Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Што да кажам за тебе, жива легенда си:vozbud:
За интелигенција да не прајме веќе муабет...На почеток кога се зачленив на форумов, најискрено се чудев како може толку да ти работи кликерчето на тие години...Директен си, брз, искрен, дрзок кога треба, човек редок во ова општество, и за жал мој драги, во ова и вакво општество ке се сопнуваш со многу будали баш поради таа директност....Денес сите знаеме се ценат само лижачи...
Друго, имаш срце како од бивол, ако не си некој стокилаш....Знаеш да сакаш, да цениш, да почитуваш и сакаш возврат се разбира....Имаш око да одмериш добро од лошо, и бргу се разочаруваш кога ќе го погледнеш реалниов свет...
Трето, уметник во душа....Твојата прва љубов, фотографијата...Прекрасно сликаш, имаш осет за естетика...
Голем другар, многу почитуван и баран во друштво....Умееш и знаеш да уживаш во животот...
Амбициозен , да не зборувам, покажува факултетот...
Темпераментот ќе си го намалиш, научи пријателе да голтниш наместо да кажеш повеќе ќе те сакаат лигајчарите:)
Продолжи така, со мали надградби:wink:
WoW толку имам да кажам, некои работи сега ги гледам тенкју...и сега за возврат иако пијан ко коњ ќе чкртам нешто...ако сум премногу искрен и директен не ми замерувај ок:)

Инспирирана пред се како што гледам од најубавата жена на светот се појавуваш на форумов пред некое време и почнуваш да ги искажуваш своите добри страни, супер почеток:)
Работа до преку глава, нај посетениот подфорум го држиш во раце заедно со Јотзи. Толкава одговорност само одговорен човек би прифатил-според мене. Далеку повеќе од интелегентна си, можеби си 25+ години но сепак го има во тебе оноа 16 годишното каде што знаеш да се зајадеш со некој ама ептен кој воедно не ти е рамен...мој совет, не се рамни со таквите:wink:
Твоите одговори на форумот се вредни милион зборови, а ти ги пишуваш така кратко и читко:)....Сакам да те запознаам, да џапнеме по едно кафе, две, три, некоја цигара и да се изнамуабетиме. Кај и да е ќе мењам тастатура на мсн ни иде муабетот:)
Да ти навлагам во мозокот подлабоко несакам, ќе се изгубам во премногуте работи на твојата енциклопедија. Само така терај, и ко ќе дојдеш во Скопје ПАК ако не се јавиш ќе има маање
....искрено Красуљко
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Lady ..ај мене, :)
Ај не Lady, туку јас :)

Член кој се занимава со сериозни теми, филозофија, политика, мислам дека сака да чита книги во слободно време но по неколкуте страници се откажува и си вели “Кога ли ќе напишат книга што ќе ме воодушеви целосно?“ :) Би сакал и тој да ги изрази сите свои мислења во “мемоари“ но мисли дека сеуште е рано :)
Потписот ми се чини дека е кажан од некого друг, а не од него, и би се согласил со вториот ред! :)
Во животот не дека сака да победува, но убаво се чувствува кога е така, и иако често се заложува за девизата “не е битно да се победи туку учествува“, потајно би сакал да е победникот, а после тоа сфаќа дека не е тоа толку битно во животот :)
Се занимава со “животни“ теми и проблеми, мозок, психа, ум (со што јас особено не би се занимавал) но не навлегува премногу во тоа туку поинтересно му е кога чита туѓи дискусии на таа тема.
Сака многу да шета, често излегува, не сака шема-места, популарна музика т.е она што речиси сите го гледаат/слушаат и сл., меѓутоа иако е сам за себе, често од љубопитност погледнува во останатиот свет надвор од неговиот :) Животот му е ОК, мисли дека може да му е подобар, но објективно гледано - супер му е.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Ај не Lady, туку јас :)

Потписот ми се чини дека е кажан од некого друг, а не од него, и би се согласил со вториот ред! :)

Се занимава со “животни“ теми и проблеми, мозок, психа, ум (со што јас особено не би се занимавал) но не навлегува премногу во тоа туку поинтересно му е кога чита туѓи дискусии на таа тема.
првиот ред да....го преземав од друг член на кајгана , ама прво го прашав преку ПП дали може :) и ок тоа...а вториот ред е моја реченица....не е препишана, бар така ми дојде:)

и повеќе сакам да навлегувам во расправиите , не ми се седи од страна, тоа ми е како да сум невидлив,и како да не постојам :)
добра анализа у секој случај :)

Lady јас пак чекам на тебе, :) ме занима и твоето мислење
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Тетка Lady:smir:...што да се каже за тебе.
До сега имам приметено дека другиве те доживуваат како некоја мистериозна личност....а, јас пак очекувам да сретнам многу нормална девојка.Навистина...многу обична.
милслам дека ќе ти стои тебе реченицата " просто а убаво..:)"
..како да си мотивирана од некоја таква изрека...ми изгледа дека не сакаш многу да ги комплицираш работите...и мислам дека знаеш успешно да испливаш низ проблемите....Колку што можам да приметам низ муабетиве што ги имаш правено .....тебе многу те занимаат темите што се однесуваат на општествената поставеност,и самото снаоѓање во општеството....за тоа , како да му направиш фин муабет на некој и да се поставиш на фино место :) ....тоа е генерално сега за сега, сигурно нема да го коментирам твојот однос кон модата и слично, башка тоа е женска работа.......иначе ми имаш оставено доста позитивен впечаток и то...и уште нешто ,дај бе што е со сликиве од Тоше....старите плачат за Тито, ние за Тоше , а...:wink:..
очекувам една анализа и од тебе....може оваа не е многу добра , ваљда исцрпен сум денес
може и повеќе да се каже ама тогаш толку можев :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Може да добијам јас некоја реченица на примерски ...?


Или треба јас првин тоа да го направам?


:kesa:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Може да добијам јас некоја реченица на примерски ...?


Или треба јас првин тоа да го направам?


:kesa:
Да да треба....т,е би било многу фино од твоја страна, а и другите ќе бидат порасположени да ти направат:)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.125
Поени од реакции
25.582
Не сум пензиониран...на факултет сум :)

Правам уште најмногу 3 анализи, и доста е за оваа година...се изнаработив....

Јас сакам анализа од Sussaro, ако не го мрзи човекот :)
Добијаш.

Император

Ти сине ми беше интересен уште од сам старт кога се појави. Ако за некој можам да кажам дека најмногу наликува на мене по форумски постови ќе да си ти. Бат оф корз има и суштински разлики. Значи ти арно си кажа дека немаш другари затоа што си испофатиле женски и те одјебале. Лоша проценка на друштво тоест кломпари, му се дешава на секој ама до тој твој стадиум не. Зато претпоставувам тоа се обидуваш да го надокнадиш во Сајбер просторот. Тука на форум се концентрираш на филозофски теми, анализи, синтези, корпус деликти и фактовни интерпретации и морам да кажам дека држиш доста солидно ниво. До сеир и зафркавање многу, многу не ти е озбиљан дечко со став и секако храброст затоа што знаеш да им идеш контра на пола форум и ич да не ти чуе. Слушаш метал што е избор на андерграуд рајата која најчесто е окарактеризирана со повеќеаголни гледишта. Знаењето е моќ, врховната моќ ја држи императорот уште од времето кога латијаните, етрурците и сличните резиденти на популарниот европски чизмарски полуостров со тек на еволуција ја одредиле таа титула. Раздели па владеј им било мотото што кореспондира со твоето систематска победа значи треба трпение и време што за човек од твој калибар што нема што да загуби не е проблем. Начелно држиш крут и нефлексибилен став што граничи со ХЦ ама некако умешно успееш да не ја пречекориш таа граница. Да беше политичар во Соседна Србија ќе те викаа либерален радикал. Реалист и рационалист по природа не си мечтател и се држиш до земја. Кој високо лета паѓа ниско а тој што чекори во најлош случај може само да го набие коленото. За жени, љубов итн имаш троа шовинистички став што јас лично ако го земам ексклузивно македонското подневје ќе се сложам дека е така барем од грото што го имаш изнесено. Е сега став, држење , ученост си доаѓа со наплата. Кај тебе тоа си доаѓа со нарцисоидност и егоцентризам што го имаш изразено во повеќе наврати. Не заборавај и Цезар беше бест оф д бест импертор ди тути императи па сепак како што му беше и впрочем претскажано на мартските иди му го кркнаа и нему ножот, тој што покорувал цели територии и водел куп битки. Од таа гледана точка не би било лошо некој поголем авторитет одвреме на време да ти врзе една ментална шлаканица чисто малце да те седне на столче да не се удараш у гради ко шампањац (да, брутално кажно ама сепак тоа сум јас). Проблемот е што не си налетувал многу на такви што од асоцијализацијата што од нешто друго. Иако во последно време се подобруваме и на таа насока нали? Толку од мене сине продолжи и понатаму со добрите постови убаво е да се има форумски истомисленик. Победата ќе си дојде ако е градена систематски и ако смело се чекори напред, ама колку и да напредуваме задникот пак останува од позади.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
еве една и за тебе :

Пријателски настроен момак.....да не речам (ама ќе речам) алтруист..
трча цело време да им најде песни на другите...поштено , и не секој така прави услуги :)...тоа се цени (леле како балтик звучам).
Ми изгледаш на многу зборлест човек, т.е лесно ти е да оствориш комуникација...бато, ти не трпиш многу многу неправдини...а твое најдобро оружје е Ignore , и не се замараш :)...си го тераш филмот ти како што сакаш некако не прифаќаш сугестии од другите...ако си знаеш дека нешто тебе ти праи ќеф , колку и да ти зборат, ти пак стара песна:)
Стварно...секојдневн чоек си ....т.е правиш работи што многу луѓе ги прават...не сакаш некако да штрчиш:)...и многу им веруваш на луѓето , сигурно се имаш изгорено некоку пати до сега
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Go molam sekoj dobronameren covek na forumot(ako ne e zafaten)da mi izvrsi analiza.PLZ
Ајде rikiboy од што немам што да правам :) Опседнат си со играње игри, и тоа го правиш деноноќно, и си велиш дека поубав ќе беше светот да не се појавеа таквите видови недруштвена забава. Имаш смисла за хумор но знаеш да не се насмееш на туѓи шеги кога сите други се смеат (во стил, “ова е виц? јас од пред 100 год. го знам“). Би сакал да си богат, да создадеш своја видео-игра која ќе ја играат милиони други деца.

Не си многу активен на форум, нема доволно интересни теми за тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom