Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
30 мај 2019
Мислења
2.110
Поени од реакции
3.862
Ете бе, скоро па ќе го добиевме второто :D


Кој и е татко? Не е ваљда најголемиот фан на македонските спортски репрезентации?
Скоро да. Добро е што -16, спуштија бар на -10. Иако Шведска со играва денес печена беше да загуби. Само кај нас нема кој да повлече. Триста топки во аут фрлија при подавања.

Татко и е еден мрднат што скоро па и не влезе на терен (и зеде да лупа, плус да се дере на ќерка му, на тоа оградата што го дели теренот од публиката), па и добро е што не падна, кога играа кадеткиве наши претквалификации со Фарски Острови мислам беше на Кале.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.484
Поени од реакции
2.487
тапи невидени освен голманот.....абе уште ја земаат струшка/кумановска левица георгиевска....мрзлива на таткои Новко....ни тренер ни игра ни борбеност....
 
Член од
23 март 2017
Мислења
398
Поени од реакции
712
Овие само пробивање и чекори знаат скоро секој втор напад хахаха, а и онаа Георгиевска боже господе немам коментар ….
Автоматски споено мислење:

тапи невидени освен голманот.....абе уште ја земаат струшка/кумановска левица георгиевска....мрзлива на таткои Новко....ни тренер ни игра ни борбеност....
Голман нула,буре да поставеа подобро ќе бранеше ….
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.110
Поени од реакции
3.862
Ме чуди кое непознавање го има овој Грчевски, чудо нешто. За време на ждребот тресна дека Шведска е број еден фаворит, дека сме подобри од Турција и дека ако имаме некоја шанса за нешто повеќе би ја барале на утакмицата со Унгарија!? Која глупост е да треснеш такво нешто. Унгарија стално произведува јаки играчи во младинска конкуренција заедно со Данска и Франција (Норвешка и Шведска послабо). Не се она што беа на времето океј, ама имаат играчи кои играат во лига каде се Ѓер и Ференцварош и други клубови кои играат во другите купови (Клујбер, Биро..), башка и домаќини. Може да ги победиме, ако ни попуштат задутре. :icon_lol:
Со Турција убаво се играше од кога се направи таа серија од 7-0 и толку. Другото горе долу беше тоа. Нека му дадат отказ на Грчевски, не ми е гајле ако е голем вардарец. Едноставно не го бива и е незаинтересиран. Нека го вратат Симевски, барем со него Турција ко ништо ја тепавме.

Рак за очи. Срамота е овие две репрезентации да играат на ЕП.
Да видиш какви ги има. Општо нивото на женскиот ракомет е паднат. Далеку е од она кога играа играчи како Кастратовиќ, Мозговаја, Постнова, Андерсен една, Андерсен друга/трета, Хамерсенг, голманки како Мортенсен, Суслина, Легангер, Никола, и мушки играчини како Фаркаш, Фридрикаш, Дерепаско, Рантала...
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.705
Поени од реакции
5.937
Добри се девојкиве има материјал, со Шведска ми се допадна како играа во одбрана.
За женски ракомет, ми изгледаше дека имаме габаритна одбрана, како на 3 и 4 така и на 2 и 5.
Добро е шо се доста млади, шо значи има дополнителен простор за напредок.
Ако видиме женскава лига колку ни е осакатена, на најниско можно ниво, реално квалитетот на девојкиве за наш стандард е премија во моментов.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
547
Поени од реакции
488
Најмногу се покажаа интернационалките - Ристовска, Џатевска, Мицевска, Кипријановска...Младеновска против Шведска беше ок, скоро сите гола ги имаат постигнато ракометарките кои настапуваат во странство, со исклучок на Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда), Ана Марија Коларовска и Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров) и Бојана Диневска (Чаир).

На местото на Јована Саздовска (30 години, не покажа ништо, се изнагреши ) можеби требаше да биде Стефанија Ѓорѓиевска од Чаир или Анастасија Николовска од Ѓорче Петров, на местото на Седлоска секако требаше Гичевска, а што би било кога би било тешко е да се предвиди.

Селекторот и неговиот стручен штаб имаат обврска да ги следат настапите на сите наши интернационалки, а не од медиуми да дознаваат дека Ивана Гакидова не играла 4 натпревари во Чешка поради повреда, па 12 до 5 ја пречкртале.

Уште кога Грчевски на подготовките повика една 31- годишна ракометарка од Штип, дава по 10-15 гола против екипи како Гевгелија Струга, Шампион....имаше голем сеир по социјалниве мрежи.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.654
Поени од реакции
4.282
Целокупното владеење на Мукаетов со РФМ го одбележа тотална незаинтересираност со женскиот ракомет. Целото внимание е кон мажите, во време кога вадиме колку-толку солидни млади ракометарки како никогаш претходно и имаме реален потенцијал за раст во иднина. Не знам зошто толку потценувачка запоставеност кон нив, во време кога кај мажите се настапува плански во процесот на создавање нова репрезентација, со Кире и Раде Стојановиќ како млади стратези насочени кон модерен ракомет, тука беа оставени со Савевски, онаа залутаната од Металург, Симевски и Грчевски сега, луѓе кои тотално не се вклопуваат со она што го прават Кире и Раде кај мажите.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.373
Поени од реакции
6.897
Целокупното владеење на Мукаетов со РФМ го одбележа тотална незаинтересираност со женскиот ракомет. Целото внимание е кон мажите, во време кога вадиме колку-толку солидни млади ракометарки како никогаш претходно и имаме реален потенцијал за раст во иднина. Не знам зошто толку потценувачка запоставеност кон нив, во време кога кај мажите се настапува плански во процесот на создавање нова репрезентација, со Кире и Раде Стојановиќ како млади стратези насочени кон модерен ракомет, тука беа оставени со Савевски, онаа залутаната од Металург, Симевски и Грчевски сега, луѓе кои тотално не се вклопуваат со она што го прават Кире и Раде кај мажите.
Јас имам целосно спротивно мислење искрено. Со оглед на резултатите кои ги постигнуваат, дури и премногу е инвестирано во нив. Во кој друг спорт добиле такви услови како во ракомет? За жал проблемите со женскиот спорт во Македонија (не само ракомет) се многу подлабоки од "вложување" и "услови за работа". Проблемите потекнуваат уште од основно училиште и предметот по физичко образование и се продлабочуваат со катастрофалните општествени вредности кои се вкоренуваат кај младите (чест на исклучоците!)...

Дај боже да се подобриме во женски спортови, ама не гледам како тоа ќе се случи без темелни општествени промени...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.654
Поени од реакции
4.282
Проблемите потекнуваат уште од основно училиште и предметот по физичко образование и се продлабочуваат со катастрофалните општествени вредности кои се вкоренуваат кај младите (чест на исклучоците!)...
Ова важи и за кај мажите, не само кај жените.
Инаку, апсолутно се сложувам дека се "најпазени" од сите репрезентации во женскиот спорт кај нас, ама јас споредбата ја правам со вниманието кое го добива машкиот ракомет од РФМ последниве години во однос на нив. Ете конкретно со изборот на селектори и визијата за како треба да изгледаме во иднина, која е очигледна кај Кире и Раде, за разлика од тука каде ко гром од ведро небо се назначува Грчевски за селектор, без никакво искуство и cv и кој одеднаш не ја повикува една од најдобрите репрезентативки, ради лични причини, принцип на работење од пред 20 години. Не се ништо поразлични и претходниците негови. Небо и земја разлика во пристапот е лесно приметлив. Како кај мажите сега да ги оставеа Савевски, Иле Темелковски и Шундо да ги учат модерен ракомет.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.484
Поени од реакции
2.487
Како кај мажите сега да ги оставеа Савевски, Иле Темелковски и Шундо да ги учат модерен ракомет.
Лошо си информиран,Савески и понатаму многу помагат ,само шо не се појавуват многу во јавноста од други причини,ако тој не разбират ракомет незнам кој....
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.110
Поени од реакции
3.862
Изненадувачки солидно прво полувреме. Штета за двата пенали иначе ќе бевме во плус. Треба да го искористат ова барем до бод да дојдат. Тоа може да ги стави и во добра позиција за бараж за СП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom