Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Ти си за титула или топ 4/5?

Победа на стаклени нозе денес, ни се тресеа ноџињата а и пречката од голот. Палмер многу слабо одигра, Џексон можеше да не кошта ако не постигнеше гол, одбраната и понатака климава. Титула не се освоја вака според мене.
Ако некој очекува Челзи да освојува титула сезонава, тој дефинитивно не е нормален :toe:
Секако повеќето освен мене не очекуваа ни топ 4 и само негативно збореа на почеток на сезонава, нека не летаат во облаци сега.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Донев тераш инат, браниш играш што се сипнува сам себе од топка и промашува празен гол од два метри. Јебеш статистика ако биднеше 1-1 знаеш Челзи кога ќе дадеше гол пак на овие.

Челзи игра секогаш со висока одбрана и на резултат 3-0 во 95+ они излегуваат со висок пресинг и тоа барем на мене ми е океј и изгледа убаво затоа што играчите покажуваат желба и менталитет да играат фудбал и победуваат е сега некогаш ќе не чини тоа поени но до сега целава игра на Челзи изгледа добро.







Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Донев тераш инат, браниш играш што се сипнува сам себе од топка и промашува празен гол од два метри. Јебеш статистика ако биднеше 1-1 знаеш Челзи кога ќе дадеше гол пак на овие.
Но не бидна 1-1 туку некој играч успеа да му донесе сигурна победа на Челзи со одличен гол. Џексон.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
745
Поени од реакции
543
Ако некој очекува Челзи да освојува титула сезонава, тој дефинитивно не е нормален :toe:
Секако повеќето освен мене не очекуваа ни топ 4 и само негативно збореа на почеток на сезонава, нека не летаат во облаци сега.
Абе имаше еден тренер Мурињо се викаше еднаш една изјава пушти како демек ако правиш изговори и не пробуваш да победиш мид клуб си или нешто такво, не знам.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Абе имаше еден тренер Мурињо се викаше еднаш една изјава пушти како демек ако правиш изговори и не пробуваш да победиш мид клуб си или нешто такво, не знам.
Каква врска има тоа? Нормално дека целта е да се освојуваат титули, тимот за тоа се гради. Ама реалноста е дека уште не се спремни за тоа и лудо е поради тоа што овие неколку месеци ги надминуваат очекувањата, да летаме во облаци и да мислиме дека можат да освојат. Буквално нема со што да поткрепиш такви очекувања. Челзи има најмлад тим во ПЛ, и тоа не е ни блиску. Има и неискусен тренер. Никој во тимот нема искусено како е да се бориш за титула, како е кога ќе стигнеш таму во март и буквално на секој натпревар го осеќаш притисокот дека мора да победиш. Лесно е вака кога никој нема високи очекувања (оправдано). Не заборавајте одма кај сме и низ што се помина тимов. Ако некако успеат да стигнат до првата позиција, ќе видиш одма следно коло како ќе им се тресат нозе и одма ќе кикснат.

Не викам дека шансите да освојат се 0. Ако Ливерпул паднат поради некоја причина, ако Арсенал и Сити продолжат да играат како што играат сега, а Челзи продолжат да победуваат, може и ќе освојат. Ама тоа ќе биде поради околностите, а не дека Челзи се веќе оформен тим кој е спремен да цели на титули. Сите овде знаеме какво е чувството кога имаш шампионски тим и знаеш дека можеш да освоиш. Не можеш да ми кажеш дека сезонава го осеќаш тоа.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Но не бидна 1-1 туку некој играч успеа да му донесе сигурна победа на Челзи со одличен гол. Џексон.
Донев сигурна победа е да ги реализираше претходно тие две прилики и да беше 3-0.
Но со тие негови промашувања ги држеше Брентфорд во игра и само среќа го спаси Челзи а не голот на Џексон.

Неблагодарно е да даваш такви аргументи, Каиседо направи еден лош пас цела утакмица и Челзи прими гол, Колвил например со само една лоша процена Челзи прима гол, а Џексон ќе направи грешка што е смешна дури и за аматерска лига и после 3 промашени шанси на противник и тоа поради луда среќа ќе даде гол и одма е херој.

Ка разбирам промашување ама не оправдувам празен гол или сопнување од топка во ситуација каде треба гол да постигне.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.936
Летово само постираше фотки од теретана, се виде фудбалот дека му е на второ место.
Се надевам ќе му раскинат договор и ќе го пратат во некој ров во Украина да ги покаже мускулите. Ете сега кога ќе добие забрана за фудбал нека помогне на татковината.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Летово само постираше фотки од теретана, се виде фудбалот дека му е на второ место.
Се надевам ќе му раскинат договор и ќе го пратат во некој ров во Украина да ги покаже мускулите. Ете сега кога ќе добие забрана за фудбал нека помогне на татковината.
Постирал слики од теретаната не од бурегџилница или голф терен па да кажеш дека фудбал му е во втор план. Мислам дека знаеш и би требало да знаеш дека фудбалерите покрај терен одат и во теретана.
21 век е време на социјални мрежи и е начин да се комуницира со фанови и да се испрати порака дека дава се од себе да биде спремен да игра.

Додека да се докаже официјално нема потреба од коментари а поготово не од тие таквите и најбитно која супстанца е во прашање а твојот напад и останати како тебе како да земал дрога во кафич.


Тоа што е платен 100 мил не е он крив што Челзи има глупи газди, но секогаш давал максимум и никогаш нема лошо коментирано за разлика од Лукаку, Стерлинг, Зијах, Маунт.


Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.787
Поени од реакции
67.104
Мелдониум. Истото за кое Шарапова доби 2 години бан.

“Meldonium is a medicine prescribed for conditions such as angina, when there is reduced blood flow [known as ischaemia] to the heart tissue which causes a reduced delivery of oxygen,” “It works by shifting fuel use from fatty acid oxidation to glucose oxidation; glucose is easier to metabolise than fatty acids [i.e. less oxygen is required] and so it reduces the metabolic load on the cells which alleviates the issues with reduced oxygen supply.”

“That would, theoretically, decrease the onset of some aspects of fatigue and increase the rate of recovery.

“Improved glucose oxidation may also lead to a decrease in the reduction of lactate accumulation which would be considered as beneficial for recovery.”
 
Член од
26 август 2008
Мислења
745
Поени од реакции
543
Кукурела е еден од ретките играчи што ми го има сменето мислењето.
Среќен сум што е така и што си гази сега.
Ок, лапна црвен без потреба ама сега се нервирам дека нема да игра а лани се молев да не е во составот.

Се надевам дека ќе си продолжи да си гази братот, па и целиов тим.

Еве во недела имаме убава шанса да се залепиме до Ливерпул и да покажат дека имаат менталитет на победници.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Мислам ќе беше подобро Ренато лев бек, а Тосин и Колвил пар во одбрана, плус Дисаси знае да има сумњиви утакмици...но ајде да видиме, се надевам на сигурна игра (пред се' во одбрана) и победа.
Автоматски споено мислење:

Некогаш се прашувам како може вакви шанси да промашува Џексон (и општо професионални напаѓачи), а во потешки ситуации да погодува. Недостаток на концентрација можда.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom