Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    800
Убо реков јас, реалноста е толку изобличена што на црно се вели бело, а на бело црно. Што точно очекуваш да ти речам ? Дека во ЕУ не владее правото, а во Русија и Кина цвета демократијата, економијата и луѓето уживаат во невидена слобода ? Дека македонските печалбари се туркаат во редици пред руската и кинеската амбасада за работни визи ? Ајде малку реалност, не барај од мене да ја извртувам вистината само затоа што тебе така ти одговара.
Автоматски споено мислење:


Зборуваш за извори и објективност, но целосно го игнорираш поширокиот контекст на проблемот. Факт е дека ситуацијата со Ујгурите е меѓународно признат проблем, документиран од независни организации како ОН, Хјуман Рајтс Воч и Амнести Интернешнл. Ако навистина сакаш извори, можеш да пребаруваш низ нивните извештаи наместо да се фокусираш на пропагандни слики и селективни примери.

Што се однесува до споредбата со Грција, тоа е типичен обид за дефокус. Никој не негира дека Грција има свои проблеми со малцинствата, но твојот обид да ги релативизираш репресиите во Кина со тоа што ќе укажеш на грчки практики е само бегство од суштината на дискусијата.
Затоа, пред да бараш извори само од мене, земи и ти прочитај нешто надвор од пропагандни памфлети и избрани примери кои одговараат на твојот наратив.

...и после сите релативизирања од твоиве дописи, дај конечно прејди на решенијата...

Благодарам.
 
Последно уредено:
Во 2024 година втората најсилна армија во светот, руската, освои вкупно 2.800 км2 во Украина платени со десетици и десетици илјади жртви.

Патем, Украинците уште им држат околу 600км2 во Курск и не можат да ги избркаат од таму.
 
Ајде да расчистиме нешто, завршени имам два факултети, едниот на УКИМ со просек 9,56, а другиот во Хрватска. Зборувам перфектно англиски германски и хрватски, додека турскиот и македонскиот не ги ни рачунам, тие ми се на ниво на мајчин јазик. Со ова ниво на образование и познавање, за тебе и сличните можам слободно да бидам декан, а не да се објаснувам на анонимен форум со ликови кои дури и темелно прашање не можат да постават без навреди и фрустрации. Во меѓувреме, ти препорачувам да се тргнеш од навредливите етикети и малку да ја подигнеш дебатата на ниво достојно за возрасен човек. Секташ мекташ на страна тие зборчиња оти нема да постигнеш ништо со тоа.
Автоматски споено мислење:


Овде на овој форум изгледа владее една чудна болест , на црното се вели бело, на белото црно. Јас изнесувам реални факти, а реалноста овде е толку изобличена што ако речам дека главен град на Македонија е Скопје, сигурен сум дека ќе се најде некој што ќе се обиде да ми докаже спротивното. До тој степен е отидена работата. Не прифаќам никој да ме прави будала и да ми продава лаги како вистина. Затоа понекогаш пишувам подолги одговори , не затоа што уживам во тоа, туку затоа што не дозволувам некој да ме дупи во здрав мозок.
Шом имаш два факултети,готово крај.Алфа и омега си на форумов.Абе Фрчко беше професор на факултет па им ја расплака мамата и на студентите и на државава.Кај него зборот објективност не постои,само ароганција.Подобро овчар да беше барем нема да направеше толкава штета на Македонија.
 
Последно уредено:
Во 2024 година втората најсилна армија во светот, руската, освои вкупно 2.800 км2 во Украина платени со десетици и десетици илјади жртви.

Патем, Украинците уште им држат околу 600км2 во Курск и не можат да ги избркаат од таму.

2024 година Русите држат скоро 20% од целата Украинска територија или 115.000 м2 додека Украина има цели 200 м2 во Курск.

Кога ќе разбереш дека веќе е војна во бројки кој подолго ќе издржи не само во територија ? Русите веќе ја имаат освоено поголемиот дел од територијата каде што се нивните односно Руси, се што ќе дојде во наредниов период е само плус.
 
2024 година Русите држат скоро 20% од целата Украинска територија или 115.000 м2 додека Украина има цели 200 м2 во Курск.

Кога ќе разбереш дека веќе е војна во бројки не во територија ? Русите веќе имаат освоено поголем дел од територијата каде што живеат „нивните“.
Нема 200км2, туку 600км2 што ги држат Украинците.

Русите немаат освоено ништо од харковска, николаевска, дњепропетровска и одеска територија каде исто така живеат голем број нивни, со што може да се заклучи дека целата операција им е дебакл.

Украинците од проруски народ станаа анти-Руси во рок од 10 години. Уште еден дебакл на руската политика.
 
со што може да се заклучи дека целата операција им е дебакл.
Taка е Нејкед! Уште една интернет победа денес а оваа ТИ ја извојува... Три пати ура за НАФО: Ура! УРАА!! УРРРААААА!!!
 
Нема 200км2, туку 600км2 што ги држат Украинците.

Русите немаат освоено ништо од харковска, николаевска, дњепропетровска и одеска територија каде исто така живеат голем број нивни, со што може да се заклучи дека целата операција им е дебакл.

Украинците од проруски народ станаа анти-Руси во рок од 10 години. Уште еден дебакл на руската политика.

Имаш мапа можеш да видиш со неколу клика дека се 200 не 600 м2 како што пишуваш

И што дека немаат ? Пак ти пишав погоре веќе е игра во бројки и време, Русите ги навлекоа Украинците на фронтови на кои нив највеќе им одговара да се борат а тоа е во близина на нивните најголеми упоришта во правец на Доњецк и Луганск

Украинците секако тргнаа кон анти Руски пат кога го избраа Еу и Нато, а колку добија од вртењето кон тој пат еве гледаме. Еден куп Украинци загинати или инвалиди, милиони избегани на Запад а другите живуркаат во полураспадната Украина чекајки милостина.
 
Нема 200км2, туку 600км2 што ги држат Украинците.

Русите немаат освоено ништо од харковска, николаевска, дњепропетровска и одеска територија каде исто така живеат голем број нивни, со што може да се заклучи дека целата операција им е дебакл.

Украинците од проруски народ станаа анти-Руси во рок од 10 години. Уште еден дебакл на руската политика.
Абе не знам шо уште се замараш.Не гледаш дека украинските сили се исцрпени и масовно дезертираат?Ова не е од проруски извори туку сторија од FRANCE 24.Побарај на You Tube за да ти стани појасно каква е ситуацијата на терен.
 
Во меѓувреме циркузот продолжува...


Автоматски споено мислење:

Се разбира дека нема да има никаков договор кога другата страна бара да се откажеш од причините заради кои си ја почнал војната... И тоа од позиција на немоќ.
Ама заеби реалност, Украина ќе идела во нова офанзива.








 
Грујо правеше отстапки на Албанците исто ко СДСМ. Заборај го Грујо. Не се враќа више. Помири се и погледни во иднината.
Nikade ne go spomnav Grujo jas, samo te prasav od koga tebe pocnaa da ti precat nevladini. Do skoro sosem ok ti bea, se krstese vo niv. Sega te citkam druga ploca svrti.
Patem receno pomiri se i ti so idninata, ke ti niknuvaat djamii, ke delis vozduh so vahabisti i raznorazna shiptаrana dodeka si ziv i uste dolgo dooooolgo potoa. Djabe se penjavis, podobro bi ti bilo da se prilagodis i naviknis na niv.
 
Зборуваш за извори и објективност, но целосно го игнорираш поширокиот контекст на проблемот. Факт е дека ситуацијата со Ујгурите е меѓународно признат проблем, документиран од независни организации како ОН, Хјуман Рајтс Воч и Амнести Интернешнл. Ако навистина сакаш извори, можеш да пребаруваш низ нивните извештаи наместо да се фокусираш на пропагандни слики и селективни примери.

Што се однесува до споредбата со Грција, тоа е типичен обид за дефокус. Никој не негира дека Грција има свои проблеми со малцинствата, но твојот обид да ги релативизираш репресиите во Кина со тоа што ќе укажеш на грчки практики е само бегство од суштината на дискусијата.
Затоа, пред да бараш извори само од мене, земи и ти прочитај нешто надвор од пропагандни памфлети и избрани примери кои одговараат на твојот наратив.

Кои пропагандни памфлети? Слободното практикување на ујгурскиот јазик, ујгурски натписи на фирми, институции и сообраќајни знаци, учебници на ујгурски јазик, како и џамии за тебе се пропаганда? И доколку ова за теб е е пропаганда, тогаш дај да видиме таква „пропаганда“ и во Грција, Турција, Летонија и Естонија?

Дефокус е споредбата со Грција? Прашај ги Турците од Грција со какви проблеми се соочуваат со погребување на своите покојници, како и со колку дополнителни трошоци, стресови и организации треба да вложат за да може да најдат муслимански гробишта да ги закопаат, ама изгледа тоа не е обид за нивно верско бришење, бидејќи тоа не си го прочитал во UN, HRW и Amnesti International.

Велиш Факт е дека ситуацијата со Ујгурите е меѓународно признат проблем, документиран од независни организации како ОН, Хјуман Рајтс Воч и Амнести Интернешнл.

Откаде знаеш колку тие извештаи се објективни и дали се прокинески или антикинески настроени? За да донесеш суд треба да ги сослушаш двете засегнати страни - затоа ти реков за одреден настан дај извори на ујгурски јазик и дај извори на кинески јазик, па да споредиме и да заклучиме кој е во право.

Инаку, Oва е стрит вју oд 2014 г. на градот Кашгар каде Ујгурите се мнозинство (86% Ујгури): широки булевари, зеленило покрај нив, дрвја, жардинерии, цвеќиња, подземни пешачки премини на поголемите раскрсници, средени автобуски постојки со клупи и натстрешници,2 пристојни автобуси, многубројни такси-возила, тројазични сообраќајни табли (ујгурски - горе, кинески на средина, англиски - долу), двојазични имиња на фирми, убаво средени мостови, средени реки и пошумени и зазеленети кејови и паркови, старо градско јадро, не можеш да видиш улични кучиња и мини-депонии, деца и постари што просат на семафори... - поим за Скопје, каде што ќе те (ќе не) изедат кучиња на плоштад и во двор на Клинички Центар итн.
1735570573198.png
1735570703564.png
1735571259629.png
1735571699922.png
1735572570446.png
1735572754058.png
 
Последно уредено:
Najgolem argument za toa deka si turski nacionalist e sto go negiras grnocidot vrz ermencite i etnickoto cistenje na kurdite vo mala azija

Нема тој што да негира или потврдува. Еве му карта од 1918 год, црно на бело, каде јасно се кажува дека 800 000 Ерменци биле измасакрирани од страна на Турците во изминатите четири години.

1735583069361.png

1735583218071.png
1735583196603.png

 
Последно уредено:
Приказните за почитување на малцинските права во Кина се чиста фасада. Натписи на ујгурски јазик на автобуски станици и продавници не значат ништо кога зад кулисите има систематска репресија, масовно затворање во „образовни кампови“ и обиди за културолошко и верско бришење на еден народ. Ги гледаме извештаите на меѓународните организации, сведоштва на бегалци и бројни истражувања кои го потврдуваат ова.

Кинескиот режим е мајстор во создавање привид на хармонија, додека зад завесата се спроведува едно од најинтензивните културни и етнички бришења на модерното време. Декоративните натписи на јазикот на малцинствата не можат да ја сокријат суровата реалност на политиките кои се спроведуваат врз Ујгурите.
Автоматски споено мислење:


Добар обид, ама споредбата е неумесна. Во Лерин, Ван и Нарва не зборуваме за масовни затвори, „образовни кампови“ и систематска асимилација како во Кина со Ујгурите. Натписите се само површен декор вистинската слика е далеку помрачна.

Кина користи двојазични знаци како параван за да го скрие она што го прави зад сцената. Затоа, обиди се со подобар аргумент, овде не зборуваме за натписи на автобуски станици, туку за човечки животи, идентитети и слободи кои секојдневно се газат.
За жал муслиманските малцинства кога ќе станат мнозинства, или кога малку ќе го зголемат својот број, вршат терор врз немуслиманите. Видено на многу места во светот, па и кај нас.
Затоа Кина има подруг пристап, кој ќе и вети мирна иднина. Остатокот од светот треба да се угледа на Кина доколку не сака еден ден да стане она што е денес Западна Европа или Македонија.
Муслиманскиот карактер на Западна Европа треба на секој нормален Македонец да му посочи за кого треба да биде у оваа војна во Украина.
 
Back
На врв Bottom