Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека има наши агенции што ќе сместуваат во Загреб и ќе имаат превоз до Вараждин. Сигурно ќе можеш да се прошлепаш после утакмица за назад :D
 

Едина замерка зш уште го земат Маркоски,ем спор, ем несмасен а и добиваме безпотребни исклучувања.
 
Во резерви е земен Томовски.
Можеби нема добра сезона во Германија, ако е така тогаш е сосема океј потег. Не е и дека бранеше фантастично во претходниве утакмици. Од друга страна Галевски зема замав, кога Норвешка пуштија 19 годишен голман на Европското пред неколку години можеме и ние да одиме со слични варијанти, ма да мислам дека само Кизиќ и Митревски ќе бранат, Галевски ќе е таму повеќе да почувствува мундијален циклус и темпо.

Ептен ако брани некој од двајцата катастрофално, тогаш ќе скокне Галевски во состав.

1734621708897.png
 
Остајте за тие непогодените што јадат гомна на фб за ростерот (на тие таквите луѓе тоа им е работа и да беше талески земен ќе коментираа "зошто уште Талески", "вечити талент", "каде со него"). Јас мислам дека ростерот е топ и ми се свиѓа што голем дел од играчите разбираат што бара Лазаров. Една замерка имам само требаше Цветан К. место Џонов, ем е природно крило ем е некако посталожен секогаш. И длабоко се надевам дека Галевски ќе добие шанса пред Кизиќ. Прогноза: втора фаза одиме со 4 бода (малце оптимистично ама така треба). Напред Македонија!
 
Остајте за тие непогодените што јадат гомна на фб за ростерот (на тие таквите луѓе тоа им е работа и да беше талески земен ќе коментираа "зошто уште Талески", "вечити талент", "каде со него"). Јас мислам дека ростерот е топ и ми се свиѓа што голем дел од играчите разбираат што бара Лазаров. Една замерка имам само требаше Цветан К. место Џонов, ем е природно крило ем е некако посталожен секогаш. И длабоко се надевам дека Галевски ќе добие шанса пред Кизиќ. Прогноза: втора фаза одиме со 4 бода (малце оптимистично ама така треба). Напред Македонија!
И ти си на платен список кај Жика
 
Томовски меѓу резервите не е изненадување за мене, колку што можам да заприметам нема добра сезона и ова е еден вид жолт картон зза него.

Талески, јасно е зошто не е во тимот, не можам да се согласам со неракометни причини да влијаат вез составот. Каков таков Талески сеуште треба да е во 16те само со понала минутажа и споредна улога.

Останатото е горе долу очекувано. Претпоставувам 4цата што ќе отпаднат или останат на трибини ќе бидат:
- Младеновиќ
- голман (веројатно Галевски)
- десно крило (веројатно Петковски)
- пикер (веројатно Стојковиќ, евентуално Н. Маркоски)

По подолго време интересен тим имаме. Ама ќе видиме како ќе изгледа тоа на ЕП. Од една страна сум оптимист дека ќе освоиме уште 1-3 бода (не земајќи ја предвид Гвинеја), ама истовремено сум малку загрижен дека одеднаш многумина се претерани оптимисти и тоа може да води до разочарување.
 
Талески си ја затвори вратата со коментарите во подкастот кај Томас и Жарко, што навистина не е океј, но е за очекување земајќи ја во предвид големината на егото на Кире. Од друга страна, Талески треба да е малце "попаметен" и подобро да ги оценува ситуациите во кои треба нешто да каже или не. I'm all about free speech ама за жал во животот работите не се секогаш толку едноставни. :toe:
 
И ти си на платен список кај Жика
Баш напротив, како навивач на Вардар не ме интересира ни Алкалоид, ни Жика, ниту имам корист да бранам некого, само кажувам реално. Ај да беше Талески десен бек па да кажеме не било во ред што не го земале, ама вака реално Тале може да игра лево и централно, таму веќе имаме 3 играчи многу подобри од него Кузмановски, Митев и Атанасијевиќ. Ѓорѓиев ми е малце изгубен тука ама во секој случај за својата возраст има повеќе муда од Тале. И јас сакам многу да успее Тале ама реално ми изгледа дека дечкото се фокусира на многу други работи а најмалце на ракомет. Реално дечкото нема ни малце напреднато од прв пат кога се појави ни физички ни играчки (1-2 сезони во Вардар само беше топ). Друга ствар не знам дали е до него или до менаџер ама го убија погрешни одлуки и погрешни трансфери, толку е очигледно е дечкото има желба да игра во странство секогаш користел прилика да побегне од Македонија и секогаш тонел во странска екипа...
 
Останатото е горе долу очекувано. Претпоставувам 4цата што ќе отпаднат или останат на трибини ќе бидат:
- Младеновиќ
- голман (веројатно Галевски)
- десно крило (веројатно Петковски)
- пикер (веројатно Стојковиќ, евентуално Н. Маркоски)
Кога веќе се "жртвува" Томовски, се надевам дека Галевски ќе добие шанса пред Кизиќ, можеби Кизиќ е поиускусен, но реално Галевски далеку поталентиран од двата е.
Талески си ја затвори вратата со коментарите во подкастот кај Томас и Жарко, што навистина не е океј, но е за очекување земајќи ја во предвид големината на егото на Кире. Од друга страна, Талески треба да е малце "попаметен" и подобро да ги оценува ситуациите во кои треба нешто да каже или не. I'm all about free speech ама за жал во животот работите не се секогаш толку едноставни. :toe:
Без разлика редно беше да добие некој друг шанса пред Тале, во случајов Павле.
Тале ниту одговара на системов шо Лазаров го игра, ниту е па некој завиден ракометар, реално подпросечен ракометар во светски рамки, хајпнат од Македонска публика дека е новиот Лазаров, а во реалност е еден Мите Караиванов.
И да играше максимум уште првенство, две.
Секогашност и иднина на лев бек се Павле, Дамјан Митев.
Па уште седнал плачи по подкастки, а на терен 18 годишен Митев ги вади натпреварите на свои плеќи, пример дома против Турција во квалификациите кога игравме.
Во 50та мин егал резултат, имаш ситуација кај шо нозете им се отсекоа од страв да превземат одговнорност "лидерите" и да решат, плашејќи се од дебакл на домашен терен против репрезентација од 17-ти ешалон.
Исти кур беше и со Фарски на гости, 0/7 реализација, а во одбрана го бушеа како швајцарско сирење.
Ќути шо не играше во Борис, ќе ги гледавме Фарски на светско место нас.
Еве ги резултати кога прајм тајм Тале беше лидер на репрезентација, или рано е уште се бруси?
1734634824528.png
Па реално, дури и да беа Митев и Павле две класи послаби, сепак повеќе уживам да ги гледам нив со нивната борбеност и игра на глава, отколку да го гледам телево како се влече низ секое првенство од 2016 година па наваму. Скоро цела деценија, чоече, младоста ни ја зеде.
 
Според мене Талесен неправилно изоставен. Ајде да видиме колку ќе се покажат играчиштата како Велковски (со сиот респект, не знам како е репрезентативец) и Ѓоргиев. И според која логика Младеновиќ е подобар дефанзивец од Аларов? Самоил Ристевски исто така мислам дека заслужува место пред Марко Стојковиќ на пример. Но, ајде да дадеме шанса на проектов Алкалоид 2.0, може навистина тоа е иднината.
 
Колку го браните Лазаров и неговиот избор не ми се верува.Интернационални играчи нема ни за лек ама има место и за изгубениот Ѓорѓиев кој имал повеќе муда од Талески,има место за Марковски па и за Петковски.Дефанзивецот Младеновиќ а нема место за Т.Стојановски.Е да играше за Алкалоид.Ги победиле Вардар и Пелистер го направивте Кил.Освен Митев и Серафимов не гледам дека останатите се подобри од играчите во другите клубови.Незнам зошто не. ги земал сите од неговиот Кил.
 
По која основа никогаш не се изоставува Велковски? Па сигурно има 2-3 боље бекови од него , печат очи колку е лош.
 
До пред некоја година имавме состав со една постава, втората беше да се пополни место. Конечно дојде време сите 16 да се битни, што е супер. И нормално е во таква ситуација да има ситуација зашто некој не е. Томовски требаше да биде пред Кизиќ и Галевски. Јес да статистички има лоша сезона, тоа пошто игра во најслабата екипа во германска лига. Али бар брани против најдобрите. Кизиќќ/Галвски имаат 4 сериозни утакмици годинава, и толку. Ајде Галевски да оди како нанадежен, ама Кизиќ пред Томовски тешко.
Талевски - Атанасијевиќ е тука е дискутабилно. Тале уште е подобар ракометар од Павле. Павле не знае да игра на тактика, да гради и чека ситуација. Многу е "суров", на секоја втора топка напаќа на зона. Првите 2-3 пати му поминува, после го читаат и толку. Од Бранче и не можеше да се очекува дека ќе го избуса. Од Алонсо да, ама е рано. Инаку има јак потенцијал и сигурен сум дека догодина ќе биде доста напреднат. Meѓу нив веќе одлучува тактичката замисла на селекторот, тимскиот дух, да прифати да игра 5-10 мин по полувреме и егото.
Другите горе-долу тие се. Веројатно ќе испадне Галевски, Петковски, Младеновиќ, Карасманакис.
Лошо што немаме сериозен дефанизивец. Марковски е стар и спор али искусен, па Кире му верува. Ако треба да се бира меѓу Аларов и Младеновиќ предност би му дал на Малденовиќ. Чисто дека е бек па да покрие повремено.
За бодовите, да не претеруваме. Добри сме ама не до толку. Па бековската постава на Холандија е ПСЖ/ПСЖ/Флензубург. Нашата Пелистер/Алкалоид/Алкалоид. Има разлика. Од друга страна Унгарија е премногу снажна, тешко ќе ни оди во напад со нив.
Секоја бод сем Гвинеја ќе биде изненадување. Повеќе шанса имаме да скинеме бод на Унгарија отколку на Холандија.
Со нетрпение чекам да почне. МАКЕДОНИЈА!!!!!
 
Н.Маркоски е сеуште добро решение за во одбраната, колку и да звучи смешно.
Лазаров го изостави на претходните средби и не наполнија до врв, особено Естонија.
Не располагаме со екстра квалитетни дефанзивци, од овие што се очекува да го понесат товарот во иднина, сеуште немаат искуство да се носат на такви големи настани.
И во Алкалоид е прва и најдобра опција за во дефанзива, најверојатно ќе биде и на ова Светско првенство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom