Сатанизам

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.946
Поени од реакции
12.546
Па тоа е во ред, секој треба да тргне од сопствената група, ниту една група не е безгрешна.
Но во случајов темата е за сатанизам кој постои и чии членови се такви какви што се. Тоа што малцинство сатанисти извршуваат страшни злочини поставува дилема околу тоа дали тие луѓе се родени како убици а.к.а. психопати или стануваат такви подоцна под дејство на други причини. (nurture). Што само по себе е фасцинантно.
Има теми за секакви конфесии па таму може да се постира и за зулуми од страна на христијани,муслимани,евреј,хиндуисти,зороастријанци,пагани...
Па да, тоа ми е најинтересното прашање со кое се занимавам откако знам за себе.
Што е градивото на свеста и развојот на личноста?! Дали се променливи во текот на целиот живот или не се? Ако се, зошто се?! Ако не се, зошто не се?!
Генетика?! Социјални околности или комбинација од двете?! Или има, а доколку има што е тоа помеѓу нив?! И зошто е, од каде потекнува и на каков начин, односно, со каква цел ако ја има воопшто?!
Што претставуваат и како се создава меѓусебната интеракција на емоцијата и мислата?! Според кои критериуми под различни околности одлучуваме кое е иницирано од кое; според кои критериуми е морално или етички оправдано, што е морал, што етика или кој е тој што оправдува или не, и најинтересното, дали воопшто одлучуваме?! Кои сме ние и зошто, што е јас?!
,,Теоретски љубав лепо звучи..."
Овие области бараат малку поделикатна филозофска дисекција и затоа претежно избегавам да го ,,куродрвам" за нив.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.041
Поени од реакции
6.518

Што претставуваат и како се создава меѓусебната интеракција на емоцијата и мислата?! Според кои критериуми под различни околности одлучуваме кое е иницирано од кое, според кои критериуми е морално или етички оправдано, што е морал, што етика или кој е тој што оправдува или не, и најинтересното, дали воопшто одлучуваме?! Кои сме ние и зошто, што е јас?!
,,Теоретски љубав лепо звучи..."
Овие области бараат малку поделикатна филозофска дисекција и затоа претежно избегавам да го ,,куродрвам" за нив.
Можеби тоа би било најдобро сфатено преку аналогии со инфроматички поими како софтвер, хардвер и оперативен систем. Географијата игра клучна улога во тоа иако денес нетот започнува да ја разводнува улогата на местото на раѓање.
Моралот би го нарекол Консензус на реалноста кој е надисториски и вклучува најбазични компоненти во полза на опстанок на едно човечко битие. Пример убиството отсекогаш било казнувано затоа што сите кои биле живи го сфаќале значењето на животот вс. ништавилото на непостоењето.
Останува да видиме во кој правец ќе одат науните откритија во иднина.
Пример лик од Биафра кој доаѓа во Стокхолм со ОС Биафра 67 прима инфо од локацијата на која се наоѓа но софтверот не е апдејтиран нит пак произведен да работи на тој начин. Па така ликот шлапнува за дупе некоја расна швеџанка, `рка и секне нос на среде улица и се осјеча како жирафа на Бриони.

Од друга страна Ингмар од Стокхолм кој доаѓа во Биафра со оперативен систем САС 2024 не му се веува што гледа, цело време се движи како нешто да му излегува од задник, се осеќа некако нелагодно, полека страв започнува да се вовлекува во напиот Ингмар.
Хардверот е мање више исти насекаде али софтвер и ОС се голем проблем.
Кај нас имаме софтвер corruption.exe кој стапува на сцена веднаш откако бирократите влегуваат на позиција, автоматски апдејт им праи.

Зашто бе, слободно пишувај за тие ситуации зашто да избегнуваш, форумов и онака е бледа сенка од некогаш, квалитетни мислења и дебати се секогаш добредојдени.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

Не само што ме мрзи да пишувам, немам ни мотивација, а капак на сето тоа е што ми е тешко да се изразам т.е. јасно да се изразам, да го напишам тоа што го мислам за вакви и слични теми, едноставно ,,не ми делиле". Во живо е подруго, малку поќе хаха, во живо можам до бескрај кога сум ,,во форма", ама и тоа е ретко.
Иначе по прашањето како и зошто се поставени закони и правила според кои ефективно би функционирале во групи имаше едно многу мало а неверојатно јасно книжуле од Jean-Jacques Rousseau - "The Social Contract", кое ми остави неверојатен впечаток и кое го препорачувам секому што е колку - толку, да речам, фасциниран од меѓусебното функционирање на општеството составено, се разбира, од индивидуата како посебен и специфичен - уникатен елемент (мултиплајд), или што би рекол г. Кроули со други зборови: ,,секој маж и секоја жена е Ѕвезда" а ние сме: ,,Ѕвездена Заедница".
Е сега за злоупотребата на законите и корупцијата на душата е посебна тема. Дури ни Сократ не ги сакал ни Атина ни атињаните, ниту пак сакал да биде дел од такво коруптивно општество од збирштина реторички потковани, на приучени среброљубни софисти (Бог да им душу прости) и нека ги држи што подалеку од мене.
Премногу фактори и премногу различни области се во игра за конструктивна дискусија макар и во живо...
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.984
Поени од реакции
5.131
Па да, тоа ми е најинтересното прашање со кое се занимавам откако знам за себе.
Што е градивото на свеста и развојот на личноста?! Дали се променливи во текот на целиот живот или не се? Ако се, зошто се?! Ако не се, зошто не се?!
Генетика?! Социјални околности или комбинација од двете?! Или има, а доколку има што е тоа помеѓу нив?! И зошто е, од каде потекнува и на каков начин, односно, со каква цел ако ја има воопшто?!
Што претставуваат и како се создава меѓусебната интеракција на емоцијата и мислата?! Според кои критериуми под различни околности одлучуваме кое е иницирано од кое; според кои критериуми е морално или етички оправдано, што е морал, што етика или кој е тој што оправдува или не, и најинтересното, дали воопшто одлучуваме?! Кои сме ние и зошто, што е јас?!
,,Теоретски љубав лепо звучи..."
Овие области бараат малку поделикатна филозофска дисекција и затоа претежно избегавам да го ,,куродрвам" за нив.
Додека поставуваш „дилематични„ прашања а го немаш одговорот, или не го бараш точниот одговор, или бараш одговор кој ти е по мерак, нема да мрднеш од место па така, и понатаму ќе ги поствуваш истите прашања и „као„ ќе бараш одговори...особено ако во трагањето по одговорите на своите прашања останеш на ниво‘ од бла-бла философирање, кое не ти дава никаков задоволителен и/или прифатлив одговор, а не насочување на вниманието кон одговорите кои веќе ни се дадени, и тоа бесплатно...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.946
Поени од реакции
12.546
Додека поставуваш „дилематични„ прашања а го немаш одговорот, или не го бараш точниот одговор, или бараш одговор кој ти е по мерак, нема да мрднеш од место па така, и понатаму ќе ги поствуваш истите прашања и „као„ ќе бараш одговори...особено ако во трагањето по одговорите на своите прашања останеш на ниво‘ од бла-бла философирање, кое не ти дава никаков задоволителен и/или прифатлив одговор, а не насочување на вниманието кон одговорите кои веќе ни се дадени, и тоа бесплатно...
Screenshot_20241107_010402_Chrome.jpg
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.041
Поени од реакции
6.518
Не само што ме мрзи да пишувам, немам ни мотивација, а капак на сето тоа е што ми е тешко да се изразам т.е. јасно да се изразам, да го напишам тоа што го мислам за вакви и слични теми, едноставно ,,не ми делиле". Во живо е подруго, малку поќе хаха, во живо можам до бескрај кога сум ,,во форма", ама и тоа е ретко.
Иначе по прашањето како и зошто се поставени закони и правила според кои ефективно би функционирале во групи имаше едно многу мало а неверојатно јасно книжуле од Jean-Jacques Rousseau - "The Social Contract", кое ми остави неверојатен впечаток и кое го препорачувам секому што е колку - толку, да речам, фасциниран од меѓусебното функционирање на општеството составено, се разбира, од индивидуата како посебен и специфичен - уникатен елемент (мултиплајд), или што би рекол г. Кроули со други зборови: ,,секој маж и секоја жена е Ѕвезда" а ние сме: ,,Ѕвездена Заедница".
Е сега за злоупотребата на законите и корупцијата на душата е посебна тема. Дури ни Сократ не ги сакал ни Атина ни атињаните, ниту пак сакал да биде дел од такво коруптивно општество од збирштина реторички потковани, на приучени среброљубни софисти (Бог да им душу прости) и нека ги држи што подалеку од мене.
Премногу фактори и премногу различни области се во игра за конструктивна дискусија макар и во живо...
Охо имам сериозен проблем со т.н. Општествен договор кој потекнува од Русо сфаќам дека била значајна идеја пред 300 години но денес повеќе не е. За да постои договор треба да има најмалку две договорни страни а во случајов немаме никогаш затоа што таков договор е во полза на оние кои собираат арач и нивните миниони.
Има многу да се пише за ова па ќе отворам тема здравје :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.984
Поени од реакции
5.131
Охо имам сериозен проблем со т.н. Општествен договор кој потекнува од Русо сфаќам дека била значајна идеја пред 300 години но денес повеќе не е. За да постои договор треба да има најмалку две договорни страни а во случајов немаме никогаш затоа што таков договор е во полза на оние кои собираат арач и нивните миниони.
Има многу да се пише за ова па ќе отворам тема здравје :)
Русо енд (философска) компани се појќе шпекулатни (како што би рекол Расел...) отколку истражувачи, чии ставови се експериментално проверливи. Уште потешка шпекулација е ставот дека држави се основаат со некакви договори, па нека е тоа и познатиот Вестфалски, уште пред Русо да биде роден.

Некоректно е да се повикуваме на философски ставови од пред пар векови, кога денес имаме поточни вистини за исти прашања...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.041
Поени од реакции
6.518
Не, ти не даваш доказ дека се сатанисти и во која смисла убијците ги ставаш во кошот сатанисти. Копираш или прераскажуваш од весници...

Јас упорно ти велам дај зборувај за сатанзимот како учење од каде што е за да можеме да знаеме дали вакви убијци доаѓаат од учењето на сатанизмот или се изолирани случаи, како што има христијани убијци... сигурно христијанството не ги направило убијци нели...

И ти истото се прашуваш, но не зборуваш за сатанизмот, ти наоѓаш вести и си градиш сказна, ете и те фатија како споменуваш книга мислејќи дека тука сите сме неписмени и си градиш фантазија... измислуваш гнасотии... како така? Со кој ум тоа го правиш? :)

Така нема ништо да направиме во однос на сатанизмот за кој како што реков е дел од старите религии... го има во исламот, го има кај христијаните, кај евреите исто... и тоа е нивна измислица за да има смисла сето нивно учење, бидејќи без сатаната која е потребата од било што во тие религии што се проповеда?
Ете кажи ми ти што ќе ти е Христос ако нема Сатана? Што ќе ти е спасител ако не е измислен и додаден ѓаволот за да нели те искушува?
Од друга страна кој му дава право на сатаната да те искушува тебе? Тој што те искушува тој и треба да те наградува и казнува, а не еден искушува друг наградува и казнува... има така дупки нели во старите учења?

Сатанистите што се? Зарем не веруваат во господ? За да веруваш во сатана како битие или ентитет, мора да веруваш и во господ во било која форма... христијанинот или муслиманот верува во богот, но верува и дека постои сатана и шејтан.
Истото важи и за сатанистите, но нив им е преку фалусот од коленичење, лажна скромност, проповедање едно, правење друго... и револтот го покажуваат со тоа што нема да се христијани... :)
Што велиш ти, голема работа - немало да се христијани... да се живи и здрави, другото ќе си дојде само :coffee:
Хептанграм оти бе вака ме тролаш, зарем сум те увредил некад? Твоето непријателство кон христијанството настрана јас сум сигурен дека никад не сум те увредил. Па колку пати сум напишал дека мал процент од зулумите по свет се извршени од страна на сатанисти? Не верувам дека ги има ни 5% во целокупниот број на злочини. Она што ги издвојува е сатанската симболика, скврернавењето и понекогаш некрофилијата.

Библијата е само една страна на паричката. Бог може да се осети и во едно мирно летно утро, еден нежен бекнеж од жената која не сака, убав збор...неговата љубов кон својата креација е бескрајна, дадена ни е моќта на бескрајна перцепција во која можеме да уживаме цел живот.
Автоматски споено мислење:

Русо енд (философска) компани се појќе шпекулатни (како што би рекол Расел...) отколку истражувачи, чии ставови се експериментално проверливи. Уште потешка шпекулација е ставот дека држави се основаат со некакви договори, па нека е тоа и познатиот Вестфалски, уште пред Русо да биде роден.

Некоректно е да се повикуваме на философски ставови од пред пар векови, кога денес имаме поточни вистини за исти прашања...
А што мислиш за т.н. "староверци" кои во Русија и остали екс-СССР земји се вратиле на сцена. За време на царизмот биле на мета на погроми . Кога биднала втора светска многу од нив биле барани од властите за мобилизација но многу ретко воопшто наоѓале некого. Зошто? Затоа што уште после победата на бољшевичките орди во 1917 започнал нивен прогон. Тие избегале во Сибир и пази, воопшто не биле свесни дека втора светска воопшто се дешавала! Конечно во 1958 некаков хеликоптер случајно ги забележал селата на староверците. Толкава изолација да не знаат дека во нивната земја се одвива најголемата војна во човековата историја!
За разлика од амиши овие верници нормално употребувале современа техника, барем онаа кој постоела во 1924 лол. Имале грамофони на навијање и дваесетина плочи кои ги "изабиле" од секодјевна употреба.
Нивен член бил и самиот Лев Николајевич Толстој, вториот најзначаен руски писател евер. Овој маг на литературата свесно се определил за Христијански анархизам при што заклучил дека Државата и властите се орудие на Ѓаволот на овој свет!
Староверците постојат сеуште во Русија, Беларус и Украина, но и во Канада и Аргентина.
Руската православна црква ги има екскомуницирано уште во царството, одлука кој и денес е на сила, кажувајќи дека тоа е ерес. Но дали е ерес?
 
Кај православните народи и нивните помесни Цркви, познати се таквите забегувања од веќе утврдените учења од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Такви се и „староверците„ кај Русите, „старокалендарците„ кај Грците, „богомолците„ кај Србите, „богомилите„ кај нас и кај Бугарите и сл. Причини за нивната појава има секако, но тие причини се повеќе изговор отколку реална потреба за основање некоја „нова„ црква и „ново„ учење, различно од веќе утврдениот источен православен катихезис.

Штом помесна Црква вели дека кај неа се појавува одредено извитоперување во Христовото, Апостолското и светоотечкото учење, тогаш Црвата е во право и има основа и причина да ги „отпушти„ своите членови, кои застапуваат нецрковни учења, ако прехтодно не се покајале и прифатиле епитимија.

Вселенските Собори се свикувани токму од такви причини-штом во Црквата се појават „идеи„ и ереси, истите мораат веднаш да бидат отстранети од телото од Црквата, оти во спротивно, се појавуваат (и веќе се појавија) засебни „цркви„, кои се убедени дека токму кај нив е „вистината„.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.041
Поени од реакции
6.518
Сличен погром како оној врз децата во Алтамира, се случил во исто време во иста земја (Бразил) во месноста Гваратуба во средина на девеесеттите. Се започнало со ритуално жртвување на момче од шест години кое било киднапирано. После пет денови бил пронајден лешот на детето кому недостигале очи (исто како во претходниот случај), гениталиите биле исто така отсечени а за разлика од тој случај биле одрубени и дланките!
Аутопсијата покажала дека скоро сите внатрешни органи недостигале! Очигледно се работело за злочин со ритуална цел, зошто инаку некој би го правел сето тоа?
Еден врач од некаква нео-паганска секта, реномиран сликар, некаков писател, ќерката на градоначелникот и двајца бизнисмени биле обвинети за ритуалното убиство. Овој случај влегол во јужноамеричката историја бидејќи поротата заседавала цели 24 дена (!) после што конечно биле донесени одлуки во корист на обвинителството. Но сето тоа излегло попусто бидејќи злотворите биле одлично конектирани во длабоко корупмираното бразилско судство па така погром над седум до десет деца значел едвај 10 години затвор. Чудно но Бразил слично како Норвешка имал лимит на осуда од 21 година, сметајќи го и времето проведено во притвор. Па така оној манијакот кој застрела сто души во Осло ќе излезе од робија за неколку години.
Што ќе прават овие абоминации кои се веќе пуштени од затвор? Сигурно нема да се запишат на курс за плетење...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Бидјеќи се тврди дека во затвор се корегира личоста и ефектот е да се врати затвореникот во нормална состојба (нормална значи прифатлива за мноштвото и општеството) овие затвореници после затвор може ќе бидат директори на телекомуникациски фирми, на авионски компании, адвокати, програмери - што сакаат.
И ако биле теистички сатанисти, пак може да веруваат во сатаната како ентитет спротивен на богот кај христијаните.

И никој ништо не им може. Бидејќи стои секаде дека не може власт да ограничи кој во што ќе верува... но може пак да ги затворат и доживотно ако во тоа нивно верување постои жртвување на луѓе. И ако жртвуваат луѓе... бидејќи едно е да се верува, друго е да се дејствува...

Тоа е строго забрането во секое општество и следува затвор а некаде може и смртна казна, ако е активна таквата казна во дадената држава!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom