ИТ фирми и пракси во Скопје

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Заглавив малку doomscrolling на тема .мк програмери на twitter.

Твитов ме изненади, не очекував дека ке стигнеме до lvl договарање за плати. :(
Прегледај го приврзокот 434592
И? Ако се договарале во 2013-2014 за платите, успеале ли?
Колкави беа платите пред 2 години ? Од 2013 до 2022 платите непрестано растат, така да приказни за мали деца ти е сторијава. Може се договарале, а дали се договориле... не баш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.392
Ако како вработен менуваш многу работи во индустријата и не се задржиш барем на еден продукт од почеток до крај, немаш баш многу искуство. На пример идењето лајв и хаосот околу тоа ако не си го осетил, ако не си створил посветеност на проектот, џабе ти е што знаеш да куцаш, тогаш си само куцач, а не програмер. И точно е дека покрај сувото иде и суровото деновиве, но квалитетот што се нуди сега на пазарот на труд е бајаги подобар него што беше претходно. Денеска можеш да најдеш доста квалитетен кадар.
Автоматски споено мислење:

Ако сакаш да градиш кариера, ќе мораш да останеш во дадена индустрија/фирма. Нема шорткат. Од мое искуство, во секоја индустрија да станеш експерт ти треба околу 2-3 години. Притоа нема да ја научиш индустријата уздуж и попреку, но ќе знаеш да се снајдеш многу добро. Јас досега сум сменил 5 индустрии и горе-доле толку ми требало да се снајдам во секоја и да ме сметаат за експрет, 2-3 години.

Ако на пример ти си останал во дадена индустрија 3-4 години, тогаш за мене си погоден да те вработам и да те сметам за сениор. И нема да имам проблем дека ти треба време да се снајдеш во индустријата. Тоа мене ми значи дека ти градиш кариера, а не трчаш по плата на секој кој ќе ти пише на linkedin. Ако имаш 7-8 години искуство, а не си се задржал во фирма повеќе од 6 месеци.... исто ко да немаш искуство.

Не е брутална индустријата, едноставно многу лагано се научивте и сега наеднаш го снема дизниленд и почнуваат плачки.
Автоматски споено мислење:

Квантитетот со тек на време станува квалитет. Сега како што стои ситуација, да ти е страв да земеш мид, а не пак некој јуниор. Поради таа причина е сетбек. Јас пред 3 години морав да вработувам јуниори и да ги обучувам за да имам ресурси, денеска имам добри ресурси на берза на труд, па така нема воопшто да се замарам со јуниори. Претпоставувам секаде е така, а тоа значи нема шанса за јуниори, не се развива индустријата со свежи кадри, значи... сетбек.

Све на све мајндсетот кој аусорс фирмите го направија кај вработените донесе до една ваква една ситуација.
Duri i da si rabotel za eden produkt celo vreme ne znaci deka nema da bides sutnat. Povekjeto firmi kaj nas se takvi, outsorce,i normalno e prv da letas. Denes moes da najdes mn kvaliteten kadar zaso se izbrkani eden kup lugje :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Duri i da si rabotel za eden produkt celo vreme ne znaci deka nema da bides sutnat. Povekjeto firmi kaj nas se takvi, outsorce,i normalno e prv da letas. Denes moes da najdes mn kvaliteten kadar zaso se izbrkani eden kup lugje :D
Не спорам, гледам само од друг аспект. Луѓето што работеле на еден проект/една индустрија подолго време, би биле мој избор кога би ги вработувал. Од тој аспект, таков еден човек би имал предност кога би барал работа.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.508
Поени од реакции
8.200

Хммм... малце ти е релативен целиот муабет.

Не значи дека ако јас работам во risk management, cash management апликација 100 години, дека ќе бидам експерт во некоја друга бранша од финансиски софтвери (пример банкарство или некаква форма на плаќање). Дотолку повеќе, човек кој можеби има сменето 3 индустрии многу побрзо ќе го укопча конкретно тој домејн (банкарство) наспроти оној кој работел во друга гранка од финансии.

Исто така, тоа е аспект кој што воопшто не се интервјуира и не се разгледува при интервјуирање (најчесто бидејќи е скоро невозможно да се процени). Колку ти уствари како девелопер разбираш бизнис/домејн логика и концепти во реалниот живот. Или пак да ти го проценат потенцијалот колку ти брзо и лесно можеш да качиш левел во разбирањето на домејнот што го афектира тоа софтвер решение кај кое би работел.

Мислам дека ова е ептен underrated skill во програмирање.

Сепак мислам дека луѓе кои што смениле индустрии повеќе на секои 3 години да речеме имаат искуство од повеќе бранши и самото навикнување на нов домејн и многу побрзо капираат им е далеку полесно отколку луѓе кои корења фаќаат 7-8 години во една фирма под закрила дека они сакаат експерти да бидат (има и такви пациенти што сметаат дека лојалноста ќе ги однесе далеку во животот), а уствари немаат нит кликер нит мадиња да излезат од комфорт зона.

Тоа што компаниите се површни и гледаат години како бројка наместо посовесно и потемелно оценување на некои ствари, е друга приказна.
Пример, никогаш не сум слушнал во некое интервју некој да ме праша, пример, како ти беше switch-от помеѓу индустрија X и индустрија Y... како се вклопи, каде ти беа тешкотиите и тн и тн, кои беа разликите во бизнис и домејн логиката, како тоа ги подобри твоите вештини како програмер... туку баш површно и закрепостено ти ги гледаат годините и слепо донесуваат заклучоци.
 
Е сега, околу тоа кој колку глави во одредена индустрија. Јас сум тип на човек, кој не може многу да издржи во една индустрија, пошто се заситувам и ми станува досадна. Но има луѓе кои едноставно сакаат да си останат во една индустрија. И тоа не само заради комфорот, туку едноставно добро и сигурно се осеќаат. Тоа не значи дека не ги бива или дека не можат да се снајдат во друга индустрија, туку едноставно сакаат да си градат кариера на едно место или во една индустрија или едноставно не сакаат нови предизвици, си уживаат во рутината, такви луѓе се, не се авантуристи. Можеби се во заблуда можеби не, можеш да мислиш што сакаш, но тоа е субјективно мислење. И не би брзал да ги наречам пациенти без кликер и без мадиња. И тоа нема врска дали се лојални или не.

И кога веќе зборуваме за лојалноста. Јас во секоја фирма што сум работел сум бил ектремно лојален (и на фирмата и на тимот во којшто сум работел) и тоа ме однело доста далеку во животот.

Што се однесува до интервјуа... Што можеш да дознаеш за еден човек од интервју или еве од неколку интервјуа? Не е дека не си во право за тоа од кој агол гледаат нашите компании, но од друга страна на интервјуто може полесно да се продаде некој што е поречит и нема да ти врши работа, одколку некој што се заддткуе, а би бил перфектен за позицијата. Како што и сам кажуваш, многу тешко е да се процени колку на некој би му требало да се снајде. Но тоа е, некогаш правиш добар избор, некогаш лош. Некогаш човекот е технички супер и баш таков каков што и треба на фирмата, но едноставно не се вклопува, ниту се пронаоѓа во околината.

И ете ако те прашам јас каков ти беше свичот од индустрија А во индустрија Б, што ќе одговориш? Кога менуваш индустрија почнуваш буквално од почеток. свичот ти е исто каков што ти бил почетокот од претходната индустрија... Што ќе одговориш? Ќе измислиш приказна некоја или ќе кажеш анегдота? Едноставно кога ќе смениш индустрија си како од Марс паднат. Прашањава ми се некако излишни кога ќе размислам, а можеби и грешам. Едноставно прашуваш што и како работел во индустријата, доволно е тоа за да сватиш од прилика. Јас повеќе се интересирам за мотивацијата на човекот и желбата да го работи тоа што се работи во фирмата. Затоа интервјуто треба да е двострано, треба и кандидатот да знае точно за каква работна позиција се кандидира и какви се принципите и процедурите на таа работна позиција, така можеш делумно да оцениш дали има желба да работи за фирмата или не.
 
Последно уредено:

Ок, моја грешка, лошо се изразив за немање кликер. My bad.
Има х причини зошто некој останува во една фирма долго време, може се му е океј, може ова го третира како работа и стрикно земање кеш и тн и тн.
Критикувам луѓе што стереотипизираат, а и ја го правам, ете. :D

Сепак можеш да дознаеш за искуствата на кандидатот, зошто менува, може на тоа да се гледа прилично позитивно, а не одма со етикета дека е лошо да се мења секои 3 години, ако и само ако тој што те интервјуира и ти како интервјуиран сте ПРИСУТНИ, зборам ментално, когнитивно, психички во целосна смисла - присутни. Ако тој кому му објаснуваш навистина те слуша наместо да гледа да му помине времето.

Многу пати се случувало да луѓе со 10 години во една фирма те интервјуираат и немаат свест дека некои патерни или концепти е сосема нормално и природно различно да бидат имплементирани во компанија А и компанија Б од Х причини (архитектура, инжинерски практики, бизнис потреби и тн и тн).
Затоа сметам дека е битно човек да биде изложен на повеќе индустрии, во повеќе компании, бидејќи нештата имаат голема разлика. А ако не менуваш, и ако си лојален десетици години, губиш допир со реалноста дека еден концепт има бескрај можности, и почнуваш да мислиш дека вашиот во вашата фирма е единствен прав и вистински, најчист концепт во историјата на програмирањето. Колку и да викаат дека се "свесни", пак тие 10 години оставиле трага во нивното програмерско и сеопшто его.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.431
Поени од реакции
13.493

Да се надоврзам, има луѓе со 10 години искуство, секоја година во различна фирма, а едно SQL query не можат да напишат како што треба.... Затоа веројатно постојат тие тестирања дири и за такви 'сениори'.
Со оглед на ситуацијава сега, тешко дека ќе можат така лесно да се 'шалтаат' низ фирми.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.221
Поени од реакции
1.270
...
Исто така, тоа е аспект кој што воопшто не се интервјуира и не се разгледува при интервјуирање (најчесто бидејќи е скоро невозможно да се процени). Колку ти уствари како девелопер разбираш бизнис/домејн логика и концепти во реалниот живот. Или пак да ти го проценат потенцијалот колку ти брзо и лесно можеш да качиш левел во разбирањето на домејнот што го афектира тоа софтвер решение кај кое би работел.
....
Ова можеш да го дознаеш само ако му дадеш задача на кандидатот од доменот во кој што работиш. За повисоки позиции, некогаш не ти ни бараат код. Пример, на последното интервју каде што бев, решението на задачата ми беше документ од 2-3 страни каде што објаснив како го разбирам проблемот, понудив решение и чекори (алгоритам) како да се изврши.
После техничките способности, тоа е тоа што највеќе те интересира за некој човек. Кога ќе му пратиш некаков таск, како ќе почне да го решава? Какви претпоставки ќе направи за работите што не му се јасни? Ова е тешко да го откриеш во живо, каде што времето за програмирање/мислење е кратко и кандидатот е под притисок. Реалноста е дека многу ретко некој ќе куца код во такви услови.
Штета што повеќето фирми не сакаат да интервјуираат на овој начин. Не сакаат да ги замараат кандидатите (а и тие што го прават интервјуто) со додатни работи. Најлесно им е да направат техничко интервју и толку.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Ок, моја грешка, лошо се изразив за немање кликер. My bad.
Има х причини зошто некој останува во една фирма долго време, може се му е океј, може ова го третира како работа и стрикно земање кеш и тн и тн.
Критикувам луѓе што стереотипизираат, а и ја го правам, ете. :D

Сепак можеш да дознаеш за искуствата на кандидатот, зошто менува, може на тоа да се гледа прилично позитивно, а не одма со етикета дека е лошо да се мења секои 3 години, ако и само ако тој што те интервјуира и ти како интервјуиран сте ПРИСУТНИ, зборам ментално, когнитивно, психички во целосна смисла - присутни. Ако тој кому му објаснуваш навистина те слуша наместо да гледа да му помине времето.
3 години во една фирма спрема мене, не е малце време. Сосема е доволно да навлезеш во дадената индустрија. Мене повеќе ми се ред флег оние што менуваат на помалце од година. Но да се разбереме, не секој има среќа да се совпадне со тимот од одма. Па така и тој момент не може да збори за квалитетот на човекот. Можеби човекот би се вклопил супер во тимот, а ти му пресудуваш само спрема тоа на колку време менувал фирми. Знаеш луѓе кои менувале фирми многу често, после извесно време, можеби ќе сакаат да се заседнат во една фирма, па така тој човек може да даде и екстра ефорт. Генерално одлуката се гради според повеќе инпути, не само еден. Тоа ми е главната поента. Но дефинитивно ако се двоумам помеѓу два кандидати, можеби подсвесно ќе одам накај оној кој има повеќе фирми со над 3г. искуство. Затоа и реков во тој поглед луѓето кои имаат повеќе искуство во една индустрија се со поголема шанса да бидат примени во ситуацијата каква што е денешната.

Многу пати се случувало да луѓе со 10 години во една фирма те интервјуираат и немаат свест дека некои патерни или концепти е сосема нормално и природно различно да бидат имплементирани во компанија А и компанија Б од Х причини (архитектура, инжинерски практики, бизнис потреби и тн и тн).
Затоа сметам дека е битно човек да биде изложен на повеќе индустрии, во повеќе компании, бидејќи нештата имаат голема разлика. А ако не менуваш, и ако си лојален десетици години, губиш допир со реалноста дека еден концепт има бескрај можности, и почнуваш да мислиш дека вашиот во вашата фирма е единствен прав и вистински, најчист концепт во историјата на програмирањето. Колку и да викаат дека се "свесни", пак тие 10 години оставиле трага во нивното програмерско и сеопшто его.
Во еден момент од твојата кариера, добро е да застанеш на едно место и да одредиш место на комфорт, каде што би сакал да го поминеш остатокот од твојата кариера мирно и без стрес предизвикан од нови погледи. Па така во даден момент и ти ќе станеш еден таков човек :)
Автоматски споено мислење:

Ова можеш да го дознаеш само ако му дадеш задача на кандидатот од доменот во кој што работиш. За повисоки позиции, некогаш не ти ни бараат код. Пример, на последното интервју каде што бев, решението на задачата ми беше документ од 2-3 страни каде што објаснив како го разбирам проблемот, понудив решение и чекори (алгоритам) како да се изврши.
После техничките способности, тоа е тоа што највеќе те интересира за некој човек. Кога ќе му пратиш некаков таск, како ќе почне да го решава? Какви претпоставки ќе направи за работите што не му се јасни? Ова е тешко да го откриеш во живо, каде што времето за програмирање/мислење е кратко и кандидатот е под притисок. Реалноста е дека многу ретко некој ќе куца код во такви услови.
Штета што повеќето фирми не сакаат да интервјуираат на овој начин. Не сакаат да ги замараат кандидатите (а и тие што го прават интервјуто) со додатни работи. Најлесно им е да направат техничко интервју и толку.
Јас кога правев интервјуа во претходната фирма, земав комплексна задача која уствари е брза закрпа, вон сите стандарди. Задачата не е да се реши, неможе да се реши за пола саат или саат време, туку едноставно да се види како размислува човекот. Нормално е добро поткован технички девелопер да свати дека за тоа да го реши не може само да потроши 2-3 саати, туку треба да се прави одреден рефакторинг. Но она што е важно добар девелопер ќе знае да процени дека не секогаш (уствари многу ретко) ќе се соочи со перфектен код и дека закрпите се нормална работа. Поентата е да дискутираш и да ти го објасни неговиот пристап до проблемот, а ти цело време да му поставуваш предизвици, кои цело време ствараат напетост и стрес. Така ќе знаеш дали човекот е паталец или гаталец.

Друг вид на задача би било проблем кој веќе ти е решен, но ти предизвикал големи тегоби во минатото. Пристапот би бил ист како претходниот проблем.

Но за среќа, веќе не правам интервјуа :)
 
Да, ова е добар пристап. Јас во моментов тестирам така што давам едноставна задача од нашиот бизнис домејн. Се решава со for циклус и if/else.
Секој ќе го напише if/else решението, после кое им поставувам прашања како:
- Kaко ќе еволуира овој код во иднина?
- Дали е лесно одржлив?
- Како би го истестирал?
И одма се гледа разликата помеѓу инженери и code monkeys. Овие вторите некогаш ќе знаат и да искористат и некој дизајн патерн, ќе зборат за SOLID ама имаат потешкотии да објаснат како сите тие работи уствари им помагаат во реалноста.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
231
Поени од реакции
593
Има некој рекла казала муабети дека Сивус им откажал најголемиот клиент и дека 200 - 250 луѓе ќе бидат афектирани(откази најверојатно). Малку ми е чудно за нив зашто ми беа едни од најстабилните.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.392
Site outsorce firmi se na skrgi, drzavite vlagaat u nekoj protekcionizam i mislam deka ovoj tip na biznis e zavrsena rabota.(ne samo it)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Има некој рекла казала муабети дека Сивус им откажал најголемиот клиент и дека 200 - 250 луѓе ќе бидат афектирани(откази најверојатно). Малку ми е чудно за нив зашто ми беа едни од најстабилните.
Sunrise го изгубија како клиент.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Site outsorce firmi se na skrgi, drzavite vlagaat u nekoj protekcionizam i mislam deka ovoj tip na biznis e zavrsena rabota.(ne samo it)
Велиш ќе треба програмериве да се селат таму по странство ?

Па добро, дури и да е така, сигурно досега имаат по некоја добра пара насобрано за да можат да си дозволат кирија и основни трошоци во странство за барем година дена.

И се разбира ако се паметни нема да бараат кирија во централно градско подрачје, туку ќе си се вселат таму некаде на периферија каде што е поевтино.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Велиш ќе треба програмериве да се селат таму по странство ?

Па добро, дури и да е така, сигурно досега имаат по некоја добра пара насобрано за да можат да си дозволат кирија и основни трошоци во странство за барем година дена.

И се разбира ако се паметни нема да бараат кирија во централно градско подрачје, туку ќе си се вселат таму некаде на периферија каде што е поевтино.
Апсолутно, општо е познато дека фирмите сакаат истите луѓе да ги платат поскапо. Само за да живеат во друг град. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom