ДА се грижев јас за желбите на христијаните, вие сега ќе немавте проблеми со другите религии!
Но бидејќи вашето време помина, го достигнавте врвот пред 100 години - небитни се вашите надежи во човешвото...
Пак ќе повторам: за тебе како православен христијанин се е сатанизам. Дури и Вселенската патријаршија сега ти е сатанско дувло јер тоа не чини за ОА-МПЦ... или МПЦ-ОА... се е сатанизам и се брише и додава во однос на вашите земски политики и црковни зделки. Ваша работа... сатанизмот не излегува надвор од пазувите на старо-еонските религии, бесцелно е проектирањето како се е сатанизам ако не е православие... тоа важи само во храмот или дома во едно христијанско семејство - надвор, е глупо така некому да му зборуваш. Нема да добиеш аплауз...
Немате ни Т од толеранција кон другите... само сатанизам да понудите, нели? Посебно мирјани кои мислат дека го достигнале врвот на нивното постоење на Земјата... не така!
ПОслушај ме барем еднаш...
1. Ти си христијанин и не знаеш како изгледа сатанизмот во стариот еон? За вас сатанизмот е перверзија извртена на христијанската догма.
Вие верувате дека постои сатана, битие кое се лигави и му смета на едно божество, проектирате врз другите дека и тие се како вас, веруваат, коленичат, принесуваат жртви итн итн... но на друг бог, и тој бог е зло и е наречен сатана бидејќи нели куп преводи што тоа значи... не може на друг начин да го перцепирате „другото“ - знаеш, секој суди според самиот себе и какво искуство и колку имал во животот.
2. Не постои сатана во новиот еон како што е претставен во старо-еонските религии кои ќе му парираат на божественото, на идеалот кон кој што се стреми секој човек на Земјата да го постигне сега и тука.
Бидејќи сум Телемит, еве го ставот за „сатаната“ во Телема
Во
Телемата нема директен пандан на Јудео-Христијанскиот концепт на ѓавол или Сатана; но псевдоперсонификација на конфузија, вознемирување, илузија и себично незнаење е наречено „
Хоронзон“.
Исто во една друга „книга“:
„И Сатаната е обожуван од страна на луѓето под името Исус;
и Луцифер е обожуван од страна на луѓето под името Брама;
и Левијатан е обожуван од страна на луѓето под името Алах;
и Белиал е обожуван од страна на луѓето под името Буда.”
–
Liber CCCCXVIII
Знаеш кои се овие од погоре? Знаеш од каде доаѓаат тие имиња?
Имаш нет, ова за тебе ќе биде како пребарување на dark net, christian version
Се што е препрека за Човекот кон неговото исполнување на чистата волја Е ѓавол. Со различни имиња во различни времиња и простор.
Секое искушение кое не може да се помине, а се знае неговиот извор - е ѓавол во чии што канџи паднал човекот. И тие нешта се толку суптилни дел од човекот што треба мајсторство и пракса за да се препознае нештото, да се спречи и да се лечи и да се надмине!
Бидејќи „Зборот на гревот е ограничување“.
3. Ќе мора да ми кажеш за кои религии зборуваш во новиот еон, и каде ги имало во минатото и како може да се од новиот еон, а да ги има во минатото?
Зборуваш за твоите секташки свети отци што проклето зборувале за другите во тие времиња, за кои би изгубил душата бидејќи не знаеш ништо за учењата во светот?
Ќе мора да го објасниш или подобро конструираш прашањево за да ти одговорам... бидејќи минатите учења и ритуали постојано се наследуваат.
Религиите постојано се менуваат во духот на времето, но иницијацијата останува иста.
Вие христијаните и муслиманите (и сите догматски религии) не може да го сфатите ова и очајно се плашите дека постои крај на Зборот на вашите учења.
Без страв... се е како што треба да биде