Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
.

Џабе ќе се запознаваме :pos:

Читни по некој пост, начуј нешто од ваму од таму... Анализирај ме така :)

p.s. Сакам анализа и од Мацедалиен :vozbud:


Уууу туѓи мислења во ролна спакувана за продавање.:vozbud:
 
Ролна, бела и мека :)
 
Ајмо ролни 5 динара ајмоооо

ајде чекам анализааа дур сме млади барем:wink:
 
Џабе ќе се запознаваме :pos:

Читни по некој пост, начуј нешто од ваму од таму... Анализирај ме така :)

p.s. Сакам анализа и од Мацедалиен :vozbud:


Е како сеа сакаш да ти кажам мислење коа нејќеш да се запознаеме... ја на таков принцип од читање постови не работам баш најдобро, а и како што ти викаш чуј од таму од ваму, од кај да знам кој што ќе рече за тебе и плус тоа зависи многу од чии кажувања ќе се тоа ..... така да друже ја нејќам да погрешам ич во врска со нешто....
Ја едниствено можам да дадам мислење врз основа на она што лично го знам, оти не верувам многу на она рекла казала, зашто мојот став кон тебе со некој друг не е ист... така да другар, извини, ако сакаш да удриме едно запознавање па после мислење, хехехехе
 
Ќе терате и трета страна со мирц муабети?
 
Не се мирц муабети, Дано сестро :smir:

Интересен е пристапот на различни форумџии кон анализирањето. Уште поинтересни се резултатите од пристапите, нели? Дали се зема во предвид меката ролна, розевите очила, еректираниот пенис, наивноста.... Многу фактори постојат.

Ама, practice makes perfect :)

Него... ќе ме анализираш ли ти во животов? :smir:
 
Serpico дефинитивно одлучи да го анализираат вечерва, хехехе....
Искрено serpico неможам некого да лажам и да гаѓам кога не го знам.... зашто што знам може нешо ќе трефнам што не треба и на крај ќе повредам некој.... така да, нејќам на незнаено да коментирам многу многу... дискретно на вакви теми... анализа...
 
Оф леле, имам трема, ќе ја анализирам Сатори... Кој воопшто може да ја изналазира неа, али ајде... Ееепаа вака. Ајде ќе почнам со негативните страни кај неа. Барем од моја гледна точка негативни, ми се чини дека она ги смета за мошне позитивни тие нејзини особини. Мисли дека се знае и дека е многу голема, т.е. поголема од нејзините врсници. Сатори, точно е дека си поначитана, позрела, па и попаметна, само што не до толку колку што ти сметаш дека тоа е така. После многу бара драма во својот живот. Е убаво е да се драматизира и сето тоа, само што понекогаш така се губат битни луѓе од животот и ти поминува среќата додека ти правиш драма дека си тажна ор самтинг. После, премногу трага по совршенство во несовршениве луѓе на светот. Повторно залудно го трошиш времето! А воедно, покрај совршенството, бара нешто крајно вулгарно, перверзно и валкано ... па секогаш кога ќе го најде едното и недостига другато и се впушта во нови мисии и, секако, драми. Повторно губиш драги луѓе! И највеќе од се, што не ми се допаѓа кај тебе е фактот што мораш се да видиш, да пробаш, да искусиш. Фактот што мора се да знаеш... или барем да знаеш пред некој друг да сака да ти каже. Никој не може да знае и да проба се, затоа уживај во тоа што го имаш, не се мачи барајќи нешто што можеби и не постои. Пооосле, многу е контрадикторна...ПРЕМНОГУ! Значи обожава да и ласкаат, исто колку што сака да бидат сурови со неа. Обожава да и кажуваат колку е убава, исто колку што сака да и кажуваат колку е грда, и не се работи само за надворешна убавина. Не може да се смири на едно место, со еден човек, а постојано вика дека сака да се смири со некој и да се заљуби... и таман кога е љубов на повидок, бега, бара слобода, бара воздух. Што сака, ни она не знае... поинтересен и е животот така верувам. Е сега па, има толку прекрасни работи во неа. Прво и основно е толку талентирана и фасцинантна што човек не може, а да не сака да биде во нејзино друштво и само да ја слуша додека зборува. Премногу бистар и реален ум, кога не е нејзиниот драма живот во прашање секако. За било која тема со неа може да се дискутира цела ноќ и на крај да легнеш да спиеш задоволен од прекрасниот разговор. Реткост е да се најде денеска некој толку начитан како неа и зрел како неа. Некој толку емотивен, а истовремено и ладен. Ши ис уан оф а кајнд. Специфична и посебна, искрена и добра личност... секако доколку не и згрешиш нешто, ако утнеш работа бегај! Иии, толку, не знам више што да кажам, ова беше долго и опширно. За крај би рекла дека во исто време Сатори е и дете, девојка и жена. Во исто време очајно и треба некој да ја гушне, а сака да пружа поддршка на сите. Сатори, пак ќе кажам, ти си тажна зошто си тажна и си тажна зошто си среќна. Али па затоа си среќна кога си среќна и среќна кога си тажна... штооо значи, дека човек крај не може да ти фати!:smir:
 
дали doti4nata би се обидела? will you... analyze me?:ruzha: доколку имаш материјал за работа, се разбира...
 
Taпа си Реактив...:) Еве јас ќе те анализирам, од овие неколку постови.

За себе знаеш дека си добар френд, сакаш пријателства, ги цениш и ги чуваш. Сакаш да им помагаш на милите ти луѓе, да ги делиш нивните проблеми и маки за да се помали - се до моментот кога ќе помислиш дека токму ти си одговорот на мечтите, спрејот за бубачките во глава на саканите ти пријатели и ќе имаш интерес општењето со дотичните луѓе да го продолжиш на друго ниво.

Голташ што ти сервираат. Често, се плашиш од оброкот - ама ќе го кркнеш, сеедно.

:smir: Сакаш да им го направиш денот поубав на луѓето, и тоа е океј. Донекаде.

Ете.... :)

п.с. Дотична... Doo meeh!!!!
 
еј ај за мене една психоанализа од кој и да е не е проблем
 
:)

Оф леле, имам трема, ќе ја анализирам Сатори... Кој воопшто може да ја изналазира неа, али ајде... Ееепаа вака. Ајде ќе почнам со 1.негативните страни кај неа. Барем од моја гледна точка негативни, ми се чини дека она ги смета за мошне позитивни тие нејзини особини. Мисли дека се знае и дека е многу голема, т.е. поголема од нејзините врсници. Сатори, точно е дека си поначитана, позрела, па и попаметна, само што не до толку колку што ти сметаш дека тоа е така. После многу бара драма во својот живот. Е убаво е да се драматизира и сето тоа, само што понекогаш така се губат битни луѓе од животот и ти поминува среќата додека ти правиш драма дека си тажна ор самтинг. 2.После, премногу трага по совршенство во несовршениве луѓе на светот. Повторно залудно го трошиш времето! А воедно, покрај совршенството, бара нешто крајно вулгарно, перверзно и валкано ... па секогаш кога ќе го најде едното и недостига другато и се впушта во нови мисии и, секако, драми. Повторно губиш драги луѓе! И највеќе од се, што не ми се допаѓа кај тебе е фактот што мораш се да видиш, да пробаш, да искусиш. Фактот што мора се да знаеш... или барем да знаеш пред некој друг да сака да ти каже. Никој не може да знае и да проба се, затоа уживај во тоа што го имаш, не се мачи барајќи нешто што можеби и не постои. Пооосле, многу е контрадикторна...ПРЕМНОГУ! 3.Значи обожава да и ласкаат, исто колку што сака да бидат сурови со неа. Обожава да и кажуваат колку е убава, исто колку што сака да и кажуваат колку е грда, и не се работи само за надворешна убавина. Не може да се смири на едно место, со еден човек, а постојано вика дека сака да се смири со некој и да се заљуби... и таман кога е љубов на повидок, бега, бара слобода, бара воздух. Што сака, ни она не знае... поинтересен и е животот така верувам. Е сега па, има толку прекрасни работи во неа. Прво и основно е толку талентирана и фасцинантна што човек не може, а да не сака да биде во нејзино друштво и само да ја слуша додека зборува. Премногу бистар и реален ум, кога не е нејзиниот драма живот во прашање секако. За било која тема со неа може да се дискутира цела ноќ и на крај да легнеш да спиеш задоволен од прекрасниот разговор. Реткост е да се најде денеска некој толку начитан како неа и зрел како неа. Некој толку емотивен, а истовремено и ладен. Ши ис уан оф а кајнд. Специфична и посебна, искрена и добра личност... секако доколку не и згрешиш нешто, ако утнеш работа бегај! Иии, толку, не знам више што да кажам, ова беше долго и опширно. За крај би рекла дека во исто време Сатори е и дете, девојка и жена. Во исто време очајно и треба некој да ја гушне, а сака да пружа поддршка на сите. Сатори, пак ќе кажам, ти си тажна зошто си тажна и си тажна зошто си среќна. Али па затоа си среќна кога си среќна и среќна кога си тажна... штооо значи, дека човек крај не може да ти фати!:smir:

1.Мицуш бе не се негативни јас навистина сум си убедена дека се добри.

2.Пасија за совршенство педер!Перверзност, оуууу јеааа!!!
3.Еххх јас знам што сакам, само тоа што го сакам често се менува, инаку да во право си јас сакам се, сама кажа :


I'm a bitch I'm a lover
I'm a child I'm a mother
I'm a sinner I'm a saint
I do not feel ashamed
I'm your hell I'm your dream
I'm nothing in between
you know you wouldn't want it any other way


Инаку се фрлам јас на работа, треба да анализирам луѓе брееее!:back::back::back:
 
Аааа не,не, не не сум анализатор! Само трпев тортура од Сатори, па морав, за да добијам моја анализа! Башка, не те знам толку Кенгурчо, а не би сакала да згрешам нешто:smir:
А Serpico, не би можела, а да не го прокоментирам! Соооууу... Паметен и знае дека е паметен. Посебен и знае дека е посебен. Секогаш со долги и квалитетни мислења во кои ретко кога остава простор некој да го цитира или да му каже дека греши. Секој збор го објаснува со реченица, смао за да се види колку е во право и да нема никакви заблуди. Сигурен во себе, што секако е позитивна особина. Свесен за своите квалитети, супер особина. Само што понекогаш, ако некој воопшто се осмели да каже дека не си во право, стануваш малку злобен и знаеш да го исмееш малку тој член. Нешто како, јас сум паметен и секогаш во право, а тебе штотуку ти докажав дека си тапа. Не смеам да го критикувам тоа, затоа што и јас сум таква, али ајде ќе кажам дека не е убаво така. Хмм лично не те знам многу добро, али мислам дека си многу добар пријател, верен и искрен. Исто колку што си лош и незгоден непријател. Ако некој ти смета, или напише нешто глупаво не би издржал, а да не му кажеш и по малку, ама малку да го исмееш. Значи си праведен и суров, а нежен само со мал број персони кои вистински ти значат и ги сакаш. Друго не би знаела да кажам... па верувам дека ќе ме поправиш ако сум згрешила некаде:smir:
 
Taпа си Реактив...:) Еве јас ќе те анализирам, од овие неколку постови.

За себе знаеш дека си добар френд, сакаш пријателства, ги цениш и ги чуваш. Сакаш да им помагаш на милите ти луѓе, да ги делиш нивните проблеми и маки за да се помали - се до моментот кога ќе помислиш дека токму ти си одговорот на мечтите, спрејот за бубачките во глава на саканите ти пријатели и ќе имаш интерес општењето со дотичните луѓе да го продолжиш на друго ниво.

Голташ што ти сервираат. Често, се плашиш од оброкот - ама ќе го кркнеш, сеедно.

:smir: Сакаш да им го направиш денот поубав на луѓето, и тоа е океј. Донекаде.

Ете.... :)

п.с. Дотична... Doo meeh!!!!


Точно ти е она чување на пријателство, започнување на пријателство и да сум тука за сите, но не ми се сфиѓа она другото дека јас сум бил одговорот на мечтите???? хааааа ти се молам, јас не сум некој си тип кој што може да искористува само т.е. да ја искористува можноста па да биде со некоја или како што ти го велиш тоа да тргнам на повисоко ниво, тоа нејќам, не сум таков тип... и можда тоа го заклучи од тоа што сум со секој добар и што добро приоѓам кон сите и сакам да помогнам, но знај тоа не е така, зашто тоа што приоѓам и сакам да помогнам е поради една причина, а ти ме потсети на таа причина и ме повреди.... ете гледаш сеа зашто нејќам да анализирам некој кој што не го познавам подобро, а?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom