните 2021 и на парламентарните 2020 ама факт е дека работава не им чини. Не верувам да направат некој голем потоп како што пиша во првото мислење ама верувам дека ќе направат добри резултати не бидејќи конечно после 7 години нешто се смени, туку затоа што конкуренцијата им е слаба. За ездеес муабет да не правам, ако Венко си јаде трици по телевизија дека биле спремни за локални, не друже не сте, се лажеш. Не верувам да постои будала која лани на генералните избори не гласал за ездеес па сега да се премислил и рекол ,,убаво им тргна, ќе ги гласам". Ноу ноу
Верувам дека левица годинава ќе добие многу. Еве кажувам ако извади кандидат во мојата општина со две раце ќе го заокружам.Верувам дека ќе успее да земе барем една општина, најверојатно ќе биде некоја hardcore ездеес општина која и при ваков дебакл лани успеаа да ја победат. Пример Крушево, Маврово и која беше таму друга. Можат да земат и по стариве hardcore ездеес општини кои годинава ги изневерија и ја сменија бојата после преку 20 години, пример Струмица, Берово, Делчево, Куманово, Карпош, Центар, Дојран, може и Крива Паланка да се спомне... Друго се претседателски и парламемтарни, друго се локални. Левица екстремно лош резултат на претседателските извади ради лошиот кандидат. Апасиев да се кандидираше или некој поасален од Билјанчето, 100.000 гласа ако ме извадете глава да ми ја сечеш. А и за парламентарни е друго бидејќи сите сакаа да ги казнат социјалдемократите па гласаа за вмро за да премине прагот од 61 пратеник и да не мора да му се лижи на аљи (ама вмро заедно со знам имаше над 61 пратеник па пак му се личеше, само не сега на аљи туку на арбенчо и на гаши), па ги занемаруваа помалите партии. Доколки вистина годинава имаме двојни избори, левица над 10 пратеници зема 100%, апасиев е единствен политичар со муда и народот тоа го цени.
Ај да не филозофирам, се распишував ко улав не знам која будала ќе издржи до крај да го чита. (Имам ја уште за пишување ехееј, ама ај наредна прилика)