Сулејман Демирел, Тансу Чилер и таа група беа единствена вистинска прогресивна опција за модерна Турција. Овие исламизми панисламизми и слично ќе им се удри од глава, во Турција ќе има војна во блиска иднина, Ердоган не може да си го става на маса за мерење со поголемите од него.
Ајде малку пообразовано да зборуваме, а не како на некоја кафеанска дебата. Сулејман Демирел и Тансу Чилер секако имаа свои придобивки, но и нивните влади не беа без корупција, нестабилност и економски кризи. Да не заборавиме дека Турција во 90-тите беше далеку од стабилна политички и економски.
Што се однесува до предвидувањата за граѓанска војна, тоа се празни зборови кои се повторуваат од 2002 година, па еве, 20 години подоцна Турција е сè уште стабилна, економски динамична и геополитички фактор.
Ако мислиш дека Турција не може да се мери со поголемите, тогаш објасни како Ердоган успева да балансира меѓу НАТО и Русија, да ги затвори договорите за енергетика, да биде еден од клучните актери во геополитиката и да ја гради својата одбранбена индустрија.
Гледај малку пошироко и информирај се подобро пред да фрлаш со апокалиптични сценарија. Турција не е експериментална и банана држава како некои овде на балканот.