...ние пишуваме за лекови кои имаат клинички студии и се безбедни за човекот и се применуваат во терапијата, а не пишуваме за „додаток на исхрана“ како што е
„заклучок :
„Сè додека не постојат јасни научни докази кои ја поддржуваат ефикасноста на Serratiopeptidase како антиинфламаторно, аналгетско и анти-атеросклеротично средство, не е логично да се препише овој ензим врз основа на неколку студии чиј научен кредибилитет сè уште не е многу јасен. Така, во иднина, потребни се повеќе добро дизајнирани, активни компараторски контролирани испитувања за јасно да се дефинираат корисните ефекти на овој природен ензим кој тврди дека поседува чудесни својства.“
www.hsa.gov.sg
Управата за здравствени науки (HSA) спроведе повторна евалуација на ризик-придобивката од сератиопептидаза за нејзината моментална одобрена клиничка употреба. Производите на сератиопептидаза првпат беа регистрирани во 1991 година кратко време по имплементацијата на системот за регистрација на лекови во Сингапур.
Иако клиничките докази тогаш беа доволни за да се поддржи регистрацијата на овие производи врз основа на регулаторните стандарди во тој момент на време, новите податоци од неодамнешните клинички испитувања покажаа дека тоа не обезбедува значителна клиничка корист во однос на употребата на плацебо за одобрените индикации.
2. Врз основа на податоците доставени од различни носители на лиценци за производ, вклучително и клинички студии спроведени од сопственикот, како и податоци од објавени клинички студии, сегашната евалуација на HSA заклучи
дека не постојат суштински научни докази за поддршка на класификацијата на сератиопептидаза како медицински производ.
3 Врз основа на ова, HSA ја донесе регулаторната одлука за постепено укинување на препаратите што содржат сератиопептидаза како медицински производи. Со оглед на долгата историја на употреба во Сингапур со минимални грижи за безбедноста, процесот на отпуштање ќе следи постепен пристап за да се осигури дека непосредното влијание врз пациентите и заинтересираните страни во индустријата е минимизирано. Со ова, на моментално регистрираните производи ќе им биде дозволено да го продолжат одобрението за ставање во промет до истекот на соодветната лиценца за производ.
4 Во Сингапур моментално има 10 препарати за сератиопептидаза регистрирани како медицински производ. Детали за конкретниот производ и периодот на важност на соодветната лиценца за производ може да се најдат на веб-страницата на HSA на Онлајн пребарувањето за медицински производи, последната лиценца за производ ќе истече во ноември 2012 година. Следствено, сератиопептидазата ќе биде исфрлена од употреба како медицински производ во Сингапур.
5 И покрај регулаторната одлука донесена за медицинските производи што содржат сератиопептидаза, сератиопептидазата не е исклучена како состојка во други здравствени производи како што се здравствените додатоци.“
...тоа не значи дека нема ризик, нешто што делува на коагулацијата т.е. го нарушува згрутчувањето на крвта нема шала, па колку сака нека има бенефит кога нема доволно клинички студии и не е медицински препарат за мене недокажано и убедливо, лично никогаш не сум го применила и покрај препорака и од стоматолог, инфектолог...итн, а е најчест и најомилен препарат токму и во областа на хирургијата, затоа и го спомнувате, драги стерн, за мене не е репер сите што прават, за мене е репер и „Сингапурчани“ било кој да даде некоја опасност на препарат кој нема доволно клинички студии, за мене е небезбеден, впрочем да не заборавиме дека скоро сите се антиковид вакцинирале нивни избор и дури и тие медицински сестри тукушто излезени од клупите со основно познавање што значи вакцина, а богами и лекари со титули до крајната „доктор на науки“, но не и мој избор и така остана, па сега по толку време не знам кој погреши и во таа област!
...дали денес веќе препаратите чии состав има сератиопептидаза веќе се прогласени за лекови со кои и колку клинички студии, постана лек за многу индикации од еден препарат, суплемент -додаток на храна постана чудо од лек?
...се сеќавате на антихистаминикот од Крка Хистазол? препишан за многу идикации, секој втор со алерголошки симптоми го имаше во џеп и што бидна? знаете зошто е исфрлен од примена? што со тие кои го пиеле до тогаш?
...ете врапчето и мене ми шепна дека ова е форум, разменуваме мислење позади анонимус никнејм и баш е место за коментирање на искуства, а богами да научиме нешто оти цел живот се учи, не е ова болничка амбуланта 24/7 ч
