А како ти можеш да се ставиш во чевлите на највисоките позиции на двете страни?
Разбирам. Победата на Украина би ја ослабнала моќта на истокот, а со тоа имаме јакнење на американската економија.
Без гајле, овде луѓето живеат во паралелен универзум.
Пред само месец два, кога Украина им рокна огромно складиште на муниција во Русија имаше плачки и како тоа Русите веднаш требало да посегнат по нуклеарки или не знам што.
Во реалноста, се знаеше дека ова е прокси војна, далеку пред да почне. Тогаш беше само прашање за колку брзо Русите може да ја добијаат. Ги фрлија коцките и заглавија во долг конфликт, чие истоштување е само на едната страна (другата се бори за опстанок).
Тука постои интересен феномен, кога западните медиуми (претежно) пишуваат нешто против Русија, тоа е фејњуз, пропаганда и сл. но кога пишуваат во корист на Русија, е тогаш се безгрешни.
Оттука и искривената слика, што би се случило ако Путин си замине (го симнат или било како) од власт.
Не, нема да има немири, нема Русија да се распадни, напротив, алтернативите се далеку повоинствени и понепресметливи. Не до степен на нуклеарки, но во насока на ангажирање огромни ресурси за воениот напор, запоставувајќи се останато.
Да скратам, поентата ми е дека нуклеарки и слично нема да има, дури и кога Украинците би ја вратиле цела територија (многу малку веројатно).