Здравството кај нас

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.337
Поени од реакции
10.208
И да немаш профил можеш да го прочиташ целиот текст.
Ne mozam...ili ne znam kako:sramezliv:
Автоматски споено мислење:

1721288264624.png

Moze sega da prijavuvame koga ke bideme nezadovolni od zdravstv.uslugi.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.543
Прегледај го приврзокот 424144
Moze sega da prijavuvame koga ke bideme nezadovolni od zdravstv.uslugi.
ааааа Да Да сигурно, колку пораки се има испратено до сите министри до сега за здравство НИКОЈ не најде доблест да одговори, ова само плакнат очи на народ!
Ne mozam...ili ne znam kako:sramezliv:
еве го оригиналниот цитат, нека чита народ и онака ништо нема да се превземе:

„Со многу љубов кон вистината и правдата ќе ви споделам едно непријатно искуство што го имав вчера во хирургија- Охрид,(15.07.2024/ 00:30h) нормално, со цел за нештата да се придвижат кон подобро.
Вака ќе почнам.
За да бидеш доктор мора да имаш нешто љубов, нешто срце и нешто душа.
Не си доктор само со диплома. Секоја ЧЕСТ на исклучоци.
Знаеле древните, како Хипократ за тоа нешто, затоа сеуште во негово име се даваат заклетви.
Вчера јас: Александра Алексиеска имав инцидент со прстот, врз него се затвори врата од багажник на кола. Од болка едвај останав при себе. Другарките што беа до мене, ме однесоа на брза помош, а од брза помош ме пратија со упат на хирургија.
На хирургија немаше ни шалтер ни жив човек. Имаше само едни големи сиви врати и едно ѕвонче. Заѕвонивме на ѕвончето еднаш, чекаме, нема никој…. Двапати…. Нема никој…чекаме.. трипати… нема никој, во силна болка, со голем оток и очигледен деформитет на прстот се молам некој да отвори. Поминува време, а почнувам и да се сомневам дали воопшто сме на право место, нема ни повидок од пружена помош. На четвртиот пат излегува медицинска сестра, со изиритиран поглед и згрчена вилица, наполнета со ароганција и го кажува ова
“ Умира некој? Има некој крв од глава да му тече, нормални сте вие што ѕвоните толку пати? Така се звони само кога некој умира" (агресивно го нагласува тоа неколку пати)
Невкусно, ниско и невоспитано. За убав човек мајка и татко те учат, ама ете, некои ко да не се дојдени од мајка.
Јас и враќам
"Ве молам, имам силна болка се повредив.. и објаснувам како.. ме пратија кај вас". Воопшто не сака да слуша, добивам само едно дрско "Влези внатре" Другарките ги бркаат надвор, не ги оставаат ни во ходник.
Влегувам внатре. Се појавува докторот(ми доаѓа за момент душа на место) а тој, (кој подоцна ќе биде именуван)- со најгрд, обездушен тон ми вика “Што е работата? Кај гори ? Дали умира некој па да ѕвоните толку пати”
Му велам
Моментално имам голема болка во прстот, се шири низ целата рака. Ми треба помош.
Како одговор добивам " И за еден прст ѕвоните толку пати, како не ви е срам"
Стои на дистанца и воопшто не погледнува во повредата.
Се обидував да бидам трепелива и покрај целата болка, уште продолжуваше да се зборува за тоа кој и зошто звонел толку пати, а не зошто не ни отвориле побрзо.
Едвај собирав сила да зборувам, со благ тон им велам:
"Не би ѕвонела ако немав мака, а ако не треба да се ѕвони четири пати и да се чека толку време пред врата, зошто тогаш не отворите од прв пат?"
Толку многу ги повреди тоа прашање, што сите заедно вербално почнаа да ме напаѓаат. И докторот и сестрите. Дел од тие пискотници и некултура ќе напишам тука.
"Ние за твојот прст треба на врата да седиме? Да чекаме да звониш и одма да трчаме да ти отвориме. Што се замислуваш ти? Како се осмелуваш да прашаш зошто не сме отвориле побрзо?" Коментарите продолжуваа, само знам дека почна сериозно да ми се заматува во главата, не можев веќе ни да ги следам што зборуваат.
Добив шок, кој сега беше измешан со физичка и емотивна болка. Одам да барам помош, добивам напади и навреди.
Очајна од болка со тивок глас му се обраќам на дотичниот доктор.
"Не можам веќе, ќе ми помогнете или не?"
Добивам за возврат едно ужасно, дрско и гласно
"Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ "
Тука физичката болка веќе престанав да ја чувствувам, надвладеа таа другата. Станав и тргнав да си одам, не знаев од паника како да ја отворам вратата, слушнав само "стисни на белото копче"
Ми помогнаа да си одам.
"Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ" ми одзвонуваше во главата
Тоа е дело што подлежи на законски акт. Не треба доктор да се моли за помош, тоа е должност и обврска.
Дали се работи за глава или за прст, болка е болка, а должноста треба да се знае.
Паднавте голем тест луѓе, многу ми е жал.
Пред титулата "доктор" треба да стои титула- ЧОВЕЧНОСТ.
И нема земски, ама има космички закони. Многу, многу посилни.
Кога веќе срцето ви е толку затворено и несочуствително, барем од тие закони би требало да се плашите.“

затворен цитат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.543
...а зошто нема се уште директор во Клиничка Штип, а Клиничка Тетово па уште од ДУИ директорува, а веќе два месеци нова Влада, пазарот уште не е завршен ли, само за Битола Клиничка се именува Директор?

...се повлекува СЕГА сам д-р А.Георгиев од директорување на Клиничка болница во Штип, егото не му дозволува да некој го разреши, а многу добро му памтиме покрај другото:

... совеста не му проработи кога пациентка починала, се задушила за време на пандемија немајќи боца со кислород и тоа највероватно на негово дежурство кој самиот во моментот бил отсутен поради партиски потреби, додека ќерката се пишувала на мобилен со мајка и' и не знајќи како да помогне, а покрај мајката со часови немало никој од дежурните, траума голема за двете, не можам да го заборавам трагичниот настан.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.572
Odnosot e nedozvoliv, no mislam ne bila za hirurgija, tuku prvo treba RTG da ne e skrshen prstot... A chekanje ima sekade vo urgentnite centri
Чекањето овде не било проблем.

Проблемот е што со умисла, "болниците" во 21 век на вукојебинава наша немаат приемно ургентно одделение, каде брза помош ќе остави пациент, каде секој обичен граѓанин може да се упати и да побара помош и на време да ја добие.

Да го имате тоа на ум кога ќе ви се фалат на телевизија колку тие направиле за пациентите!
 
Член од
9 август 2014
Мислења
510
Поени од реакции
1.692
https://www.slobodenpecat.mk/doktorka-od-gevgelija-doktor-za-falsifikati/

Студентка од Гевгелија добила специјализација во болницата без да има завршен факултет и лиценца во 2016 година. Специјализација добила на Штипски, а сеуште студирала при Уким. Лиценца добива април оваа година, а специјалистички положува во јули. Веднаш потпишала дека ќе врати 120 илјади евра во рок од 6 месеци, а замолила и од Слободен печат да не ја објавуваат со име и презиме. Овие ја послушале, но во интервјуто кое го дава сегашниот директор споменува име Анета Атанасова:

:ROFLMAO::ROFLMAO:
Баш ме интересира како ќе постапи лекарската комора во овој случај. Сега засега болницата во Гевгелија и го одзела специјалистичкиот стаж. Во било која нормална држава ќе и биде одземена дипломата и поништена специјализацијата со специјалистичкиот испит. Јас очекувам оваа Атанасова да се повлече неколку месеци од јавноста и оп, да се појави како вработен анестезиолог во некоја болница во друг град.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
510
Поени од реакции
1.692
Не разбирам како типов се уште е вработен во државна болница кога повеќе време се пентари по планини отколку што лечи луѓе.

Еве и Софијанова на 60 години стана специјалист педијатриски невролог. :D
https://zenskimagazin.mk/nezapirliva---gorda-sum-shto-go-proslavuvam-moeto-diplomiranje-kako-pedijatriski-nevrolog--d-r-aspazija-sofijanova-so-ushte-edna-diploma

Во меѓувреме детска клиника плаче за кадар, со пушка не можеш да најдеш млад доктор. Оние што се се партиски примени и имаат само една цел- да покриваат дежурства на ваквите како Софијанова и ако нешто тргне наопаку да ги повикаат. Главно уште кога беше директорка си одобри државна супспецијализација невролог, со турнуси во странство во Турција, Словенија итн. на кои додека беше фалсификуваше дека се наоѓа во Македонија и си пишуваше фиктивни дежурства. А веќе беше супспецијалист неонатолог и сега кога ќе се префрли во приватно ќе има поголем домет со две супспецијализации.Сите млади педајатри кои вредеа ги избрка од клиника со својата себичност, кој во приватно, кој во Германија, кој во други земји. Ама нели, да и честитаме на успехот.
 
Мора да се донесе закон за директори на универзитетски клиники кој ќе ги обврзи доколку сакаат да останат директори да "произведуваат" најмалку 2 специјалисти со сите нишани.

Иначе од ваквите "домаќинки" го видовме и вдлабнатото дно.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.284
Поени од реакции
22.980
Еве и Софијанова на 60 години стана специјалист педијатриски невролог. :D
https://zenskimagazin.mk/nezapirliva---gorda-sum-shto-go-proslavuvam-moeto-diplomiranje-kako-pedijatriski-nevrolog--d-r-aspazija-sofijanova-so-ushte-edna-diploma

Во меѓувреме детска клиника плаче за кадар, со пушка не можеш да најдеш млад доктор. Оние што се се партиски примени и имаат само една цел- да покриваат дежурства на ваквите како Софијанова и ако нешто тргне наопаку да ги повикаат. Главно уште кога беше директорка си одобри државна супспецијализација невролог, со турнуси во странство во Турција, Словенија итн. на кои додека беше фалсификуваше дека се наоѓа во Македонија и си пишуваше фиктивни дежурства. А веќе беше супспецијалист неонатолог и сега кога ќе се префрли во приватно ќе има поголем домет со две супспецијализации.Сите млади педајатри кои вредеа ги избрка од клиника со својата себичност, кој во приватно, кој во Германија, кој во други земји. Ама нели, да и честитаме на успехот.
Ако фалат доктори, тогаш што да речеме за сестри, техничари и болничари? Вид во изумирање се, ама важно по 200 доктори завршуваат годишно факултет. Треба да се промени цел наш концепт на ПЗЗ/СЗЗ/ТЗЗ.

А за педијатрија еве сосема случајно.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.543
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.337
Поени од реакции
10.208
Здравството кај нас стана вистински хорор!!!
Политичките партии си прават математики, во чив мандат имало најмногу смртни случаи :(:mad::facepalm:
Срамно, бедно....наместо да се фалат кој што подобро направил они.....уфффф, ми се повраќа од овие наши функционери.
Јадна Македонијо, за греота си, за плачење си:place::place::place::place:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom