Јас еве, баш до овој пресветол момент, не сум сретнал луѓе кои суштински, елементарно го разбрае концептот на идејата за т.н. ,,карма", а кои толку самоуверено и вообразено се повикувале на таа Величенствена Боженственост и кои премногу често ја користеле таа Возвишена апстракција а да не ја свеле на ниво кое им одговарало на нивните суеверија, персонални стравови и предрасуди, па си ја обликувале според сопствените желби и потреби.
Сум сретнал овде-онде некакви интересни навестувања, но побогу, кој е тој супер-јунак зауздан со строгите правила на перцепцијата на материјалниот т.н. "meatbrain" кој би можел да им ја долови зелената боја на слеп човек, или звукот на виолината на тој што е лишен од сетилото за слух, кој?!
Сите сакаме да бидеме суперкул духовни мудреци или некакви изабрани мистици што се расфрлаат со теории и се повикуваат на вакви или онакви авторитети, ама Чорба (нека му е лесна земја) поентираше кога рече: ,,теоретски Љубав лепо звучи, малчице је друкчија у пракси, много тога још увек се учи..."