Силата на Покајанието

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.868
Поени од реакции
4.997
И која е целта на постоењето која ја дава религијата?
А која религија е во прашање? Различни религии имаат различни видувања на исти теми и прашања...
 
Член од
23 август 2024
Мислења
387
Поени од реакции
742
А која религија е во прашање? Различни религии имаат различни видувања на исти теми и прашања...
Тој што го прашав се изјаснува како христијанин, очигледно за таа религија прашувам. Логика, а?
 
Член од
23 август 2024
Мислења
387
Поени од реакции
742
Ставре, не е лошо да се покаеш со време. Господ е голем, ќе ти прости за сите гревови ако го прифатиш. Вака со терање инает само горење у вечна ти останува. Таман мислиш си се спасил и ѓаолот те става пак у котелот.
Доста бе, токмак.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.043
Поени од реакции
9.374
Ставре, не е лошо да се покаеш со време. Господ е голем, ќе ти прости за сите гревови ако го прифатиш. Вака со терање инает само горење у вечна ти останува. Таман мислиш си се спасил и ѓаолот те става пак у котелот.
Интересно е ова малку да се проанализира од аспект на супстанции од кои се направени овие објекти, Бог, котелот, течноста и тој што се крчка.
Како настанала супстанцијата на сите овие ствари?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.441
И која е целта на постоењето која ја дава религијата?
Нема да ти значи одговорот на тоа прашање затоа што си атеист, не е една цел туку повеќе во зависост од личност до личност па така кај мене целта е да го живеам животот кој ми преостанува како едно уметничко дело, прекрасно полно со топлина и љубов, со семејството па и со остали во моја орбита.
Сега некој ќе рече нема потреба од Бог за тоа, но кај мене и тоа како имаше потреба. Уметноста на секојдневното живеење да се претвори во феноменална авантура, најбаналните работи да бидат интересни и никогаш во рамките на семејство и друга орбита не е досадно со мене. Никогаш не сум досаден и тоа ми е можеби најголема победа во животот, нит сум досаден себеси ниту на други.

На крајот од сите краеви, сè што е поврзано со стравот како основен двигател се сведува на ова:
Прегледај го приврзокот 434159

Каењето/покајувањето, основата на истото, ако е искрено би било придвижено од СРАМОТ за (не)делото а не од СТРАВОТ од казна. Ако е од второто, тогаш тоа би било лицемерие и ништо друго.
А јака финта е. Правиш глупости, се покајуваш и мирно спиеш т.е. ,,и курац у дупе, и душу у рај", односно ,, куртие - двортие." И повторно, и повторно и така натаму повторно. Разработена шема нема што. Финтаипол шо би се рекло...
Ама чекај сеа нели веќе објаснивме дека каење и покајание не е исто. Нормално дека има и срам и све по ред како мотивација за покајание, зависно од особа до особа, можеби каењето е иницијална каписла за да се дојде до покајание, нема ништо лицемерно, буквално ништо. Не верувам дека некој се покајува поради страв од казна, не оди тоа така.

Go resava. Kako se razviva naukata se poocigledno e deka cel Univerzum i nam poznatiot ziv svet na planetata Zemja e proizvod na intelegenten kreator a ne na random desavki pod odredeni uslovi. Prasanjata od tipot koj go kreiral kreatorot, se nadvor od nasiot domen na spoznanie.
Можеби универзумот е вечен и постоел отсекогаш, нема почеток и нема крај. Астрофизиката досега многу пати ја менуваше бројката на неговата големина (видливиот универзум) па сега имаме 13,8 милијарди години старост после биг бенгот. Големината пак забега накај 100 милијарди светлосни години, откако јас пратам тие ствари се наголеми едно 5-6 пати од 18 до 100+.
Бог е надвор од темпоралните пресметки кои ние како бедни црви се обидуваме да ги појмиме за нас сеуште непојмливите работи.
Интересно што биг бенгот прв го опишал еден свештеник Де Жарден во Франција :)

И јас увидов дека постои креатор, творец на светот и тоа после неколку на прв поглед сосема обични ситуации комбинирани со извесни ствари за кои не смеам да пишувам на форум :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Концептот за карма е лесно да се разбере, поврзан е уствари со слободната волја или судбина, кој како сака нека го земе. Слободна волја не постои и ние сме спектатори у целава игра.
Дарма е уствари она што е тешко да се разбере и како што викаш кој би можел да му долови на некој слеп зелена боја.
Ќе направам една аналогија, да речеме спиеш и сонуваш...се додека си несвесен дека сонуваш и го доживуваш сонот како реалност тоа е карма а ако станеш свесен дека е сон тогаш тоа е дарма. Тоа е така упростено кажано.
Не ми делува тоа баш како карма ама ок, секој си ја замислува некако поинаку.
Мене најблиску до идејата за карма, некако како најприфатлива ми е идејата за причина и последица, акција и реакција, односно како некаков флексибилен континуитет што се случува тековно и не почекува за да ти одржува лекции некогаш понатаму, туку едноставно ние не сме кадарни да пресметаме за одредени делувања т.е како тие ќе се развиваат и какви резултати ќе се изродат. Или што би рекол Гандалф: ,, дури ни ние Визардите ме можеме да ги видиме сите краеви." Не сум сигурен дека тоа е така како што ми се чини и дека тоа да ќе е карма, ама еве мене оваа теза како да ми е најблиску и најприфатлива. Како велеше Ѓорѓија Царот наш, нека му е лесне земја: ,,со каква мерка мериш, со таква и ќе ти мерат", само што никој ништо не ни мери, сами сме си мерачи, кадии, тужители, обвинети и егзекутори подложни на законот: да го жнееш тоа што си го посеал. Или барем во идните сеидби да изброиш до десет пред да се расфрлаш со семиња.
Така нешто.
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.032
Поени од реакции
2.463
И јас увидов дека постои креатор, творец на светот и тоа после неколку на прв поглед сосема обични ситуации комбинирани со извесни ствари за кои не смеам да пишувам на форум :)
Ova bar mene mi e interesno za muabet... dali ti se desi pokajanie otkako stana vernik? Kako gledashe na zivotot pred toa.. vo smisol na posledici od delata?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
Член од
23 август 2024
Мислења
387
Поени од реакции
742
Нема да ти значи одговорот на тоа прашање затоа што си атеист, не е една цел туку повеќе во зависост од личност до личност па така кај мене целта е да го живеам животот кој ми преостанува како едно уметничко дело, прекрасно полно со топлина и љубов, со семејството па и со остали во моја орбита.
Сега некој ќе рече нема потреба од Бог за тоа, но кај мене и тоа како имаше потреба. Уметноста на секојдневното живеење да се претвори во феноменална авантура, најбаналните работи да бидат интересни и никогаш во рамките на семејство и друга орбита не е досадно со мене. Никогаш не сум досаден и тоа ми е можеби најголема победа во животот, нит сум досаден себеси ниту на други.
И каква врска има ова што го напиша со Бог? Буквално секој атеист се стреми кон истото, да има исполнет живот.

Инаку, сум го приметил често овој феномен кај верниците. Сите велат дека вербата во Бог им дава смисла во животот, но не знаат да објаснат како се тие две работи поврзани.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.441
Ova bar mene mi e interesno za muabet... dali ti se desi pokajanie otkako stana vernik? Kako gledashe na zivotot pred toa.. vo smisol na posledici od delata?
Не сум сигурен дека таков муабет се прави на јавен форум, може по приватни пораки или така нешто. Покајанието беше кога бев во транзициона фаза од агностицизам кон Верата, тоа беше првиот пат а оттогаш до денес имаше и други покајувања. Тоа е што можам да кажам вака на форум.

И каква врска има ова што го напиша со Бог? Буквално секој атеист се стреми кон истото, да има исполнет живот.

Инаку, сум го приметил често овој феномен кај верниците. Сите велат дека вербата во Бог им дава смисла во животот, но не знаат да објаснат како се тие две работи поврзани.
Познавам атеисти и агностици кои воопшто не се стремат кон истото ама ок тоа се анегдотални докази.Се додека измамувам насмевка на лицето на најблиските и ја имам нивната искрена љубов сметам дека сум даруван со божјата милост.
Смислата не доаѓа во вакуум, значи има претходен живот во кој можеби се правени гревови, мотивите се различни.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
387
Поени од реакции
742
Познавам атеисти и агностици кои воопшто не се стремат кон истото ама ок тоа се анегдотални докази.Се додека измамувам насмевка на лицето на најблиските и ја имам нивната искрена љубов сметам дека сум даруван со божјата милост.
Смислата не доаѓа во вакуум, значи има претходен живот во кој можеби се правени гревови, мотивите се различни.
Се супер, но повторно не можеш да воспоставиш логичка врска помеѓу вербата бо Бог и смислата на постоењето. Насмевка на лицето измамуваше и Џорџ Карлин.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Ама чекај сеа нели веќе објаснивме дека каење и покајание не е исто. Нормално дека има и срам и све по ред како мотивација за покајание, зависно од особа до особа, можеби каењето е иницијална каписла за да се дојде до покајание, нема ништо лицемерно, буквално ништо. Не верувам дека некој се покајува поради страв од казна, не оди тоа така.
Болдираното е доволно, докажува дека сеуште има нешто благородно во човека и тука нема потреба од некаква религиозна церемонија наречена покајување. Исто е. Каејќи се по дифолт се покајуваш а најважното е дека треба да се потруди човек да не се доведува во ситуации премногу често да се кае. Тоа дека си се покајал церемонијално ништо не значи ако не се трудиш да станеш побогоугоден, да речиме, побогоугоден или еве, поблагороден човек отколку што си бил претходно ама тоа знае да биде напорно, па така, на повеќето полесно им е да си завршат работа т.е. да се покаат официјално и да си бидат раат, Богу - мили. Затоа велам дека е лицемерно и ниско. Можеби кај тебе тоа не е случај, можда си ти другчии од других, ама кај повеќето тоа не е случај. Како викаше Ѓорѓија во една приказна ко го обвинија дека ги украл парите од Кадијата: ,,појди во црква и посматрај, тој што најдлабоко се клања и се крсти - тој е арамијата." Прикаските не се во еден ден измислени, тоа е социјална историја, заклучоци оформени од многугодишни пријатни или непријатни искуства, извлечени од мегусебната интеракција на карактери, па од таму и стереотипи, во различни сфери на човечкото битисување.
То е.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.264
Поени од реакции
8.612
Познавам атеисти и агностици кои воопшто не се стремат кон истото ама ок тоа се анегдотални докази.
Како не се стремат не разбирам? Кај сите луѓе функционира тој нагон за преживување и следствено некоја човечка себичност да се приграбат до повеќе средства и да живеат поудобно. Ако познаниците не се стремат кон ова, веројатно се работи за некоја психолошка состојба (депресија, итн., без обид да навредам, да потенцирам) или, не знам, припадност кон некоја идеологија.

Нивното нестремење сигурно не е последица на невербата, Атеизмот не постулира ништо, само одбива постоење на Бог.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.441
Се супер, но повторно не можеш да воспоставиш логичка врска помеѓу вербата бо Бог и смислата на постоењето. Насмевка на лицето измамуваше и Џорџ Карлин.
Можам затоа што знам каков бев некогаш, значи пред да го прифатам Спасителот и каков постанав откако го прифативм откако се покајав и добив поинаква перспектива. Тоа е различно за секој еден верник, секој си има своја прича. Карлин беше богоугоден атеист :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom