Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.925
Он си мисли дека ќе дозволат полека да ги убијаат конвенционално, само за да не ги убијат неконвенционално... Ваљда пошто мисли дека Путлер и Русите се уствари толку добри у душа да попрво ќе дозволат нив да ги убијат отколку да се деси MAD па недајбоже сите да умрат.

Таа наратива ја продаваат на Запад. Као „Русите се глупи, не се секирајте ќе остават да ги уништиме - нема да се бранат пошто не сакаат MAD“
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.277
Освен тие што се надеваат дека се многу паметни и дека може да блефираат и да ризикуваат до недоглед и дека другите секогаш ќе бидат тие што се одговорни и разумни... Со планот дека „ниту една земја не би си ја запечатила судбината со употреба на нуклеарно оружје“.

Ова овде и сега е поголема светска безбедносна кризи од кубанската, а малтене да нема масовни реакции низ светот.
Шансите да се случи таа нуклеарна војна, и покрај глобалната нелагодност, се исклучително мали, бидејќи негативните последици ги надминуваат позитивните буквално за сите инволвирани. И факт е дека и западот и Русија со оваа војна постепено се исцрпуваат. После толку разарања и жртви, до сега ќе го направеа тоа. Башка Украина на терен ги губи сите позиции, се повлекуваат постепено и последната работа што ќе ја направи Путин во ваква ситуација е да употреби нуклеарно оружје. Нема што да се секирате, од текот на целата војна во Украина сега има најмал ризик за тоа.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.341
Поени од реакции
6.390
Глупациве мислат дека некој крв ќе лие за нив. :popce: У најдобар случај може само оружје да добиеш ко украина, требењето да е појако.
Еве ако е така, што ги спречуваше русите до сега да фрлат нуклеарка во Полска од каде што дојде цело оружје што им сотре стотици илјади војска? Еве чим ти знаеш дека Америка нема да фрли нуклеарка на Русија ако Русија фрли на Полска, ваљда и Путин го знае тоа. Зошто?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.925
Шансите да се случи таа нуклеарна војна, и покрај глобалната нелагодност, се исклучително мали, бидејќи негативните последици ги надминуваат позитивните буквално за сите инволвирани. И факт е дека и западот и Русија со оваа војна постепено се исцрпуваат. После толку разарања и жртви, до сега ќе го направеа тоа. Башка Украина на терен ги губи сите позиции, се повлекуваат постепено и последната работа што ќе ја направи Путин во ваква ситуација е да употреби нуклеарно оружје. Нема што да се секирате, од текот на целата војна во Украина сега има најмал ризик за тоа.
Не ти е нелогично размислувањето. Проблемот е што твојот светоглед е светоглед на нормален (и реално неинформиран) човек и не можеш да се ставиш во чевлите на тие на највисоките позиции на двете страни... Не дека јас можам ама јас работиве малку подолго ги пратам. Дали разбираш што е влогот овде? Зошто западните го почнаа сето ова и кој беше/е нивниот ендгејм? Дали разбираш каков brinkmanship e сето тоа и колку стрпливост треба од другата страна за да не се случат ескалации од кои нема враќање? И зошто мислиш дека таа стрпливост ќе продолжи бесконечно дури и ако штетата стане ненадоместлива и неодржлива?
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.521
Поени од реакции
26.178
П.С. за Белорусија не се грижи, бркатиот чичко си има и нуклеарки, и шифри и клучеви ;)
Немој само вакви муабети да почињаш. Сега ќе ти дојде Вартоломеј цел реферат пцости, клетви, клевети за бркатиот чичко од Белорсуија.
Кој ќе го трпи 10 страни.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.277
Не ти е нелогично размислувањето. Проблемот е што твојот светоглед е светоглед на нормален (и реално неинформиран) човек. Не можеш да се ставиш во чевлите на тие на највисоките позиции на двете страни... Дали разбираш што е влогот овде? Зошто западните го почнаа сето ова и кој беше нивниот ендгејм?
А како ти можеш да се ставиш во чевлите на највисоките позиции на двете страни?

Разбирам. Победата на Украина би ја ослабнала моќта на истокот, а со тоа имаме јакнење на американската економија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.224
Еве ако е така, што ги спречуваше русите до сега да фрлат нуклеарка во Полска од каде што дојде цело оружје што им сотре стотици илјади војска? Еве чим ти знаеш дека Америка нема да фрли нуклеарка на Русија ако Русија фрли на Полска, ваљда и Путин го знае тоа. Зошто?
Зошто би, вреди ли 300 милиони свои луѓе да жртвуваш за полска?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.925
А како ти можеш да се ставиш во чевлите на највисоките позиции на двете страни?

Разбирам. Победата на Украина би ја ослабнала моќта на истокот, а со тоа имаме јакнење на американската економија.
Реков дека ни јас не можам, но ете малку повеќе разбирам - на пример разбирам дека ендгејмот им беше немири и бунтување во Русија со создавање на услови за државен удар како крајна цел. Се ова што се случува од почетокот на војата па до сега, се е во таа насока. Повеќе далечински напади врз РФ значи повеќе терор за граѓаните од кои се очекува да почнат да се бунтуваат. Итн.

Ако таа цел почне да се остварува, ако Мајдан шемата почне да се дешава во Русија.... Како сметаш дека тоа ќе се одрази на воздржаноста на руското раководство поповод неупотреба на нуклеарно оружје? Ете нека не се бунтови во прашање, но замисли далечинските ракетни напади во Русија ако почнат да прават вистинска штета? Ненадоместлива и неодржлива штета. Како тоа ќе се одрази на воздржаноста на руското раководство поповод неупотреба на нуклеарно оружје?
Разбираш што се обидувам да кажам? Нуклеарна војна не е незамислива во моментов, напротив, никогаш во историјата на човештвото не сме биле поблиски. Тој часовникот да работеше сега ќе беше не пет минути - ќе беше на секунди до полноќ.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.341
Поени од реакции
6.390
Зошто би, вреди ли 300 милиони свои луѓе да жртвуваш за полска?
Не одговараш на прашањето. Ако на америка не и е вредна Полска, зошто Русија не ја збрише од планетата?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.224
Не одговараш на прашањето. Ако на америка не и е вредна Полска, зошто Русија не ја збрише од планетата?
Па и тоа ќе дојде на ред еден ден. Со оглед дека американците ја спремаат како следна дестинација за војна. Пољаците молат за нуклеарки но не верувам некогаш да ги добијат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
А како ти можеш да се ставиш во чевлите на највисоките позиции на двете страни?

Разбирам. Победата на Украина би ја ослабнала моќта на истокот, а со тоа имаме јакнење на американската економија.
Без гајле, овде луѓето живеат во паралелен универзум.
Пред само месец два, кога Украина им рокна огромно складиште на муниција во Русија имаше плачки и како тоа Русите веднаш требало да посегнат по нуклеарки или не знам што.

Во реалноста, се знаеше дека ова е прокси војна, далеку пред да почне. Тогаш беше само прашање за колку брзо Русите може да ја добијаат. Ги фрлија коцките и заглавија во долг конфликт, чие истоштување е само на едната страна (другата се бори за опстанок).

Тука постои интересен феномен, кога западните медиуми (претежно) пишуваат нешто против Русија, тоа е фејњуз, пропаганда и сл. но кога пишуваат во корист на Русија, е тогаш се безгрешни.
Оттука и искривената слика, што би се случило ако Путин си замине (го симнат или било како) од власт.
Не, нема да има немири, нема Русија да се распадни, напротив, алтернативите се далеку повоинствени и понепресметливи. Не до степен на нуклеарки, но во насока на ангажирање огромни ресурси за воениот напор, запоставувајќи се останато.

Да скратам, поентата ми е дека нуклеарки и слично нема да има, дури и кога Украинците би ја вратиле цела територија (многу малку веројатно).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom