На МРТ треба да им се дозволи да емитуваат реклами и да заработуваат пари и приходи од маркетинг. Да им се дозволи да имаат право минути по час за реклами исто како што имаат и приватните телевизии.
До некаде 2001/2002 или 2003 година МРТ емитуваа реклами колку сакаа и им личеше на нешто програмата.
Да, сериозно МРТ во 90-тите година од минатиот век и првите 2-3 години од овој век емитуваа реклами во голема количина и имаа приходи со кои пуштаа солидна програма од странска продукција на играни и сериски филмови, спорт Премиер Лига и НБА и формула 1 и зимски спортови, квизови, Лото и легендарното тв Бинго со Игор Џамбазов.
Дури и топ шоп производи МРТ рекламираше во тоа време, денес ХРТ во Хрватска слободно рекламира Топ шоп производи за споредба.
Но ете потоа законски со закон им го укинаа правото на МРТ на маркетинг и почна падот на МРТ. Тв претплата отсекогаш малку се плаќаше во тој период и само поради приходите од маркетинг МРТ во тој период можеше да им парира на приватните тв станици А! и Сител.
ХРТ емитуваат еден куп реклами иако имаат огромни приходи од тв претплата.
РТС исто многу реклами пуштаат и покрај тв претплатата.