Исчезнати лица

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.333
Поени од реакции
4.133
И одма ја убиваат? Како тоа бил од финансиски побуди, кога ништо не укажува на тоа. Го убиваат девојчето, кое цело време е врзано (телото кога го нашле било врзано и со лепенка). Убиено е пред официјално да се пријави во полиција и пред воопшто да се објави на социјални медиуми. Што би можело да се деси за да го убијат девојчето?

Очигледно е дека девојчето не пробало да бега (било врзано). Очигледно е дека во ниеден момент не се јавиле за откуп. Очигледно е дека немале ни спремно просторија кај да ја чуваат. Очигледно е дека сакале да го запалат цитроенот и го однеле девојчето во вукојебина каде што можеле да го егзекутираат без некој да им пречи и да се отарасат од телото.

Ова нема никаква логика дека сакале да барат пари. Новинарите како со сила да ја буткаат таа приказна, за да се фатат тие што не размислуваат. Денешните наслови цело време тоа го пишуваат. Немал пари Палчо, па немал кај да спие спиел у партија. А уствари еве имал дуќани, имал стан кај што можел да спие. Им се праел скромен на дебиливе. Најверојатно има и уште некој стан во другите згради што ги градел и така натаму.

И пак останува прашањето, дали би му позајмил ти на некој клошар, со извршно решение на грбот ?
Дека е финансиски крахиран е изгледа точно. Го гонеле извршители, му извршувале возило, стан... Изгледа и нема сопствено возило. Клоцата му беше удрена и од СДСМ и од ВМРО. Бедата се гледа и од структурата на луѓе околу него, се клошаришта... Тоа што адвокатот му позајмувал не значи дека парите ги давале на слепо, сигурно имал некое обезбедување дека кога ке го продаде станот парите ке му бидат вратени, може и заработил на таа позајмица ...
Но, апсолутно држи вода тоа дека девојчето е убиено веднаш, убиен е и Панче, откуп не е побаран.... па нема и логика да се работи за киднапирање заради барање откуп... На мислење сум дека се работи за нешто сосема друго, дека тука мора да има некој нарачател кој или за освета или за некој огромен долг го има ангажирано палчо. Ако е за долг убиството е како предупредување дека сите ке бидат убиени... Но пак е нејасно зошто го убиле Панче, најверојатно знаел нешто во што не сакал да учествува...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Би му позајмил, не е прв шо ќе му позајми за да се исчисти од долговите.
Еден куп ги има жиранти шо му се пишат на жими мајка, шо исто ти се фаќа.
Не гледаш дека сите негови сопартијци послушници спремни биле газ да му дадат а камоли пари.
Не ги гледај тие малоумните, адвокатот не е дебил како сопартијците, тој не е ни член на партијата.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.486
Поени од реакции
971
А дали мајкаму на палчо ежива и живее од глуво ,таткому мислам е поцинат ,.ако е зива би трбало да има над 80 год идали треба да ја викнат на судење
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
и Панче е убиен, и него ли му се одмаздувале ?
...тоа може да кажат Велешаните и неговите блиски, не верувам дека тој бил директна цел за одмазда туку највероватно кон негов близок, што со ќерката, дали нешто, некој кон неа ?

панче-725x400.jpg

...пак препоставка моја, а и не проаѓа барем кај мене намерната кражба на неговото возило и причина од долг од 500 Е, дури ми е глупаво како така судски заклучиле, кога возило денес може да се украде од било каде и било кога наменето за друга намера т.е. како велат киднапирање на сега покојната Вања.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Дека е финансиски крахиран е изгледа точно. Го гонеле извршители, му извршувале возило, стан... Изгледа и нема сопствено возило. Клоцата му беше удрена и од СДСМ и од ВМРО. Бедата се гледа и од структурата на луѓе околу него, се клошаришта... Тоа што адвокатот му позајмувал не значи дека парите ги давале на слепо, сигурно имал некое обезбедување дека кога ке го продаде станот парите ке му бидат вратени, може и заработил на таа позајмица ...
Но, апсолутно држи вода тоа дека девојчето е убиено веднаш, убиен е и Панче, откуп не е побаран.... па нема и логика да се работи за киднапирање заради барање откуп... На мислење сум дека се работи за нешто сосема друго, дека тука мора да има некој нарачател кој или за освета или за некој огромен долг го има ангажирано палчо. Ако е за долг убиството е како предупредување дека сите ке бидат убиени... Но пак е нејасно зошто го убиле Панче, најверојатно знаел нешто во што не сакал да учествува...
Абе јас не прочитав нигде дека бил финансиски крахиран. Само прочитав дека Стојков во периодот од 2018 до 2020 на неколку пати му позајмил 20К. И од таа информација почнаа да излегуваат муабети, без никаков доказ. Па немал кај да спие, спиел у партија, а уствари на крај испадна дека имал и стан. А како што гледам имал и дуќани. А опремата за подкаст му вреди над 10К.

Додека не излезе официјално лице да ја каже имотната и финансиската состојба негова, ништо не е за верување.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.333
Поени од реакции
4.133
Абе јас не прочитав нигде дека бил финансиски крахиран. Само прочитав дека Стојков во периодот од 2018 до 2020 на неколку пати му позајмил 20К. И од таа информација почнаа да излегуваат муабети, без никаков доказ. Па немал кај да спие, спиел у партија, а уствари на крај испадна дека имал и стан. А како што гледам имал и дуќани. А опремата за подкаст му вреди над 10К.

Додека не излезе официјално лице да ја каже имотната и финансиската состојба негова, ништо не е за верување.
Стојков му позајмил 20к оти се спроведувало извршување врз станот и автомобил. Со тие пари палчо ја решил банката и потоа го продал станот и му ги вратил парите на Стојков. Немал сопствен автомобил, па затоа барал нотар кој работи за викенд да му завери полномоштво за автомобил, затоа Стојков го возел до Белград... Таму во Белград Стојков му позајмил 1500 евра... Ако сведочењето на адвокатот е точно, палчо бил финансиски крахиран. Како поинаку да се нарече човек кој дошол на дереџе да нема 20к и да го гонат извршители, да остане без возило... како човек со пари ке си дозволи да кешишев му биде домаќинка, секретарка?
Тоа за спиење на под никаде не го прочитав, незнам од каде е. За станот во кој се сретнале со адвокатот нема инфо каде е и на кого е, можно е да е во истата куќа со штабот...
Палчо го има фатено онаа еврејската клетва, да имаш па да немаш... од што во целост е пролупан.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Не ги гледај тие малоумните, адвокатот не е дебил како сопартијците, тој не е ни член на партијата.
„Разговаравме за тоа дека политичката партија Десна поднесе кривична пријава на 24 ноември против високи функционери за големи криминали. Ми кажа дека има некое велешко возило, рече ’се лепи за мене, низ градот каде што се движам‘“, рече сведокот.
Мислам дека треба да се правиме наудрени дека некој што ти го шета кучето и ти вари кафе , нема да го познаеш, а си ја видел таблицата на колата. Е затоа секој збор на суд , сведок е битен за случајот.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.486
Поени од реакции
971
заборавате дека зиков на палчо муе анџанак баџанак на зенаму брат од капитал занаето го калепе за весници од палцо ,и палцо му влезе на власите однатре сакасе да ги растури да не постојат и зато мози му го сместиа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.468
Поени од реакции
18.731
Абе какво местење алооо
Дете не убива никој за местење, убива монструм, злосторник кој нема грам емпатија, свесни сте вие шо зборате ?
Какви власи какви црни камења ? Дете отепаа со пиштол во глава, онака ладно без осет ... Каква одмазда шо зборате вие бе
Ќе му се одмаздам лично него/неа ама детее ... хелоуу, арни ?
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.486
Поени од реакции
971
чудни се патиштат бозји ,и косето имал киднапирања убиства изнуди,чак има аеден влаф убино цици богат трговец кој бил со турците соработник имал(власите во секој систем режим полесно се интегрирале) нарацатели имал многу кешишеви со му помагале ,па денес го славиме.
 
Кој го слави ?
Автоматски споено мислење:

Не ги гледај тие малоумните, адвокатот не е дебил како сопартијците, тој не е ни член на партијата.
Член е, барем така пишува по медиумите денеска
Васко Стојков, адвокат, пријател на Љупчо Палевски – Палчо и член на Централниот одбор на партијата „Десна“, сведочеше за своите искуства со полицијата и комуникацијата со Палчо за време на истрагата
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Кој го слави ?
Автоматски споено мислење:

Член е, барем така пишува по медиумите денеска
Васко Стојков, адвокат, пријател на Љупчо Палевски – Палчо и член на Централниот одбор на партијата „Десна“, сведочеше за своите искуства со полицијата и комуникацијата со Палчо за време на истрагата
Не бре, член на централниот одбор е типот од Исланд, што им го дал возилото. Или и за Стојков го има истото?

Треба да се најдат транскриптите, вака само имаме новинарска рекла-казала. Прошли пат со транскриптите многу
 
Kajgana Shop

На врв Bottom