Како да постапам со дечко (5 години врска) што одбива да дојде дома кај мене на еден ручек со моите? Сме биле на одмор заедно и тука си пружиле рака и се запознал со моите, ама повеќе од убав помин и чао не размениле. Проблемот е што кога и да го поканам те колата била на сервис, те сабајлето требало рано да се станува и некои изговори. Ќе му кажам ајде да не те обврзувам јас, кажи ми кога си ти слободен ќе зготвам нешто барем пола саат ти само дојди направи ми го меракот и на мене и на нив, одговорот е важи може и никогаш не се исполнува. Пробувам да разговарам , го прашувам која е причината и секогаш е истиот одговор: ќе дојдам, ти покани ме. Не знам дали претерувам, сметам дека е повеќе некоја немарливост од негова страна, ама од друга страна мене премногу би ми било срам да знам дека некој сака да ме запознае (посебно родител на партнер) и јас да не отидам толку време.