Јако.
Инаку, бој мам е тик ток тренд кај што одредени мајки сметаат дека да си мајка на машки деца е "специјално", што секако е глупаво.
Од друга страна, уште потажно е да наседнува некој на провокацииве - како ти сега. Сарказам е. Бидејќи вообичаено (и кај нас) се преферираат машки деца, во минатото инфантицидот (убивање на новороденче) бил познат ако не е од "посакуваниот пол".
Денес постои селективен абортус и затоа во Јужна Кореа, Индија и Кина имаш толкава диспропорција, има далеку повеќе мажи отколку жени. Затоа што се преферира машко дете, се абортираат женските, а во позатуцани средини и ден денес се убиваат. Постојат одредени статистики кои овој тренд го гледаат и кај нас и во Косово, еве не знам зошто
Инаку природно се зачнуваат повеќе машки од женски фетуси, но бидејќи машките фетуси имаат само еден Х хромозом, поподложни се на спонтан абортус ако Х хромозомот е мутиран, додека женските фетуси имаат два Х хромозома и има шанси мутацијата да не ги афектира или да имаат поблага слика. Природата оваа "генетска слабост" ја надокнадува со повеќе машки зачнувања.
Како и да е, провокација е, само е интересно како вака не се потресувате за женските фетуси и новороденчиња, не ви паѓа чудно што одредени нации имаат огромна разлика меѓу машка и женска популација. If anything, ако нема фактор на смртност како на пример војна, очекувано е и нормално жените да се благо побројни од мажите, меѓу другото, баш ради таа "генетска предност" (мажите се посилни, жените се подолготрајни). Со таква разлика во популација, нешто "смрди"
Бидејќи не си оболен, не очекувам да прочиташ, за другите е, овие болниве што читаат.