Јас па имам некоја слабост кон циганите. Да, знам, се ми е јасно, од 101 аргумент што некој ќе ги даде против нив, 102 ќе бидат точни. Ама едноставно не можам be, прво сите интеракции со нив ми биле ултрасмешни и кул. Еден кај што ја перев колата сакаше да отиде за Германија. Му викам абе Решад како ќе одиш за Германија без документи? Абе брат за што сум циган, ќе лажам, ќе кажам ме тепаат, демек ќе барал азил како угнетено малцинство. После тоа разбрав дека отишол во Германија. Оки од истата перална што сега работи на одржување во Сити Мол кога го видов пред некој месец го изгушкав како брат и го прашав абе кај сте вие од перална кај е Казанова (дали така му беше надимакот или стварно така се викаше не знам, со циганите никогаш не можеш да знаеш) кај е Решад уште ли е во Германија? А не вика, се врати сега работи во пекара експерт е за Чивава леб. Еден друг па што го враќав со кола до Шутка му викам како бе Шутка порано имаше нон-стоп свирки и прослави по улици сите се собираа, а ми вика нема сега тоа толку. А проблеми имате ли, вика само со шиптaрите они многу не тепаат. На дипломската се избација од нигде никаде му викам Данка ќе ја свириш, Данка ја свиреа без проблем.
Како да се откажам од Синан од Шабан, Љуба Аличич, Мухарем Сербезовски, Митар Мирич, Џеј, Усније и Есма Реџепови, Шабан Бајрамович од king Ферус Мустафов? На Балашевич му донесоа спас, Тома во неколку песни ги спомнува неговиот биографски филм почнува со Данас сам тужан циганко моја, Росана ја испеа легендарната Свири ми Брате Цигане спомнати се како утешители, свирачи, душолечници во народните песни од Турција, Грција, Бугарија, екс Југославија, Романија па се до Словенија и Унгарија.
Tvojoj pesmi fali mrak, onaj mrak koji si prolazio čim si se rodio, onaj što ga mi domci nosimo u kostima. Ti si samo još jedno odbačeno Ciganče, odbačen i od Boga i ljudi, kao i ja.
Како да се одречам од ова:
или ова. Пепи Бафтировски пред Соборен ја пее Заветна, а не е ни етнички Македонец, ни рисјанин.
Не, не, In this house gypsies are heroes.