Сега па во Загреб 15 годишен ученик влегол со нож во основно училиште во училница со првооделенци. Едно дете починало, а имало и неколку повредени.
Не може, а да не се запрашаме ние како возрасни единки, како е можно да се случуваат вакви ужасни настани, во училиштата, кои треба да бидат места на безбедност, учење и поддршка на децата. Очигледно е дека длабоките проблеми кои доведуваат до вакви девијантни појави, не се решаваат со текот на времето и дека колку повеќе го игнорираме ова, толку само ќе продолжат да се повторуваат ваквите случувања.