- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.623
- Поени од реакции
- 66.484
Работам во фирма која има годишен обрт од милиони, и имам увид во тоа како работи менаџментот кога се работи за вработување на работник кој треба да е висока позиција. Иако е неспоредливо со Јунајтед, кој е титан во својата арена, мислам дека има една заедничка работа, која е единствено полоша од ангажирање на лош работник, а тоа е да го држиш на работа таквиот, со цел да не си ја признаеш грешката дека си вработил некој кој не работи како треба или не сте на иста бранова должина.Не ми се допаѓаат работите околу клубов. Ашворт беше најавуван како лице кое ќе го промени текот на клубов, за по 5 месеци да се открие дека не е добро решение. Ете денес се ваѓа валканиот веш и сите лоши одлуки кои потекнуваат од него. Колку е точно не знам, но и да е вистина се поставува прашањето која била поентата да се чека половина сезона од Њукасл и за 5 месеци да го исшутираат. Не ми е јасно реален да бидам.
Посакувам спортски директор кој има историја поврзана со купување на млади играчи кои прераснуваат во носители на тимот.
Жалам што тоа не беше Рангник од сегашна перспектива. За ретроспектива човекот ги бараше Луис Диаз, Кулушевски и Алварез, а клубот не му даваше пари таа зима, за летото да лупниме 100м за Антони. Е толку ќе не чинеа 3цата тогаш и пресметајте до каде ни е клубов дојден.
Ако Јунајтед имаше една карактерна особина по која беше критикуван во минатото, тоа е дека некои луѓе премногу долго беа на своите позиции, вклучувајки и фудбалери од кои не можеше клубот да се откачи со години и години.
Не ми се допаѓа ова вадење на информации во јавност како оправдување за отпуштањето. Едноставно, кажи дека пробавме, и сфативме дека имаме различни визии за тоа каде и како клубот треба да се движи, и тоа е тоа. На џентлментски начин разделба.