И сега....која е смислата и целта од покајанието, ако тоа покајание е изведено „онака„ и без „религиозна церемонија„?...Болдираното е доволно, докажува дека сеуште има нешто благородно во човека и тука нема потреба од некаква религиозна церемонија наречена покајување. Исто е. Каејќи се по дифолт се покајуваш а најважното е дека треба да се потруди човек да не се доведува во ситуации премногу често да се кае. Тоа дека си се покајал церемонијално ништо не значи ако не се трудиш да станеш побогоугоден, да речиме, побогоугоден или еве, поблагороден човек отколку што си бил претходно ама тоа знае да биде напорно, па така, на повеќето полесно им е да си завршат работа т.е. да се покаат официјално и да си бидат раат, Богу - мили. Затоа велам дека е лицемерно и ниско. Можеби кај тебе тоа не е случај, можда си ти другчии од других, ама кај повеќето тоа не е случај. Како викаше Ѓорѓија во една приказна ко го обвинија дека ги украл парите од Кадијата: ,,појди во црква и посматрај, тој што најдлабоко се клања и се крсти - тој е арамијата." Прикаските не се во еден ден измислени, тоа е социјална историја, заклучоци оформени од многугодишни пријатни или непријатни искуства, извлечени од мегусебната интеракција на карактери, па од таму и стереотипи, во различни сфери на човечкото битисување.
То е.
Еве за пример ги земам протестаните, кои сметаат дека се покајале па дури и дека Бог им ги простил гревовите-ама не знаеме „како„.
Како де? Покајание во себе, пред огледало, на ливада, на врв на планина?...