Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Значи ќе почекам јас за анализа.
:smir:
Ајде и за тебе :)
На прв поглед, не можам да одредам дали си машко или женско :) Претпоставувам дека иако си ставил nick CafeDelMar, не си голем љубител на таквиот вид музика (chillout, lo-fi etc.), туку дека ти звучи самиот збор егзотично. Би сакал да знаеш некој странски јазик, пр. латински, шпански, португалски и имам некакво чувство дека би отворил кафуле или ресторан во кој би се служеле шпански специјалитети.

Не си перфекционист, не гледаш нештата да ти се тип-топ средени иако би сакал некој друг да го прави тоа за тебе :) Би сакал да имаш поголема фантазија и креативност, но мислиш дека и таа што ја имаш, е доволна (или си мрзлив за нешто повеќе).

Не бараш премногу од животот, задоволен си од тоа што го имаш, слушаш доста музика и гледаш телевизија, се занимаваш нешто со медиуми (да не звучам како Сабинче Almighty) или би сакал нешто да се занимаваш. Толку од мене :smir:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693

Најпрвин благодарам за потрошеното време:smir:.Инаку сум девојка:wink:.
Бајги работи погоди ама и бајги утна .
Значи слушам chillout а не сакам ни еден од тие јазици да знам,не некоја пресилна потреба.
За креативноста ја имам и сакам да ја имам ама тоа е веќе и ствар на искуство:wink:.
И само уште ова ,(за да не ја тупам со се што кажа)немам никаква врска со медиуми.
Поздрав:smir:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Сега на ред е Акаша:

Драга Акаша, ти ми се правиш нешто гангстерка ама не ти оди :)
Мрзлива си личност, ретко се интересираш за нови нешта, ништо не те задоволува, за сите нешта што ги прават луѓето мислиш дека ти ги можеш подобро, тебе би ти испаднало подобро или сл.
Ако евентуално се заинтересираш за нешто друго, обично дознаваш дека е глупост и си се враќаш на своите “тези“.

Се што е популарно, тебе не ти се допаѓа, односно имаш свои вредности и ставови за нештата кои што во голема мера се разликуваат од туѓите. Би сакала да си на некоја видна функција, или позната личност, но сметаш дека патот е претрнлив и не би се осудила, иако напати мислиш дека можеби и не е се така црно :):):)

Имаш многу познаници но се дружиш само со мал број од нив, сметаш дека ќе имаш добар живот, се ќе се среди, не размислуваш песимистички. Алчна си, сакаш се за себе, пред нешто да споделиш со други, размислуваш каков бенефит ми имала ти од тоа. Не си многу отворена кон сите, го слушаш соговорникот (сопишувачот :)) и после одредуваш како ќе комуницираш со личноста.
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128

Иииии гангстерка :pos:
Мрзлива сум да, ама се интересирам за нови нешта.Тоа е за првиот дел.Потоа,не мислам дека патот е премногу трнлив, патем без лажни скромности кој не би сакал да е на видна функција :pos: . Последниот дел е углавно точен ама не сум алчна бе :jaj: или сум па :pos:
Фала на анализата :pipi::back:

П.С. : Coming Soon------------> The Revenge :pos:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Мене ке моеш,а?
И немора долга и критична,ми направија таква....:kesa::pos2:
Еден ден каснам, но се надевам ќе ми се прости.:smiz:

Млада личност, страшно многу поделена на одредени полиња, често и демагог, комплициран во размислувањето, едноставен во делувањето, нажалост ништо посебно во денешното општество, трагично е што не одиш правопропорционално во сите домени на животот.
Си се пронашол сам себе т.е. си бил бутнат во одреден стил на живеење каде што било најлесно да се интегрира, си ги прифатил сите нивни навики и „доблести“ и сега го фураш тој живот, повторно не баш добро зошто имаш квалитети, барем така кажуваат.:wink:
Секојдневно трошење на време и пари т.е. на емоции и ретко нешто добро да излезе од тоа, иако уживањето е само по себе доволно.
Сега не ми беше јасно зошто ставаш маски на сам себе и вршиш проекции на филмови кои ниту ти сам не си ги изрежирал?
Помалку си изгубен, помалку се прашуваш, помалку ти е страв од одговорите и повторно се враќаш во првобитната состојба.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Јас анализа од Кики сакам:)
Повелеле..

Кај тебе доаѓа до израз твојата детинестност. Меѓутоа за возраста на која си искрено покажуваш и голема доза на конзервативност. Досега си покажал голема доза на коректност кога се работи за комуникација со други личности. Се трудиш секогаш да бидеш тука кога нешто ќе затреба, тактично и разумно размислуваш за твоја возраст.
Од она што забележав се занимаваш со спорт. Тоа подразбира и одредена дисциплина и почитување на одредени правила. Значи знаеш да почитуваш. Е сега можеби грешам ама ти си и помалку срамежлив.:)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Фликс...

За тебе бачко имам многу да пишувам...ама сепак ќе се обидам најбитното да го напишам..

Како прво си многу добродушно типче,кое гледа на сите да им угоди...

Сакаш да фотографираш и да работиш во фотошоп...

Те има на сегде на форумов,во последно време највеќе во Фотографија и пред се Играчница...

Сакаш да се забавуваш и да имаш убав провод кога си излезен..

Си ми оставил впечаток како многу паметна и бистра личност...секогаш насмеана и весела..

Сум зборел повеќе пати со тебе на мсн и секогаш си се обидел да ми помогнеш ако нешто ми треба и го ценам тоа...

За љубовта нема што да кажам,мислам дека девојките ти се јака страна...и си еден од подобрите "јебовци" во твојата ти родна Битола:)

Те немам запознаено во живо,но сакам и се надевам на тоа на следната собиранка на 19 Јануари...

Данкешен..мислам дека беше доволно..:helou:

Фала кратка но одлична анализа со малку зборови се кажа :smir:
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Еден ден каснам, но се надевам ќе ми се прости.:smiz:

Млада личност, страшно многу поделена на одредени полиња, често и демагог, комплициран во размислувањето, едноставен во делувањето, нажалост ништо посебно во денешното општество, трагично е што не одиш правопропорционално во сите домени на животот.
Си се пронашол сам себе т.е. си бил бутнат во одреден стил на живеење каде што било најлесно да се интегрира, си ги прифатил сите нивни навики и „доблести“ и сега го фураш тој живот, повторно не баш добро зошто имаш квалитети, барем така кажуваат.:wink:
Секојдневно трошење на време и пари т.е. на емоции и ретко нешто добро да излезе од тоа, иако уживањето е само по себе доволно.
Сега не ми беше јасно зошто ставаш маски на сам себе и вршиш проекции на филмови кои ниту ти сам не си ги изрежирал?
Помалку си изгубен, помалку се прашуваш, помалку ти е страв од одговорите и повторно се враќаш во првобитната состојба.
Фала на анализа.
Немам никаков коментар,се е 100% вистинито...напиша некои работи кои и јас самиот штотуку ги откривам.
Инаку,да ти одговорам на прашањето.
-Филмовите мора да ги има.Без разлика од кој се режирани...си ја превземам на мене одговорноста да ги претставам.Имам желба за тоа,желба која можам да си ја исполнам сам.Не ми треба Дедо Мраз.
А маската...епа,маската мора да стои.Сите ги имаме,нели е така.
Што знам,има три опции:
1.Можеби ја носам долго време,па веке не ни може да се извади,и си ја прифакам дека е тоа вистинското и со време заборавам дека воопшто постои
2.Можеби се плашам дека ке бидам разочаран од тоа што ке го видам ако ја извадам.
3.Можеби ми е срам дека нема да и се допадне тоа на мојата околина,или ке биде едноставно премногу за нив.Премногу длабоко,комплицирано,психоделично,лудачки....
-Не знам.Одново прашања.А сакав да дадам само одговор.Воа стануе банално,жими мене.:nenene::nenene:
Во секој случај,благодарам.I enjoyed:smir::smir:

п.с ке ти вратам кога ке можам,ако сакаш...ама само не барај сега,оти стварно не ми е периодот.Коа ке размислам подобро-не барај воопшто.:kesa::kesa:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Серпико ... го анализирав Серпико пред некое време, се разбира тогаш не го ни познавав, тоа не беше добра анализа, мала, нафрлена, површна ... но сега, сега веќе имам за што да зборувам, или не?
Не знам ќе видиме.

Серпико, синоним е човекот за дружење и за отвореност, онака го гледаш и си викаш, ејј ова ти е истриен тип кој го познава животот, НО има едно огромно но кај него.
Не секогаш се е така како што изгледа.
Напротив он е некој кој живее само по свои сопствени правила кои се базираат на животни искуства кои сам ги претрпел, не му се допаѓаат, океј, ставаме ново правило во животот.
Ова за мене е малку повеќе од страшно и нелагодно, постави граница.
Серпико сам за себе е храм на осаменост и на некој вид на духовно полнење што би било добро и за него и за другите да не се деселе други работи во меѓувреме кои од најубавата работа на светот знаат да направат проблем.
Ветува многу, има фантастичен карактер, кога е во големо друштво со луѓе, посебно со негови луѓе е опуштен, дава се што може да даде, онака покрај него имате добар филинг, убаво ви е.Посебно зошто сите, ама баш сите го сакаат.
Серпико е кул.
Ама најбитниот дел во целата таа изградена кула од карти која сите ја познаваат, ја гледаат и ја ценат кај него, што со него кога ќе влезе во кулата и ќе се затвори внатре во неа, сам.
Тогаш светот почнува да се врти а само столот на кој седиш сам е телевизор во боја, па се менуваат канали и налетуваш на црно-бела сапуница од минатиот век.
И се чудиш, ја исмејуваш, па сфаќаш дека си главен лик и те бедно што ти го украле животот и го ставиле во мала кутија.
Повторно почнуваш да менуваш канали, доаѓаш до фамилијарна серија, убава за гледање, блиска, но благо речено на моменти досадна.
Менуваш канал и налетуваш на „Пријатели“ се смееш, повеќе хумор, малку пиење и се одпоново.
Но ... стоп, почна да се врти столот а средината да останува иста и се е тешко кога креветот не го сметаш повеќе за свој.
Излегуваш од кулата и ете ви го Серпико, непобедлив и обожуван!

Серпико бе ... анализа чекам ... не се ни сеќавам од кога веќе.:nesum:
Не си фер. :(
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Повелеле..

Кај тебе доаѓа до израз твојата детинестност. Меѓутоа за возраста на која си искрено покажуваш и голема доза на конзервативност. Досега си покажал голема доза на коректност кога се работи за комуникација со други личности. Се трудиш секогаш да бидеш тука кога нешто ќе затреба, тактично и разумно размислуваш за твоја возраст.
Од она што забележав се занимаваш со спорт. Тоа подразбира и одредена дисциплина и почитување на одредени правила. Значи знаеш да почитуваш. Е сега можеби грешам ама ти си и помалку срамежлив.:)
:pos::pos:пу да му ебам..

Не грешиш во право си:),и фала за анализата..
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
За мене некој? :nezna:
ТамарЧе..

Еве јас се нафатив за тебе...и ќе ми биде задоволство да те анализирам..

Ти си една мила и симпатична личност...душа од човек...

Секогаш насмеана,искрена,едноставно твојата добрина неможе да се опише со зборови,а од каде го сватив ова?

Постовите аватарите може не говорат многу за тоа каква личност си,но разговорите на мсн..се нешто сосема друго..

Постовите секогаш ти се убаво средени,педантно напишани..

Според аватарите и потписите,посебно според потписите можам да оценам дека си заљубена,и колку што знам добро ти оди за сега..jep

Ти си една од членовите која ми е многу драга и мила..

Член кај кој нема негативна енергија туку само позитивна..

Член кој ја признава само својата родна Битола ...ќе те цитирам кога ми рече..."Какво Скопје бе немаш кај да се свртиш".."В Битола ми е најубо:)"

Тоше Проевски го сакаш како брат,толку го обожаваш што секојдневно ги слушаш неговите песни..

Девојка која ги крши машките срца со нејзината убавина(добро,не дудлам:))..:pipi:

И за крај,се договаравме да се видиме септември беше негде ако не се лажам ама не испадна се како што требаше..

Се надевам дека ќе те запознаам на на следната собиранка или во некоја друга пригодаto e to...
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
`Aнгелче`

Одамна и ветив една анализа на Ангелче...
Првпат кога те забележав на форумот си помислив-ау не уште една празноглава шмизла која гледа да биде средена и кога спие.Ти си пример за тоа колку човек може да се излаже ако проповеда по потпис-аватар анализа.
За своите години си доста зрела и одговорна девојка,која знае што сака во својот живот.Можеби едноставно си растела во таква средина,или искушенијата во животот те направиле таква,но нема врска,ти доста добро се справуваш со уметноста наречена живот.
Низ твоите текстови и постови забележувам кревко суштество кое се крие под маската на сарказмот и цинизмот.Што мене лично ми е доста симпатично.Помага да се одбраниш од надворешни влијанија,и да го сочуваш она бисерче што го имаш во тебе,што доведува до заклучок дека не се отвораш на било кого кој не ја заслужил твојата доверба,и си доста селективна во поглед на пријателите.
Ангелче ужива да ги прави сите оние работи кои девојките на нејзина возраст ги прават.Посебна страст има за модата, пишувањето архитектурата и се што спаѓа под поимот естетика во општественото живеење.
Во поглед на љубовта пристапуваш полека,но сигурно.Не сакаш да оставиш впечаток на нападна девојка,што е доста контрадикторно на она-`Ангелче`,што од прв поглед и делува помалку нападно.Уште една успешна камуфлажа.Сигурна си во своите квалитети и знаеш дека не се потребни некои техники за да ја постогнеш својата цел.За тебе баш важи онаа-You had me from hello...Луѓе,потрудете се да погледнете малку подлабоко во секоја личност,ќе најдете нешто посебно.Ангелче е една од тие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom