Бидејќи секогаш постои веројатноста да играат за некој друг. Треба да видиме како ќе работат. Непознати варијабили. Да не испадне приказна како со Помпео. Пример ќе го земам него со Ванс. Помпео исто беше непознат, дури и критикувач на Трамп пред да влезе во неговиот тим 2016. За да после калакурница направи. Слично е и со Ванс. И Ванс беше да речам млак критикувач на Трамп. За да биде негов избор за подпретседател.
Маск од нигде никаде почна да го подржува Трамп. Не верувам дека неговиот интерес лежи со политиката на Трамп која беше акцентирана на нафтената индустрија, а овие експериментиве до електрични автомобили ниту се замараше Трамп. Туку повеќе е слобода на говорот и тн. Да не заборавиме Маск го превзеде Твитер во време на Демократите, можеа лесно да го блокираат, но го оставија. После тоа се етаблира како политички играч.
Убаво е да се има илузија на слобода на избор и демократија. Страшното е што ако таа слобода е регулирана и играчите за кои ти навиваш се преодредени од некој друг. Што би рекол еден сив кардинал од Кавказот “Контролирана Демократија”.
Ќе видиме, времето ќе покаже.
Не смее да се заборави дека Америка е земја на маркетингот и реалното шоу. Или што би рекле овие од пиљара. Се игра некоја игра
Мене од сите нови ликови највеќе позитивен впечаток ми остави Габард и Масие. Кои отворено говореа дури и против Израел.
Вака, за Такер ти кажав, мислам дека воопшто не го интересира кариера во политиката. Такер е во уникатна ситуација, како ниту еден човек во историјата. Тој има слобода да зборува за што сака и со кого сака и никој ништо да не му може. Такер е единствениот новинар на светот кој во својата емисија можеше да покани христијански свештеник од Палестина, и при тоа да не трпи реперкусии од еврејското лоби како што трпеше на пример Кандис Овен.
Ванс воопшто не е тајна чиј човек е. Ги застапува интересите на Питер Тил и луѓето околу него. Досега сите кампањи на Ванс беа финансирани од Тил. На Трамп му требаа парите и подршката на Тил, затоа и го назначи Ванс на потпретседател.
Маск си е приказна за себе, мислам дека со план ги купи Твитер за да се доведе во оваа ситуација да биде не самои најбогат, туку и еден од најмоќните луѓе на светот. Се застапува сам себе си, оти му се може. Да можев, и јас ќе правев како него. Си купи огромна моќ со која директно може да влијае на животите на луѓето.
Мејси ќе си остане сенатор, а за Тулси се сомневам дека ќе добие позиција во кабинетот, но би сакал да се лажам за ова.
Јас само се надевам дека нема да ги гледам Помпео и Рубио во кабинетот на Трамп, затоа што тоа ќе биде предавство на сите луѓе кои гласаа за него. Многу надеж, многу политичка енергија влезе во оваа кампања на Трамп, и сега тој има огромна одговорност.
Последно уредено:



