Ќе се толерира и те како со едвај 45% новородени македонски деца од севкупните во Скопје и скопско. Нормално дека ќе ве гужваат како стигнат и како сакаат. Навредувајте колку сакајте, но семафорот и иднината е на нивна страна. Не се криви Албанците тоа што Македонците немаат никаков државнички потенцијал.
Тие што хушкаат по порталиве дека требало полицијата да удри со пендрак или што ти знам јас, излегоа ли истите да спречат? Да си го нарушат комфорот во животот, да лежат затвор, да добијат кривични итд итд? Патем, што ќе промениш ако тепаш некој на улица? Буквално ништо.
Треба да се прифати реалноста дека Македонија е бинационална држава, Албанците се државнички елемент во оваа држава, да се работи на некое следно федерално преуредување на државата и да се спречи идна војна каде Македонците ќе бидат уште поголеми губитници. Не можеш да добиеш војна со народ кој има милитаристички дух, а од друга страна имаш изгубен народ заглавен во својот секојдневен урбан комфор надграден со деструктивен менталитет.