Исчезнати лица

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Се е така, да, од оваа гледна точка и со овие информации со кои располагаме. До вечерва ми се чинеше дека ќе идат сведоците на карта да го спасуваат Палчо дека е наместен, што и самата Кираца изјави денес дека не верува дека го направил за пари. Али после испадов ноќва на ФБ од страна на Гоце каде отворено го напаѓа Палчо, пак ми се мешаат картите. Оставам 1% можност да е твојата варијанта дека Гоце стварно им го решил случајот врз база на аналитика и интуиција.
Во врска со прашањето кој го известил Гоце, таа рече дека го известила мајка му Кираца. - Зорица ја контактирала, ѝ пишала порака, она помислила дека Гоце може да помогне во ситуацијата со своите познанства, рече таа.

Ова го изјавува мајката на Александар. Значи Зорица ја контактирала Кираца, не Александар. Они знаеле дека Гоце има луѓе и го искористиле да им помогне во истрагата. А многу е веројатно паничниот напад на Гоце, да е масло на Кираца, пошто како што гледаме тој може да е избувлив и лесно можат да го испровоцираат.
Автоматски споено мислење:


Прашана што конкретно Гоце помагал, таа одговори во сѐ.

- Бараше снимки на камери, сите се движеа, се гледаше каде имаше камера, менувачница, фризерница... Многу брзо првиот ден и полицијата и ние сфативме дека нема камера што ја фаќа Вања, рече таа.

Прашана дали дошле Гоце и другите што му помагале до некоја констатација, таа одговори дека доколку имало нешто сомнително сите се собирале за консултација, додавајќи дека по два дена довербата во полицијата максимално ја изгубиле.




Следново е од Кираца:

Дополни дека го побарала Гоце за помош.- Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа.

Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар, ја барал пешки.

Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата.

- Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност, рече таа.

Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.

- Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор, рече таа.


-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ова значи дека роднините и пријателите си правеле една своја паралелна истрага. Значи не само Александар и Гоце. Учествувале Кираца, мајката на Александар, Зорица, стрината на Зорица, сестрата на Александар, внукот ...
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.320
Поени од реакции
6.325
Ова значи дека роднините и пријателите си правеле една своја мини истрага.
Како стојат работите, ќе ги осудат Палчо и другиве на доживотна робија без признание негово. Мотивот од обвинението нема никаква логика ако остане на овие обвинети и на овие докази. Државата ќе го преќути моментот на некомпетенција на институциите. Односно, еден обичен ден во Фиромија.
 
Член од
29 мај 2023
Мислења
10
Поени од реакции
28
Прво што се прави по ПС се гледаат камери во 21ви век. Неможе да не ги обезбедиле камерите уште првиот ден, во спротивно треба некој да одговара. Не треба да гледаат недела дена уназад него точно се знае кога го снемува девојчето. Нереален ми е муабетот дека цивил обичен ќе најде сумњива кола па ќе се присети на некој си случај од Велес. Го здоболе стап просечниот скопјанец за исчезнати стари лица од помали градови, да бидеме реални.
Исто така, во развиениот свет, кога ќе исчезне лице, еден од првите чекори е да се доведат специјално тренирани кучиња на местото каде што лицето е последен пат видено со цел да се открие каде точно му се губи трагата.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.380
Поени од реакции
6.997
Како го објаснуваш фактот дека испратил порака на погрешна група која гласи " колку пари треба " или како и да беше

Фактот дека го посочил Цитроенот како сомнителна кола баш од сите коли на снимките, дека од старт бил испаничен и повторувал дека Вања е убиена ...

Дека сведоците кои се првоосомничени изјавија дека таткото му дал информации на Палчо дека Вања ќе оди сама на училиште...

Дека бил зависник, дека требало станот да го префрли на децата ама одолговлекувал ...
Сигурно и од МВР имаат повеќе информации кои допрва ќе се извадат, повици од телефон, пораки, пошто рекоја дека телефони и уреди се вештачени и имаат докази за нивна поврзаност
Многу информации има, па ни се мешаат работите на сите.

Што се однесува до пораката. Колку што разбрав од испекторите и неговиот адвокат, не ја знаат содржината на пораката, туку по каживање на некои родители мислат дека е тоа. Не знам дали и зосто не можат да вратат од Вибер избришана порака? Адвокатот и татково викаат пораката била сосем друга, дека на прашање на родителите дали има нешто ново, он одговорил дека нема ништо сеуште, па ради истрагата ја избришал.

Околу цитроенот. Прво го виделе на камери, по рутата на движење на телњфонот на Вања. И самата мајка кажа дека последниот сигнал бил пред Силбо. Од зградата на Вања до Силбо има само една рута. Ако се сеќаваш уште тогаш искочи едно видео каде татково на Вања на инспектприте им покажува видео со цитроенот и кангуто и таму им кажува дека целов време се движат многу споро, за разлика од сите останати, што е само по себе одма сомнително.

Ќе видиме првообвинетите што ќе зборат у судница.

Бил зависник пред долго време, пред воопшто свадба да прави, е сега не видов изјава од што бил, што дрога. Секако било пред многу време, ете и мајката сама кажува дека биле во одлични односи, дека се грижел за децата. Има муабети дека Вања почесто била кај него, дека он идел почесто по родителски, во школо и слично, ама овој дел го немаше до сега во сведочењата, бар јас не видов, така да се само муабети сеуште.
Инспекторите што работеа на случајот, а веќе сведочеа, изјавија дека немаат никакви докази за било каква комуникација помеѓу таткото и Палчо.
Така да не верувам дека имаат докази од тој тип, бар по сведочењата на инспекторите што го воделе случајот.

Ќе видиме што како ќе излегува понатаму. Како стојат работите, за сега таткото има шанса да испадне невин, останативе не.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.766
Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски
Од кај знаеле бе кој е Панче Жежовски тогаш? Некако ко многу информации да имале што не би требало да ги имаат...
Автоматски споено мислење:

Татко му на Александар бил директор на интеримпекс, имал неколку станови куќа во Кучково и така натаму. Разгалено дете од многу богата фамилија. И нормално е дека му помагале. И внукот од сестра му му давал пари како што гледаме. Сеуште сум на ставот дека не е замешан во ова. Чисто изјавата на дебилите е да се замати истрагата. BTW, не е во притвор колку што сватив.
Друже, од внук да бараш пари, а еве како што си пишал и како што всушност е во реалноста он потекнува од богата фамилија и притоа е невработен, не те асоцира дека човекот има некаков проблем? Дрога, коцка, било што? За што ги позајмувал тие пари? А башка што исто така сум убеден дека не позајмувал пари само од најблиската фамилија али ајде.

Па уште кога ќе прочитам биле во одлични односи со Зорица, абе готово верувам, зошто се развеле бе ако се во одлични односи?? Тие можеби си контактираат и комуницираат поради децата, ама дека им се сјајни односите во тоа нема жив човек што ќе ме убеди.

Јамајка, нема шанса таткото да не е умешан. Не според мене, него општо логички гледано во ситуацијава најверојатно таткото бил договорен со овие идиотиве и ја дал информацијата кога излегува Вања од дома за во школо, но ништо не му наговестувало дека детето ќе му биде убиено. Тука све иде у курац, зашо реално не постои родител што ќе договори убивање на сопственото дете. Има многу сомнителни ситуации што наведуваат кон тоа дека Александар е грешен ко црн ѓавол, така да останува да видиме што ќе биде. Ме занима што ќе кажува овој Гоце кога ќе сведочи, а и зошто вчера не се појави во судница а на фејсбук е главен по коментари.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.202
тој Гоце делува дека е умешан у целава работа, знаел кои камери му требаат за да дојде до цитроенот. Неговото бегање од сведочење додатно го прави сомнителен у целава работа.

Иначе според @jamajka Александар бил богат, имал станови и огромни недвижни. Само не го зема фактот дека тоа е на неговите кои му даваат џепарлак на 50 години. :popce:
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.320
Поени од реакции
6.325
Курчов “ја кога сакам ќе се појавам на судење, шо ми можеш?”…аман бе со паметот не мрднал од времето кога идевме на работнички утакмици. Ама па у оваа квази држава се е можно.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.122
Поени од реакции
10.143
Како може еден родител, татко, да седи мирен во судница, да не добие нервен напад, да не се обиде да му скокне на убиецот на неговата ќерка за да му извади очи, да го фати за врат...па барем да го опцуеше???
На нас ни зоврева крв во глава што не сме во никаква роднинска врска со Вања, а не дај боже такво нешто да се доживее, а овој никаква реакција не упати кон Палчо!?
Чудно....затоа мислам дека таткото не е невин.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Од кај знаеле бе кој е Панче Жежовски тогаш? Некако ко многу информации да имале што не би требало да ги имаат...
Ете пишува погоре. Ова е од сведочењето на Кираца, мајката на Гоце:

Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.

Според денешното сведочење, во оваа истрага не биле само Гоце и Александар, туку учествувале сите Зорица, мајката на Александар, стрината на Александар, сестрата на Александар, внукот... и така натаму. ТИе го нашле возилото за сомнително, го кажале најверојатно на некого во полиција и тој некој им кажал дека човекот се води за исчезнат. По што имале теорија дека тој ја грабнал и ја однел негде надвор од Македонија.

Имај во предвид дека во таа истрага учествувала и Зорица, а она веќе сведочеше. Ако нешто се посомневала, таа прва ќе речеше дека е он умешан.

Друже, од внук да бараш пари, а еве како што си пишал и како што всушност е во реалноста он потекнува од богата фамилија и притоа е невработен, не те асоцира дека човекот има некаков проблем? Дрога, коцка, било што? За што ги позајмувал тие пари? А башка што исто така сум убеден дека не позајмувал пари само од најблиската фамилија али ајде.
Ако имаш проблеми со дрога и коцка, и ако си заглавен до даска, нема шанса од тоа да нема трага. Лихвари не ти даваат пари ако не заложиш куќа, кола или нешто. Ако имал проблем со дрога, тоа лесно се проверува и до сега никој не излезе да каже дека е тоа така и претпоставувам дека да имаше барем тенденција за таков проблем, ќе излегоа на виделина на судењето до сега, но останува ајде да видиме понатаму.

Башка тоа не можел да го скрие од фамилијата, уште повеќе што веќе го имал тој проблем пред 25 години и гарант ќе бил на радар на фамилијата. Имај во предвид дека Зорица им дозволувала на децата без проблем да живеат со него во одредени периоди. Ако мајката се сомневала дури и малце дека е наркоман и коцкар, не верувам дека ќе му ги дала децата и да ги види и да комуницира со нив, а не пак да живеат со него и да иде на родителска. Или па уште помалце да му препише стан на негово име. Кој бре препишува стан на наркоман и коцкар ?


Па уште кога ќе прочитам биле во одлични односи со Зорица, абе готово верувам, зошто се развеле бе ако се во одлични односи?? Тие можеби си контактираат и комуницираат поради децата, ама дека им се сјајни односите во тоа нема жив човек што ќе ме убеди.
Па мора ли да се тепаат кога ќе се видат? Добри односи јас подразбирам добри односи онолку можат да бидат добри на разведени.
Автоматски споено мислење:

Јамајка, нема шанса таткото да не е умешан. Не според мене, него општо логички гледано во ситуацијава најверојатно таткото бил договорен со овие идиотиве и ја дал информацијата кога излегува Вања од дома за во школо, но ништо не му наговестувало дека детето ќе му биде убиено. Тука све иде у курац, зашо реално не постои родител што ќе договори убивање на сопственото дете. Има многу сомнителни ситуации што наведуваат кон тоа дека Александар е грешен ко црн ѓавол, така да останува да видиме што ќе биде. Ме занима што ќе кажува овој Гоце кога ќе сведочи, а и зошто вчера не се појави во судница а на фејсбук е главен по коментари.
Нема мотив да е вмешан. Пари? Го имал станот на негово име, коцкар и наркоман ќе го продаде тој стан и ич око нема да му трепне. Не верувам дека некој родител би му направил таков стрес на детето.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.766
Ако имаш проблеми со дрога и коцка, и ако си заглавен до даска, нема шанса од тоа да нема трага. Лихвари не ти даваат пари ако не заложиш куќа, кола или нешто. Ако имал проблем со дрога, тоа лесно се проверува и до сега никој не излезе да каже дека е тоа така и претпоставувам дека да имаше барем тенденција за таков проблем, ќе излегоа на виделина на судењето до сега, но останува ајде да видиме понатаму.

Башка тоа не можел да го скрие од фамилијата, уште повеќе што веќе го имал тој проблем пред 25 години и гарант ќе бил на радар на фамилијата. Имај во предвид дека Зорица им дозволувала на децата без проблем да живеат со него во одредени периоди. Ако мајката се сомневала дури и малце дека е наркоман и коцкар, не верувам дека ќе му ги дала децата и да ги види и да комуницира со нив, а не пак да живеат со него и да иде на родителска. Или па уште помалце да му препише стан на негово име. Кој бре препишува стан на наркоман и коцкар ?
Првиот ден кога се случи исчезнувањето на Вања излегоа информации дека таткото е коцкар и наркоман. Сите ние мислевме дека се класични рекла казала муабети што редовно се случуваат во нашево општество кога имаме вакви настани, ама еве година дена после тоа според изјавите од неговите најблиски можеме да претпоставиме дека и не е баш нереална таа опција. Не мора он да го крие од фамилијата, може едноставно да го штити фамилијата, ти текнува? Зошто ако бил сосема во ред и се излечил од пороци не работел? Зошто позајмувал пари од кој стигне, особено од ВНУК МУ? Имаме ли инфо за што ги трошел парите, што правел? Немаме, и тука постои сомневањето кај него, покрај сите други работи.

Околу препишувањето на станот и комуникацијата со Зорица... Ти реков, не се развеле сигурно ради тоа што имале одлични односи, туку затоа што имале проблем/и. Со оглед на минатото на Александар јас сум и повеќе од убеден дека он бил поголемиот проблем во ситуацијава. Се развеле, а остануваат во ок односи поради децата и ништо повеќе. Тоа со станот не можам да ти го објаснам, можеби и на Зорица не и бил чист газот во бракот па морала да компензира некако по разводот за "мир во куќа", можеби е нешто друго, не знам. Ама знам дека у ситуацијава татково смрди, и тоа смрди од километар.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.685
Како може еден родител, татко, да седи мирен во судница, да не добие нервен напад, да не се обиде да му скокне на убиецот на неговата ќерка за да му извади очи, да го фати за врат...па барем да го опцуеше???
На нас ни зоврева крв во глава што не сме во никаква роднинска врска со Вања, а не дај боже такво нешто да се доживее, а овој никаква реакција не упати кон Палчо!?
Чудно....затоа мислам дека таткото не е невин.
Ова истото го помислив, колку и човек да е мирен нема шанси да издржи такво нешто - едноставно ќе се обиде да направи нешто. Ама очигледно и самиот е нешто крив, замисли возрасен човек татко на две деца веќе неколку години не работи ништо и се издржава со пензијата на мајка му и помош од фамилијата. Уште па и од внук 20-30 годишен да бараш пари да ти позајмува ? Попрво ќе се фрлам во првата провалија отколку недај боже ова да го дочекаш во животот ама ете него очигледно тоа му е „нормално“ што само по себе многу кажува за каков е неговиот ментален склоп, според мене гарант се некакви коцкарски долгови за волку ниско да падне.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.320
Поени од реакции
6.325
Како може еден родител, татко, да седи мирен во судница, да не добие нервен напад, да не се обиде да му скокне на убиецот на неговата ќерка за да му извади очи, да го фати за врат...па барем да го опцуеше???
На нас ни зоврева крв во глава што не сме во никаква роднинска врска со Вања, а не дај боже такво нешто да се доживее, а овој никаква реакција не упати кон Палчо!?
Чудно....затоа мислам дека таткото не е невин.
Кукавица најголема бе. Ја ваква пичка усрана од човек уште не сум видел. И крив и невин он ќути ко пичка под кошуља. Ич не го сожалувам и не сочуствувам. И онака си у притвор, фрли една столица накај обвинетите.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
956
Поени од реакции
1.566
Ни мајката немаше реакција спрема обвинетите ако е за така.

И да се клукаат со дијазапам ваљда треба да ти дојде нешто од внатре да фанеш еден камен по глава да им фрлиш али не дај боже да дознаеме.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
184
Поени од реакции
449
Ако Гоце го решил случајот, уште утре пола МВР у оставка треба да биде. Стигна ли еден цивил да биде поагилен во набавка на снимки, од МВР и поаналитичен од цел тим инспектори, толку е приказната. Каде е МВР у целава приказна да каже дали и кога они ги набавиле снимките и зошто никој што е обучен и платен од кај нив не фрлил сумња на Цитроенот, како тоа што го направил еден обичен цивил?
Штом видов името на мајката на кумот дека е Кираца и дека таа сведочела дека ги поврзала работите одма знаев дека е Кираца фершпед. Кога Камчев и Мијалков и ги собраа акциите и парите(ко на многу други) оваа имаше 2 стана во една зграда кај што поминував добар дел. Едниот го ренташе, другиот живееше. Кога и дојде извршител да собере работите(а и можеби станот да и го зеде) ја соѕида вратата за викенд и направи друга во плакарот од соседниот стан. Фаците на полицијата и извршителот кога дојдоа требаше да се овековечат со слика, бараат врата со бројче и гледаат тазе избетониран ѕид. Го пребараа тој станот што беше изнајмен и не ја надоа вратата, си испија кафе полицајците, се врткаа и си отидоа. Си заборавија полициски јакни со се идентификации, налози и документи. После некој час се вратија кога отишле кај друг и сфатиле немаат документи. Ете тоа ти е МВР. А оваа Кираца е се само не некој добронамерен детектив и кумашинка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom