Требаше на време да мислите за последиците.
Само проблемот е дали имавте избор или не?
Ние ко пуштавме слики од политичари кај вас во копот не праевте будали. Растен бил Орце со Вардар, бил Комита. Океј супер, валидно е то ама кај е сега? Мицко му оди дома на приватни забави. Од кај стигна наредбата за Миленко? Ќори се? Глупи се? Зошто намерно одат контра?
И не е само Орце, и ред други шо праеја поени на вас.
Уште еднаш се испостави дека политиката е курва.
Од друга страна премногу летавте. Не ти, општо некој членој од кај вас, две одлични сезони и го фатија господ за мадиња.
Чекајте бе другари долга и широка е нивата за орање
Секако дека немавме избор. Т.е. имавме, да се распадне Вардар.
Со оглед на тоа што Град Скопје не се способни едни автобуси да ги регулираат, а не па да спонзорираат како што прави секој град зс своите клубови, се бараа приватни спонзори. За жал, во Македонија нема наоѓање приватен спонзор, без амин од партија. Во годините кога Комити беа главни, беа поминати сите фирми во Скопје, со програма за финансирање, една што се вика не се согласи да спонзорира. Гледаат прво дали ќе имаат ќар од тоа, односно дали некоја партија ќе ги форсира баш нив за возврат за спонзорство.
Сдс не сакаше да помогне, а овие чекаа да дојдат на власт за да "помогнат", па фирмиве буквално не откачуваа за 5 секунди.
Ако ја следиш темата на ФК Вардар, ќе ти стане јасно дека Дпмне шемата ја скроија со наши членови од минатото кои воопшто не се активни. Што се вика, сегашното членство и водство на групата, одлуката ја дознава на свршен чин. Се оди веднаш на неприфаќање и затоа работата се одложуваше цело лето, се до моментот кога немаше шанси да се плати котизација (во превод не ставија во безизлезна ситуација).
Ваљда на сите ви е јасно дека Камчев е тој што влезе во Вардар по стоти пат, а Миленко е само негова продолжена рака. Зошто никој од вардарците од партијата не се буни и не не поддржува? Затоа што си гледаат за свој џеб. Си имаат некој долгорочен план, кој ние им го матиме со борбата против Миленко и Седло. План од кој сигурно ќе имаат финансиски ќар. Гледаш прво ќе си инсталираат свое водство во ФФМ, има да се намлатат пари.
Како што кажав во нашата тема, си пресметале дека сме тотално небитна бројка на гласачи во споредба со она што ќе го добијат финансиски, а секако знаат дека тешко дека некој што е навивач би гласал за сдс, така да си викаат ништо не губиме.
Ова нема врска со Орце, ниту со доаѓањето негово на трибина, они секако ќе го "помогнеа" Вардар на некој начин, сепак поради бројните фанови ние сме добра играчка ни за ќарување поени и за бизнис водење. Малку се знае за ова, ама Орце беше единствен што не' поддржа и пробуваше да ги премисли за Миленко. Али ОК е бог и батина во државава.
Исто така, мој личен впечаток е дека Орце си има поважна работа во моментов, а тоа е да се докаже што повеќе политички и да добие внатрепартиска битка, затоа што морониве се премислуваат во однос на неговата кандидатура за Град Скопје (веројатно го гледаат како закана, дрка многу ќе се издигне). Од тоа што се шушка низ Кисела Вода, планираат пак да кандидираат некока шупелка како што ја утнаа работата со Данела.
Од друга страна, секако дека пред избори одат на трибина за политички поени, тоа се согласувам.
Јас и претходно кажав дека кога ќе се смени власта, очекувам наш пад. Ама очекував дека ќе биде во друга насока, дека пак ќе пробаат да инсталираат некои партиски ликови од минатото како Бошко Луди. Сепак, излезе нешто сосема друго...