Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Хепта сигурен си во оваа?
Како гласи целиот текст?
Дека секој, јас, ти, тој, таа, муслимани, христијани, будисти - сме луѓе! Не постои ништо друго освен човекот на Земјата.
Нема ништо повредно од човекот!
Ти дали си сигурен што ме прашуваш? :)

Нормално дека не е...он „само„ верува...:icon_lol:...и без „симболот„ од Телема.
Автоматски споено мислење:

...и мене ми е се‘ едно тоа што Телема е новоеонско-староеонска препакувана доктрина...

Туку, дај просветли ме/не‘ нас „заостатанатите„ во „стариот еон„, што ново нуди Телема за родот човечки?

Стариот Завет вели дека „..ништо ново нема под Сонцето....„, а во новозаветниве времиња велиме дека саде 2 работи се нови:
- овоплотувањето на Синот Божји и
- основањето на Црквата Христова на Земјава.
И треба да ти е сеедно за Телема, ти си христијанин, како може поинаку... но тоа не значи дека не треба да имаш разбирање и толеранција кон оние кои се Телемити! Или муслимани или будисти... но не, ти мора да зборуваш како што си подучен, дека сето друго различно од твоето е зло, непотребо итн итн...
Ќе мора сеуште да зборуваме за христијанството дека е еврејска традиција додека не научите како со другите и да намали мирјанинот со сатанизирање на другоста... малку пракса со толерантност ајде :)

Ти да го разбираше стариот завет немаше да ти треба нов, ама ајде - твоја работа. Остави го „стариот завет“ на евреите, нивна работа е тоа, не христијанска...

Не може да те просветли човек! Колкупати сме рекле дека ние на нечиј пат сме патокази... само ти може да се просветлиш, од внатре, а не да чекаш симбол од надвор да те оправи и духовно и ментално!
Погрешно барање имаш, староеонско... не може да ти понудам просветлување. Но ако сакаш да дознаеш нешто повеќе има тука тема за Телема, а и има книги доволно и на нет, и во продавници - може да се запознаете со симболите, праксите и философијата на Телема.
Има доволно за старт :)

И тогаш можеби ќе имаш поголема толеранција кон другите и освен што нема да се заморуваш со Телема, нема ниту да се заморуваш што некој е Телемит и не сака и не се препознава во христијанството или ислам... и ќе имаш мирен сон и нема да си толку богоборец и ќе трчаш да го спасуваш христијанството и да ни докажуваш вака, христијански колку е јако тоа учење. :coffee:
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Како гласи целиот текст?
Дека секој, јас, ти, тој, таа, муслимани, христијани, будисти - сме луѓе! Не постои ништо друго освен човекот на Земјата.
Нема ништо повредно од човекот!
Ти дали си сигурен што ме прашуваш? :)
Пробувам да го глумам Соломон на млади години ама не ми оди никако,а тоа не значи дека треба да ми одговориш ко него на стари..(мала дигресија) п.с. хехехх
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.942
Поени од реакции
5.083

Поштеди ме од читање телемитска литература и прејди на битното...еве посочи 3 нешта кои се „ново под Соцнето„ на кои ниту еден ум до сега не се сетил...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Поштеди ме од читање телемитска литература и прејди на битното...еве посочи 3 нешта кои се „ново под Соцнето„ на кои ниту еден ум до сега не се сетил...
Не знам колку знаеш што се има под Сонцето, нашиот Татко... мислам дека ќе бидеш вџашен да знаеш барем 0.1% :)

Колку што знам освен што си закован во христијанството, другото ти е дека „се е сатанизам“ и дело на „старата змија“ која се споменува во еврејските мистерии, која за вас христијаните е сатаната и големото зло што ја скина Ева и Адам со едно гризнување!

Така да што и да ти кажам, бесцелно е - затоа книги Телемитски за да други што поминуваат од тука, ќе прочитаат и ќе знаат нешто поеќе...
А ако ти несакаш да читаш - ич да не читаш, ништо страшно...

Секој број е бескраен; нема разлика.
...
Зборот на Законот е Θελημα.
...
Зборот на Гревот е Ограничување.
...
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултат, секој пат е совршен.
...
Не менувај ја дури ниту формата на буквите; оти гледај! ти о пророку, нема да ги согледаш сите мистерии скриени во нив.
...
Запомнете сите вие дека постоењето е чиста радост; дека сите таги се само како сенки; тие поминуваат и завршуваат; но постои нешто што останува.
...
Ако Волјата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Волјата застанува и не прави ништо.
Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.
Исто така Разумот е лага; зашто постои чинител бесконечен и непознат; и сите нивни зборови се навидум мудри.
...
Но, надмини! надмини!
Стреми се секогаш кон повеќе! и ако си навистина мој – а во тоа не се сомневај, и ако си секогаш радосен! – смртта е круна на сѐ.
Ах! Ах! Смрт! Смрт! ти ќе копнееш по смртта. Смртта е забранета, о човеку, за тебе.“
- Книга на Законот, Поглавје I и II

P.S. Тука имаш една цела „Библија“ на што е ново под Сонцето, Нашиот Татко - што за тебе ќе биде протолкувано како „проклество“ и „крај на светот“ и „симболи за доаѓањето на Исус“. Жалам... но нема назад.
Автоматски споено мислење:

Пробувам да го глумам Соломон на млади години ама не ми оди никако,а тоа не значи дека треба да ми одговориш ко него на стари..(мала дигресија) п.с. хехехх
Не ти земам за зло, ја разбирам играта и форумот... добар си :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.942
Поени од реакции
5.083
Не знам колку знаеш што се има под Сонцето, нашиот Татко... мислам дека ќе бидеш вџашен да знаеш барем 0.1% :)

Колку што знам освен што си закован во христијанството, другото ти е дека „се е сатанизам“ и дело на „старата змија“ која се споменува во еврејските мистерии, која за вас христијаните е сатаната и големото зло што ја скина Ева и Адам со едно гризнување!

Така да што и да ти кажам, бесцелно е - затоа книги Телемитски за да други што поминуваат од тука, ќе прочитаат и ќе знаат нешто поеќе...
А ако ти несакаш да читаш - ич да не читаш, ништо страшно...

Секој број е бескраен; нема разлика.
...
Зборот на Законот е Θελημα.
...
Зборот на Гревот е Ограничување.
...
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултат, секој пат е совршен.
...
Не менувај ја дури ниту формата на буквите; оти гледај! ти о пророку, нема да ги согледаш сите мистерии скриени во нив.
...
Запомнете сите вие дека постоењето е чиста радост; дека сите таги се само како сенки; тие поминуваат и завршуваат; но постои нешто што останува.
...
Ако Волјата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Волјата застанува и не прави ништо.
Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.
Исто така Разумот е лага; зашто постои чинител бесконечен и непознат; и сите нивни зборови се навидум мудри.
...
Но, надмини! надмини!
Стреми се секогаш кон повеќе! и ако си навистина мој – а во тоа не се сомневај, и ако си секогаш радосен! – смртта е круна на сѐ.
Ах! Ах! Смрт! Смрт! ти ќе копнееш по смртта. Смртта е забранета, о човеку, за тебе.“
- Книга на Законот, Поглавје I и II

P.S. Тука имаш една цела „Библија“ на што е ново под Сонцето, Нашиот Татко - што за тебе ќе биде протолкувано како „проклество“ и „крај на светот“ и „симболи за доаѓањето на Исус“. Жалам... но нема назад.
Уааааааууу!...

‘Воа наликуе на поезија за струшките ручоци на поезијата...мислим. ‘А пишуел поет или од Уганда или од Бурунди.

Збирка од апстракции, кои ништо конкретно не кажуваат, уште помалку чинат дела. Вакви „философии„ се изнаслушавме и од нив, практичниот ефект е едно обично „ништо„.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Уааааааууу!...

‘Воа наликуе на поезија за струшките ручоци на поезијата...мислим. ‘А пишуел поет или од Уганда или од Бурунди.

Збирка од апстракции, кои ништо конкретно не кажуваат, уште помалку чинат дела. Вакви „философии„ се изнаслушавме и од нив, практичниот ефект е едно обично „ништо„.
Ти не си повикан да ги согледаш туѓите дела, посебно кога твојот универзум по ништо не се поклопува со туѓите универзуми и искуства по ниту една основа... треба да се грижиш само за своите дела и мисли... бидејќи ќе бидеш суден и по делата но и по зборовите (мислите) :coffee: Така работи карма јога, така работи и богот кај христијаните.
Остави ти како ги разбираш нештата, искуството ти е мало... гледај си молитвата и постот - и се ќе си дојде како што треба во светот.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Види, вие верувате на рекла-казала текстови или преданија кои секакви ојљевци-дојљевце си објавувале највистински вистини и си ги филувале во слободен стил или да им одговараат на сопствените предрасуди или на царштините, на властите. Верувате, и со тоа очекувате некакви си награди на овој или таму некаков си друг свет.
Ќе го земам од помодерниве Кроули за пример. Што треба јас сега, да му верувам на збор за се што кажал или напишал? Да бидам верник? Од кај да знам дека не рендал печурки во хашишот или дека си измислува, ете така, си имал дарба да си фантазира и фантазиите да ги преточи во пишан збор. Па и самиот тој повикува внимателно и со сомнеж да се пристапува кон материјата, кон него.

Види вака.
Ние (окултизмот) обожуваме, и се трудиме да ги надминеме овоземските карактерни, душевни недостатоци, како би биле достојни да бидеме вистински следбеници (служители) на Највисокото. Еве и Господ нека се вика и Алах и како сакаш, небитно. Без никакви награди, очекувања или некакви страсти за какви било резултати, туку поради Љубовта во нашите срца што се појавила кон Него, безусловна и чиста како утринска роса...

И секако, треба да се напомене фактот дека ако некој си се замислува дека е окултист, или пробал да заплива во тие свети води, не значи дека по дифолт е и саглам човек и со чисти намери. Има и таму свакакви кои си мислат дека ќе се испазарат со Светаја Светих како вие што се пазарите ама се ,,џишнале" порано или подоцна. Да ги злоупотребат т.н. Свети Мистерии и да го извалкаат името на окултното. ОН ти гледа во срцето! А таму нема место за тезги, за галамџии, трговци и лицемерија.

Духовното не е пазар како што си го замислувате, на каков се надевате и во каков што безусловно верувате.

Е така некако де, како така да ми се чини...
Вие,тие,ние во старт го патосира духовното.
Сакајќи да ги надминете овоземските душевни карактеристики ,станавте малодушни,поделени на вие и тие.

Па духовно,вие со тие ќе се докажувате или правдате кој е повеќе малодушен т.с. е воден по патот од срцето со повеќе Љубов.

До кога "јас" или "ние" ќе преовладува во изборот?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.530
Вие,тие,ние во старт го патосира духовното.
Сакајќи да ги надминете овоземските душевни карактеристики ,станавте малодушни,поделени на вие и тие.

Па духовно,вие со тие ќе се докажувате или правдате кој е повеќе малодушен т.с. е воден по патот од срцето со повеќе Љубов.

До кога "јас" или "ние" ќе преовладува во изборот?
Вие, тие или ние е неизбежен факт на дуалноста како некаква космичка, или ајде, духовна манифестација. Верувам дека постојат повеќе нивоа на комуникација и колку можам се трудам да се прилагодам според дадената во одреден даден момент и секако, колку што е можно да комуницирам на што е можно покултурно ниво.
Не знам ти како си ја замислуваш комуникацијата поинаку. Можеби си мислел нешто друго а јас можда и погрешно сум те сфатил, сешто бидува.

Мислам дека бев јасен кога ги поставив моите гледишта, кои, секако, не мора да бидат вистинити а тоа кој како се почувствувал не гледам како би било мој проблем, јас немам и не сакам да имам контрола врз туѓите емоции.

Ако морав да речам ,,Јас" или ,,Другите"?
Ако некаде грешам, се извинувам од срце и би сакал да научам кој е вистинскиот начин ако не е тајна. Ако знаеш, научи ме...
 
Последно уредено:

Акцентот е на поделбите,односно присвојните заменки.
Ако веќе се обработува некоја тема од духовното,разбирливо е одредени доминации да се повикуваат на колективното мнение.
Нели, религиозните на бог,а окултното на јас кој во спрега со другите јас делуваат во тој заеднички систем.

Сепак зборуваме за духовни теми,
духовното не се препознава себеси,затоа е поделено и разделено на разнилични делови во кој "јас" тежнее на припадност.

А одкако направи избор "јас" во одредена група,својот опстанок се темели на напади и докажувања со спротивниот табор.И така до недоглед.

Затоа прашав,до кога "јас" ќе преовладува во изборот?

Ако тежнее "јас" кон духовното,треба да се изгуби себеси како би го осознал духовното,односно би бил едно.(како сакаш наречи го тоа),а не да го зацврствува своето "јас" во изборот кој го направил.

Ќе дадам невкусна компарација.
Една од најтешките "операции" е да го извадиш бог од главата на верник,"јас" од главата на окултист и к*р од главата на жена.

Извинете ако "јас" се почуствува навреден,ама многу го дрвите.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Акцентот е на поделбите,односно присвојните заменки.
Ако веќе се обработува некоја тема од духовното,разбирливо е одредени доминации да се повикуваат на колективното мнение.
Нели, религиозните на бог,а окултното на јас кој во спрега со другите јас делуваат во тој заеднички систем.

Сепак зборуваме за духовни теми,
духовното не се препознава себеси,затоа е поделено и разделено на разнилични делови во кој "јас" тежнее на припадност.
Не ги лажи луѓето со тоа „духовни теми“. Голема работа ако се духовни теми...
Духовни бре... сето тоа на крст и нека гори во вечниот оган на искуството! Ниту теми ќе ви се најдат, ниту чувства, ниту духовни, ниту ништо...

„Јас ве поттикнувам да не се откажувате од вашите сладострасни патишта, од вашата мрзливост, од вашите лудории.
И јас ви носам радост за вашето задоволство, мир за вашата истоштеност, мудрост за Вашата лудост.
Сè што правите е правилно, ако вие уживате во тоа.
Јас додјов против тагата, против заморот, против оние кои бараат да ве поробат.“
- צ – Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus sub figurâ XC

Од друга страна дури и евреит е ја делат „душата“ на делови од кои „јас“ е во делот на Руах! И руах е задолжен за правилно и добро комуницирање со другите!
Тоа што е над Руах, не се расправа по народот и не се забегува!
Ако не занеш ништо од овие симболи, барај на нет - ќе ти биде јасно... и нема да се заморуваш за „јас“ толку многу...

Болката кај тебе е одсекогаш да се избегне припадноста (поточно хиерархијата, затоа и не знаеш да призиваш богот во кој се толку надеваш дека ќе те спаси) и тоа затоа што ние упорно ти велиме христијанин бидјеќи си врзан со папочна врска за христијанската Библија, а ти за да не бидеш сметан за христијански секташ од страна на било кој друг христијанин, си разви доктрина за да си го оправдаш верувањето, но и омразата кон христијанството.

Ниту богот сам по себе не се препознава и затоа ја измисли дуалноста - за да може да се спроедува со се останато на Земјата, под Змијата.
И сега насекаде расправаш вакви муабети кои се апсолутно неточни и не важат за луѓето и нивните патишта....

Сите знаеме за растопување на егото, губење на поделеноста итн итн - сме ги читале книгите, но никој не покажал јавно во муабет посебно колку тој е „едно со боговите“. Заборавате дека „каде што сум јас, нема бог“, да не ви цитирам од која книга е ова... откријте сами што е тоа „јас“ и зошто нема богови :)
Кога зборуваш со мноштвото, „јас“ е битно нешто - посебно истренирано „јас“... без страст за резултат итн итн...

Од друга страна окултното значи скриено, така да сигурно членот погоре не зборува апсолутно се што знае и што разбира, бидејќи - некој друг тука на форумов нема потреба да има спознание кое што го има некој друг... :)

Е сега имаме тука „пророци“ и „луѓе родени да ни ја кажат вистината на Кајгана“ - тие поеќе зборуваат и толкуваат свети книги, знаеш - нивното јас има големо искуство со Библијата и зборуваат со богот кој што никој не го видел освен нивното јас :)
Ги знаеш таквите заболени умови кои бегаат од реалноста дека без пракса и магика, залудно е секое духовно патување и ги води во амбис?
Ги знаеш таквите? Ако ги знаеш, потсети ги околу овие работи...

„Запамети дека неурамнотежената сила е зло;
дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото.
Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој. “
- Книгата на Рамнотежа

За луѓе кои имаат мака со рамнотежата - имаат проблем и со јас и талкаат во мрак и влечат со нив други во мракот и плукаат на „јас“ бидејќи не знаат како да го култивираат и тренираат!

„Мора да се надминуваат „духовни пречки кои го примаат своето постоење од Бог само на надворешен, наместо внатрешен начин.“
За Клифотот

Дали се разбираме?
Не може ти да знаеш на форумов „јас“ што и да ви значи тоа дали се изгубило кај некој или до кај е по патиштата низ бесконечноста на Нуит, дали воопшто треба да се губи или да се култивира и да надминува... читате сешто по нет од истокот и после - кумата е крива за името на детето! И доаѓате и ајдее подучуваат момците :) Де бре, оставете малку жените да проповедаат, се мажи на тронот качени и глумат лудило: јас, јас, јас - ете јас ќе ви кажам! :)

Дајте малку не се плашете од тоа „јас“ - дури и да е ѕвер, ако не знае да се смири и контролира, ќе го убиеме! Не може да дозволиме на ѕвер да го уништува човекот, нели?

„Тенденција на егото целосно да се поистовети со Фаталната Слика е огромна бидејќи тоа е природен процес инхерентен за инкарнацијата.“
- קליפות За Клифот

Ете духовно малку, така... со јас, со единство итн итн
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ништо духовно нема, туку "мирис" на нечија душа која пробала да го допре духовното.
И при тоа немал сила да одбие зборовите да не ги пренесе на хартија, па оставил "мирис" на едно неуспешно духовно соединување по кое одредени "јас" ќе се бараат себеси под превезот на човечноста.

Но, колку и да се опишува духовното, толку повеќе се здрвува вашето "јас", нудејќи цитати дека тоа е јасно напишано...пусти зборови кој ги скокоткаат вашите уши, како ревни верници кој се тешат себеси дека одбрале вера која е нивна светлина.

За жал, зборовите го фаќаат "јас" да ја игра улогата на подвижна книга која ќе ја шири "миризбата" на нечии туѓ духовен допир.

Знаете ли сопствен "бунар" да ископате или не?

Не нели, мора да постојат ние, тие, вие, оние во стар еон, ние во нов еон...евреи, христијани, македонци,албанци, будисти и милион други поделби по различни основи.

Едно е да користиш цитати кој го прикажуваат духовното,а друго е да си во него и тоа во тебе.
Затоа ставив акцент на присвојните заменки кој цвсто ставаат граница на одредена религија или филозофија, а со таква поделеност се губи духовното.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Неточно. Се плашиш од авторитети и затоа само Библијата ја цитираш а и таа пустата - книга да ти било... ама да, од пророци пишувана ќе ми кажеш... тоа така бидејќи мразиш да учиш историја и за човештвото, за да знаеш како нештата се тркалаат за да дојдеме до тука, и што понатаму од сега :)
И тоа е добро, за тебе - мирен си и раат...

Кога зборуваш со луѓето, мора да користиш цитати, слики, и куп други патокази за да опфатиш шо се мислиш со неколкуте реченици тука... бидејќи едно та исто се предава од исток до запад, и од памтивек до сега - се менува човештвото и искуството. Тоа што мноштвото заборава и се губи по патеките, така било одсекогаш...
Твоите зборови како „духовно“, „јас“, „бунар“ итн итн може за мене да значат толку многу различни нешта... затоа цитати од каде ова и зошто.

Не се губи духовното. Тоа „духовно“ е многу глуп збор што се користи. Исто така кога зборуваат луѓето за „натприродно“ ! Не постои ништо што е надвор од универзумот... може само да е збунувачко за човек без искуство.
Во „духовното“ се кријат само измамници и кукавици кои виделе нешто, се преплашиле дека има многу труд и совладување - и останале на тоа - духовното е таква тема што... и тука не се кажува ништо... само се прераскажува...
Никој од нив не вели ете ти пракса, туку објаснува за светите книги што сакале да кажат!
Абе ајде...

Зборувај за искуство, духовни теми се за религиозни луѓе кои не сакаат пракса и уживаат да дрдорат што прочитале во светите книги, а ниту еднаш не запалиле кандило, ниту еднаш не паднале на коленици да обожуваат 24 часа, не седнале да призиваат било кој бог и да заборават на себе си...
Сето им е на сон и што им дошло во умот, Руах... неистренираното „јас“ што мисли за ова или она... каде е искуството?
Боговите ви се смилуваат и ви кажуваат пораки? Немојте со тие проклети муабети ... оставете го тоа на лудите, и на уште полудите што ќе им поверуваат на таквите!

Иискуството како потенцијал лежи во секој човек, Хадит е во срцето на секој човек, пламенот што гори... сечие „јас“ (кое што е врзано со другите преку невидливи нишки, за ова може да ги консултираш разните митологии) да се разбуди и да почне да ровари и пребарува, да призива и да разбира... книгите и мајсторите кои го оделе тој пат, помагаат аџиите да не загинат по патот или да се откажат заради неправилно користење на симболите и праксите... и да се откажат!
Не треба да се гледаат како препрека... туку како патокази - толку. Но само ако сте го надминале делот со „верник“. Инаку ништо не правите...

Бидејќи од човештвото доаѓаат и мудреци и пророци и богови и спасители - се е од човекот! Но, со работа...

Искуството е врзано со секој човек, со секое „јас“ што го вели човекот... затоа и „јас сум патот“ и вие трчате Исус па Исус така рекол...
Еми ете ви библијата и следете ги тие патеки и видете до кај ќе дотуркате... времето ќе покаже.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Искуството е врзано со секој човек, со секое „јас“ што го вели човекот... затоа и „јас сум патот“ и вие трчате Исус па Исус така рекол...
Еми ете ви библијата и следете ги тие патеки и видете до кај ќе дотуркате... времето ќе покаже.
Не можам да ти го најдам постот кој го пишуваше за време на короната во тема за вирусот,ама вилицата ти се тресела додека си го пишувал.
Лесно е во мирно време да ни продаваш пуфки, пробај додека стоиш на јаже врз провалија да оптегнеш стрела и да погодиш во целта.
Се гледаме над провалијата!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Не можам да ти го најдам постот кој го пишуваше за време на короната во тема за вирусот,ама вилицата ти се тресела додека си го пишувал.
Лесно е во мирно време да ни продаваш пуфки, пробај додека стоиш на јаже врз провалија да оптегнеш стрела и да погодиш во целта.
Се гледаме над провалијата!
Кажи што бараш јас ќе ти го најдам,; па ќе ти толкувам што сакал да каже авторот, да видиш како нема да се сложиш со толкувањето :)

Ма секако се гледаме и низ град, што ти треба провалија - што и да ти значи тоа... :)
Кој му е за да виси на јаже - слободно, ако тоа мисли дека е храброст. :coffee: Повеќе е циркуски перформанс ова што ти го зборуваш како храброст... лакови стрели јажиња...

Значи зборување сешто за „јас“ колку е его трип и слични глупости, а кога ќе читнете во света книга „јас сум патот“ и сите блажени и сфе разбирате...
Хаос :)
Реков од верници пракса тешко да добие човек, ама упорно зборуваме за тоа... да се избие тој филм „ова се духовни теми“ као демек не постои тест не постои пракса не постои ништо, може да „толкуваме“ свети книги секому и секаде...
Не, не можете... тоа ви навлекува проклество и упорни сте во истото.

А со која цел толкувате свети книги на други?
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Видиш,една обична парабола за стоење на јаже,иако ја разбра,продолжуваш со исмејување,хранејќи си го егото.
Ќе се наситиш некогаш?
Еднаш да прочитам од тебе таков пост,може?

Со која цел ти го следиш кажаното "прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон?

Нема закон над тоа уште помалку проклетство кое би го навлекол на себе!

А со која цел толкувате свети книги на други?
Така ми е волја!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom