Имам другар и тоа не е единствен за којшто знам таков.
Значи, година дена трча по женскава.
Женскава локална Адриана Лима, кукла. Работа има, кола има, стан има. Пристојна, за тоа што го има како коњ работи, некогаш преспивала во фирма за да фати доволно бонуси колку што треба да остане конкурентна и интересна на пазарот. Значи барем ние жените знаеме да сме сурови кога се критикуваме меѓусебно ама за оваа стварно немам ништо негативно. Од работа оди дома, има болна мајка постојано материјално ја помага, ангажира нега, гледа да не ја запоставува. Спротивно на трендот на друштвото нејзино, не излага, знам дека вежба, времето за тоа го користи.
Сеа она као го прифати, не оти ѝ дошло зор туку сакаше да го запознае да види што број капа носи, да се увери дека не е забушант. Сега овој бега, ја гоустнува и така, мене во поверење ми рече ,, види ја ти мустра сака да ми се ували со последниот воз". Да ги видиш заедно ќе ти дојде да кажеш кај ѝ е на момава паметот премија е за него. Но ете. Се разбира не сите, со право ми се поднаљутивте, не формулирав убаво погоре стварно личи на генерализација а не беше тоа намера.
@Генерал начна стратегија. Искрено мислам дека е голем експеримент поддржан од филмска индустрија медиуми и слично. Жените, ко шо викаш ти да бидат снагаторки, ја све можам ја све знам, а мажите да кинат ливчиња од маргаритка, ме сака не ме сака додека жениве не знаат на што се. Целта им е очигледна, да не се сакаме, да не се множиме. Кажував во другата тема, бевме волонтерски дискусија да организираме на дечиња за семејство. Барај, барај, коса ми обеле додека не најдов приказна без 2 татковци, без 2 мамички, без куче место дете, веќе на не знам која страница од гугл резултати.
И тоа пак немаше мама тато. Беше нешто како и училиштето наше и заедницата во која членуваме се еден вид семејство (што искрено ним добро им дојде).
Некои коишто набљудувале од страна за колку работи како сама сум се мачела ми имаат кажано леле што си силна. Им викам не ми викајте така бре, не сакам да сум силна, да сум среќна ми е приоритет. Ич не се осеќам удобно во ситуации во коишто ја морам да бидам и мажот и жената и сите. Затоа и решив да прејдам преку некои работи.
Силна не сум ич, ни сакам да бидам, на филм ќе се расплачам, пример владе вака кога ќе ми се обрати тешко ми паѓа, ко жена некоја сум...
Ни со Генерал, Лазе и некои други шо ме цитирале не се слагаме сто посто ама аргументи, ниво на дискурс и решена работа.
За бесни коли, досега никој немал ни "не" бесни. Принудни пешадија ме направија.
Едит, пардон еден имаше на татко му ама од стариве ептен. Со многу негаламџиски и нечаламџиски профил на луѓе сум излегувала. И овој нема. Му викам кога ќе имаме дете ќе треба, сега не е зор. Јас мажественост никад не сум ја поврзувала со чаламење со ланци и со коли, туку со домаќинлук, со умешно инвестирање. Сѐ друго ми е ко бубалица у тинејџерски филм што ги краде шминките на популарната девојка за валидација.