Сега на ред е Акаша:
Драга Акаша, ти ми се правиш нешто гангстерка ама не ти оди
Мрзлива си личност, ретко се интересираш за нови нешта, ништо не те задоволува, за сите нешта што ги прават луѓето мислиш дека ти ги можеш подобро, тебе би ти испаднало подобро или сл.
Ако евентуално се заинтересираш за нешто друго, обично дознаваш дека е глупост и си се враќаш на своите “тези“.
Се што е популарно, тебе не ти се допаѓа, односно имаш свои вредности и ставови за нештата кои што во голема мера се разликуваат од туѓите. Би сакала да си на некоја видна функција, или позната личност, но сметаш дека патот е претрнлив и не би се осудила, иако напати мислиш дека можеби и не е се така црно


Имаш многу познаници но се дружиш само со мал број од нив, сметаш дека ќе имаш добар живот, се ќе се среди, не размислуваш песимистички. Алчна си, сакаш се за себе, пред нешто да споделиш со други, размислуваш каков бенефит ми имала ти од тоа. Не си многу отворена кон сите, го слушаш соговорникот (сопишувачот

) и после одредуваш како ќе комуницираш со личноста.